Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата macgowan
  • Време на започнување Време на започнување
Прекрасна земја, едноставно препорачувам кој има можност да појде обавезно. Само единствено што не ми се допадна е што народот е малце нападен и досаден, добро сега не можам да зборам генерално за цела Турција, ама воглавно таков им е менталитетот, од продавачите не можеш да се откачиш за жива глава!
 
Нападни се таму каде што има туристи=пари,значи најфреквентните,најпосетени туристички места.

Начинот на пристап - нападноста е различна од регион до регион.И Шпанија има `нападни` и Италија,Грција-секој на свој начин...На Крит па минатата година имаше скроз поинаков однос-ни црна ни бела-ама ич не се замараа со муштериите.Имав прочитано за тој табиет на тамошните локалци ама еве и лично го видов.
Ориенталните земји се друго.Турција е генерално тој пристапот,нешто слично како и во Египет,Тунис...пред продавници и пред ресторани имаш неколку души кои те `облетуваат` и ако не ти е мака да ги тантелиш,напред,гибај ги и ти.
Никаде,ама никаде по ресторани и барови во ТР немам налетано на елементарна нељубезност од домаќините и покрај буквално качување `на глава` на поединци од компанијата по едни пати.
Барем да не ти е мака да му оставиш некоја лира(макар со годините станав не толку расположен за тинтрање и ко`абитација на лице место),за разлика-ај да не одам оф топик ама морам да го напишам ова-од кај нашиот езерски туристички paradise lost каде еден келнер во х.Ривиера за викендов кога седнавме да вечераме со пријатели буквално не истера,да ти е мерак да го нашлакаш(...не можи одма има луѓе чекат одморете малце бе...-не беше охриѓанец тенеќето да не се навредат охтриѓани-само локацијата беше кај нив)оти му рековме одма да ги нарачаме барем пијачките кога го донесе менито по 10мин дремење).На секој му доаѓа преку глава некогаш,ок,ама аман...не трае кај нас `топ сезоната` од мај до октомври туку цеели 2 недели - многу ми се полоши таквите,наши `нападни во самоодбрана!`.
 
--- надополнето: Sep 8, 2011 7:09 AM ---
Понекоја моја слика од Истанбул,малку поинакви...

010bh.jpg

Кај Gulhane паркот

024xfa.jpg

Пред Сината џамија

015ecw.jpg

Сладоледџија на влезот пред Аја Софија*(се убаво ама дерат многу...3,5 евра)

031qe.jpg

Sirkeci железничка станица-последната станица на Ориент експрес(сега Музеј)

033uk.jpg

Galata мостот ноќе...тука се јади најубавиот сендвич со риба(balik ekmek) во Стамбол...

034an.jpg

Bogazici мостот преку Босфорот во далечините...
 

Во Турција сум бил неколку пати. Има што да се види. Е сега малце досаѓаат со тоа пред врата што чекаат и влечат муштерии, но така е во скоро секоја земја. Гледам тоа сите го спомнуваат :D. Мене повеќе ми се допаѓа азискиот дел. Е тоа што не ми се допаѓа е тоа што е скапо за наши стандарди. Глориа Ресорт не гледам дека некој го спомнал-немам зборови за тоа место!!! -Ефес, ПамукКале, пештери, плажи...
-Што друго да кажам, кој не бил му препорачувам да оди. Нема да зажали.
 
macgowan - фантастична тема.

Некој скоро да бил на одмор во Турција? Бев пред едно 4-5 години во Турција, 2 години по ред, еднаш во Кушадаси, еднаш во Ајвалик, беше одлично. Ама сега не знам каде е добро, па ако може некој да препорача нешто :)
 
macgowan - фантастична тема.

Некој скоро да бил на одмор во Турција? Бев пред едно 4-5 години во Турција, 2 години по ред, еднаш во Кушадаси, еднаш во Ајвалик, беше одлично. Ама сега не знам каде е добро, па ако може некој да препорача нешто :)

За препорачување има многу, stealth! Зависи од буџетот и како, со што би одел...
Ако имаш зорт од горештината, тогаш избегнувај го Анталискиот залив, барем во ударните месеци-јули и август. Би ти го препорачал Бодрум или Мармарис или пак Фетије,Олудениз каде бев летово, но за таму поретко се наоѓа аранжман преку агенција.
Пак велам, зависи како би го врвел одморот, на пример во хотел, аранжмански или би одел на своја рака.
 
Бидејќи најверојатно во парови би оделе единствени опции се или хотел или вила. Ме подзамисли за Бодрум или Мармарис... добри се?
 
Супер се! Меѓу нив би го одбрал Бодрум. Целото полуостровче е фантастично.
Има фантастични цени на вили, апартмани во околината на Бодрум(има и за Мармарис).
Пример:http://www.holidaylettings.co.uk/bodrum/ или http://www.homeaway.com/search/keywords:Turkey
Исто гледај и на tripadvisor, кај vacation rentals. Исто и http://www.alwaysonvacation.com/turkey-vacation-rentals/ntr.html
Има уште еден куп сајтови за рентање апартмани и вили ама мене најповеќе ми се најде холидејлетингс. Така бев минатата година.
 
Аранжманите за Турција поскапеа, Грција е за наш стандард
20.02.2012
Генерално, Грција останува и за нашиот пазар најатрактивна, бидејќи годинава цените за Турција, според стандардот во оваа држава, се за нијанса повисоки во однос на ланските, вели Мирче Пешевски од туристичката агенција "Савана"
A202C3E25442554C8B8F7DA67E7F8288.jpg
Грчките туристички агенции во последниве месеци интензивно контактираат со турските туроператори, нудејќи им специјални аранжмани за туристи од Турција со намалени цени за 50 до 70 проценти, објави турскиот весник Радикалл. Меѓу понудите на грчките агенции, пишува весникот, се и тие за викенд со две ноќевања во хотел со четири ѕвезди за 99 евра или еднонеделен одмор во хотел со пет ѕвезди за 300 до 400 евра. Претставник на турскиот туроператор Жоли турр за Радикалл изјавил дека неговата компанија нуди туристички аранжмани на грчките острови за кои еднонеделен одмор е поевтин од еднонеделен одмор во Анталија. Според овој туроператор агенцијата планира оваа година да продаде аранжмани на грчките острови на околу 7.500 турски туристи, што би било двојно повеќе во однос на лани.
Зголемениот интерес на Грците за привлекување на туристи од Турција бил претставен и на неодамна завршениот Саем за туризам во Истанбул, каде што присуствуваа и македонски туроператори и хотелиери.
- Оваа година имавме можност да се претставивме на Саемот во Истанбул, кој благодарение на организаторите не се претвори во панаѓур туку во деловни состаноци на кои успешно се претставија сите држави. Точно е дека Грција имаше поголема понуда, но генерално, тие имаат пракса да нудат рана продажба со големи дисконти кои за одредени групации хотели се движат и до 40 отсто пониски цени кои важат во текот на сезона. Генерално, Грција останува и за нашиот пазар најатрактивна, бидејќи годинава цените за Турција, според стандардот во оваа држава, се за нијанса повисоки во однос наланските. А грчките туроператори знаат да ги прилагодат цените адекватно на општата економска криза и нудат атрактивни цени за уплата на пример до 30 март, вели Мирче Пешевски од туристичката агенција Савана". И оваа агенција со години наназад нуди 20 отсто за рана продажба за аранжмани во Грција. Според Пешевски, ова се всушност најевтини и најатрактивни аранжмани кои најбрзо се продаваат.
 
Гореспомнатото е сосем точно, цените на хотелските аранжмани во Турција поскапуваат секоја година.
Но...сеуште е многу евтино и пристапливо изнајмувањето на апартмани, куќи, вили во ТР.
За тие цени за кои можеш да добиеш сместување во апартмански комплекси во Турција не можеш да добиеш во Грција или пак евентуално можеш да најдеш нешто но со неспоредливо понизок квалитет во самото сместување. Зборувам за комплетно опремени куќи, дуплекс, триплекс апартмани целосно климатизирани со нормални кревети(не грчките дрвени тавчетуристички канабиња, секоја чест на исклучоците), со суперопремени кујни со ТВ, ДВД и базени. Е тоа во Грција го плаќаш мноогу поскапо. Минатата година се отепав од барање во Грција да најдам нешто слично по квалитет и цена на она што се нуди во Турција(пази, 80% од сопствениците на тоа што се нуди се странци, претежно англичани и тие си ги опремуваат по нивен тертип). Не дека немаше, но беше многу поскапо. Односот квалитет/цена е сеуште на страна на Турција во тој поглед на понуда.
Видете го само тоа што се нуди на сајтовите што ги поставив погоре. Бев лани, видов и се уверив дека се е точно како во описот. Во Фетије, ќе го земам на пример, конкретно населбата се вика Calis beach, е „окупирана“ од Англичани и Германци кои ги накупиле тие недвижности уште кога „одеше господ по земја“ по багателни цени и сега еден период од годината бегаат од англиските дождови и магли на медитеранот останатото време ги рентаат. Не видов турчин освен вработените во продавниците во таа населба. Се е подредено за нив, имаа дури и неколку pork shop-ови со најубави производи од свинско! Квалитетот на сместувањето, безбедноста(имаат платено лица за одржување на комплексите кои се нонстоп ако затреба нешто при рака, тие и те пречекуваат и ти ги даваат клучевите од апартманите) е на многу високо ниво. Ова е идеално за поголеми семејства, повеќе семејства или поголема група луѓе воопшто, бидејќи изнајмувањето на цела една вила со 3 - 4 спални, со неколку купатила без никакво „туткање“ доаѓа за багателна цена кога ќе се подели. Имаше цели куќи топ опремени, на 500м од плажа, со базен за 500 евра неделно. Ако немаш твое возило си ренташ заеднички возило(тука можиш салам да се исценкаш) и ги делиш трошоците и можеш каде сакаш кога сакаш да одиш. Да не спомнувам дека цените во маркетите се како кај нас, па и по рестораните сеуште е поволно.

Сега му е мајката во Турција да се користи тој тип на сместување. Со воведување на евтини авионски линии може да се искомбинира такво летување.
Агенциите нудат хотели, чии цени рипнаа многу. А апартмански смештај како понуда да нудат за Турција како што нудат за Грција не ги интересира заради далечината.
Така да апсолутно ве окуражувам за тој начин на одмор во ТР. Ем има што да се види од страна историја, археологија, имаш приуштив рафтинг, параглајдинг и уште што не, морето е фантастично, времето знаеш дека нема да те зезни и облак нема да видиш дури си таму, цените се пристапливи за нас сеуште и луѓето се крајно пријателски настроени.
 
macgowan - а со цените како е? Мислам на основни продукти, благи работи, сокови, па ако знаеш нешто и за во ресторан. Фала однапред
 
Мене лично морето не ми се допаѓа во Турција. Можеби јужнот дел е подобар со подобри плажи но таму е +50.
 
macgowan - а со цените како е? Мислам на основни продукти, благи работи, сокови, па ако знаеш нешто и за во ресторан. Фала однапред
Цените во маркетите(Migros, Tansas, Carrefour и сл.) се исти како кај нас. Можеби нешто ќе најдеш за нијанса поскапо, нешто поефтино.
Рестораните како и во сите туристички места се со `набиени` цени, поготово на ударните места, но сепак има места каде пак се доста пониски. На пример, во Фетије имаше fish market со ресторани околу каде за 5-6 евра јадеш солидна порција свежа, од море извадена риба со гарнири и нафори! Истата таа риба неколку улици потаму, во налицкан ресторан е каде каде поскапа. Нормално има `оган` места, барови, ресторани каде еден коктел го наплаќаат астрономски или овошна салата за 4-ица 30 евра(во Алања пред неколку години...). Од светските `ланци`... pizza hut или domino`s или burger king кој го имаш насекаде цените се `европски`. Но сто метри потаму имаш пример фантастична `меана` со скара порција за 4-5 евра и голем ефес за 2 евра или риба+салата за 3 евра. Цените не се баш ниски, но како и секаде, треба разгледување.
Цените за изнајмување лежалки се од 2-3 евра за 2 лежалки и чадор па се до 8 евра за истото во Олудениз, во сината лагуна(каде се наплаќа на пример влез/паркинг кој е 6 евра за кола и четворица).
Бензинот е 1л=2евра безоловен.
Влезниците се со различна цена. Колку паметам памуккале, ефес или во музеите низ Кападокија беа од 5 до 10 евра по човек. Крстарењата со ручек се отприлика 20тина евра. Параглајдинг, тандем беше од 60 до 80 евра, пак треба ценкање-обавезно! Летање со балон над Кападокија нудат од 100 до 150 евра по лице(јас платив 110, со пазар оф корс) а за деца е цената напола.
--- надополнето: 5 март 2012 во 20:14 ---
Мене лично морето не ми се допаѓа во Турција. Можеби јужнот дел е подобар со подобри плажи но таму е +50.
Зависи каде си бил. Знам дека Турскиот егејски брег може непријатно да изненади, поготово посеверно. Појужно `надолу` е сосем друга приказна. Какви места видов летово:cuc: ...дури не бев не верував дека во ТР има таков склоп на плажа, море и околина воопшто.
 
Zdravo!
Dali ima nekoj odeno vo Sarimsakli? I sto ke kaze za mestoto?
I dali nekoj gi koristel uslugite na Pegasus do Istanbil ili Izmir?
Fala odnapred.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom