Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И што е поентава со даноков? Плаќаме данок како што би правеле било каде на друго место на планетава и дали тоа е алиби за да бидеме лишени од секакви национални прослави што се финансирани од истиот тој данок?
Или треба месец дена пред прославата во секој град кутии за донации ко по црквине да се стават, со цел финансирање на прослава по повод независност?!
Или трет случај, воопшто да не славиме... „кој го е*е славењето, тоа е за пе**рчиња само“-став?!
Стварно многупати не си ги сфаќам сонародниците.

Дека не се разбираме е далеку од очигледно. Дека трескаш зелени и мешаш работи е уште повеќе очигледно. Ама еве вака ќе ти одговорам, мој данок, мои пари, мое право на збор и критикување. Кога ќе извадат од свој џеб, што сакаат нека прават. Ете така. :)
 
Добиваме најмодерен аеродромски терминал во регионот инвестиција број еден што ќе се отвори. Фонтаната портата и музејот се дел од ова али за првиот проект дефинитивно е еден од најпозитивните проекти во Македонија во последните неколку години,
 
Ај не се жалете само. Бар нешто се прави, празник ни е на сите, 20 години независност. До кога ќе викаме "Е, македонче, во каква држава живееш?" и слично? Може ќе тргнат работите на подобро, со песимизам никаде нема да стигнеме.
 
И од мене. :)

Ајде удрете народе оро нек се води, нек се јаде и пие се слави 20 годишнина од постоењето на виртуелна мафијашка држава во која живее виртуелен народ кој не е сигурен во своето потекло, па му треба 20+ метарски споменик на Александар на плоштад за да го убеди во своето потекло. Славете 20 годишнина, оти до 30 годишнината може да умрете од глад или да ве стрелаат (n)

Орвел одамна на ова му дал име, се вика prolefeed.

И после ова ќе го сменат името, абе класичен doublethink. Уште фали изјава на МТВ, Шител и Канал 5 во која 2+2 ќе се прогласат за еднакво на 5. :vozbud:

Народот знае кој е и од кај му е коренот......
е сега ти ако незнаеш,те жалам зашто ти си дрво без корен (а можда и не си Македонец,кој те знае што си позади тој ник)
мене не ми треба 20 метарски споменик,за да дознаам кој сум,тезата ти е глупа и само се палат малолетници,без средно,како тие што во случајот ти стиснале лајк..
од Париз и Бонапарта,преку Рим и нивните славни императори ,Загреб и бан Јелачич па се до мизерната Бугарија и копиите на Гоце Делчев и светите браќа Кирил и Методиј,секоја нација има изградено паметник за своите великани,па макар и биле крадени,како случајот со травеститите од исток.. а за менување на име тие таквите ко тебе највеќе кењаат ,а кога ќе се суштински одлучува ќе гласаат ЗА промена и нема уво да би боли,со сонот дека у некоја си Европа ќе живеат богато и ќе го прчат без работа..уствари што се замарам бе,не вреди..
--- надополнето: Aug 19, 2011 9:54 PM ---
И така Македонија слави 20 години независност, 20 години ништо во светов не зависи од Македонија.
п.с. нема да присуствувам
уствари ,не си ни пожелна
 
уствари ,не си ни пожелна

Да?Мене ме интересира од која причина не е пожелна и од кога тоа ти одлучуваш кој е пожелен, а кој не е?Да не случајно ја финансираш прославата од свој џеб, па онака им делиш покани само на одбрани луѓе?
 
Да?Мене ме интересира од која причина не е пожелна и од кога тоа ти одлучуваш кој е пожелен, а кој не е?Да не случајно ја финансираш прославата од свој џеб, па онака им делиш покани само на одбрани луѓе?

а зашто би била пожелна ? именованата госпожа е против се живо и диво што е во и од оваа држава..ја до сега немам од неа прочитано ни еден позитивен коментар. читајќи ја неа,да незнам,би мислел дека сите одат во црнило облечени и се е до толку црно и песимистички.. и штом не и е ништо по кејф,зашто да присуствува.. тоа ти е исто како ја да отидам на свадба кај непознати непоканет..
 
а зашто би била пожелна ? именованата госпожа е против се живо и диво што е во и од оваа држава..ја до сега немам од неа прочитано ни еден позитивен коментар. читајќи ја неа,да незнам,би мислел дека сите одат во црнило облечени и се е до толку црно и песимистички.. и штом не и е ништо по кејф,зашто да присуствува.. тоа ти е исто како ја да отидам на свадба кај непознати непоканет..

Цитро, кога ќе праиш свадба, викај кој сакаш, бирај си пожелни и непожелни гости, ова не е свадба, државна прослава е, се плаќа со средства од буџетот, кој сака може да присуствува, не можеш ти да одредуваш кој бил пожелен, а кој не.
 
Од толку многу хејтери во државава, што дури и самите себе се хејтаат што воопшто постојат, да ти дојди да се утепаш :D
 
Од толку многу хејтери во државава, што дури и самите себе се хејтаат што воопшто постојат, да ти дојди да се утепаш :D

заш да се утепуваш, за инат напротив :D со секојдневниве хејтери ме потсеќа на ова

хејтерите се Шенка :drk:
 
Дополнување на содржините. Ќе биде незаборавно, штета што и покрај сите добри намери на организаторот и поради фактот што се слави 20 години независност сеуште има скептицизам и свесно делење на ВИЕ и НИЕ. За жал навистина.

КАКО ЌЕ СЕ ПРОСЛАВУВА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
„Македонија“ ќе ја надлета цела земја
AD4C862662A78549946E4F14FA68F3DC.jpg


Три авиони со големи платна на кои пишува „Македонија“ на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја надлетуваат државата

Три авиони со големи платна на кои пишува „Македонија“ на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја надлетуваат државата. Тие се само дел од големата централна прослава на 20 години независност која ќе се одржува во септември, кој Владата неодамна го прогласи за Месец на независноста.

- Главната идеја е прославата да биде направена натпартиски зашто прославата на 20 години независност е на сите граѓани - велат организаторите.

Свеченоста почнува во 19 часот, пред Собранието на Републиката кога претседателот Трајко Вељаноски ќе ја предаде Декларацијата за независност на Гардата на Република Македонија, која ќе ја однесе во Музејот на македонската револуционерна борба. Воениот оркестар ќе свири композиција напишана специјално за овој ден. Овој дел од програмата треба да ги симболизира елементите на државноста (војска, полиција и слично).



Илјада деца ќе поминат низ портата „Македонија“

Воениот оркестар и Гардата потоа ќе тргнат кон Музејот. Ќе поминат низ Триумфалната порта „Македонија“. Таму, на специјално направена сцена Калиопи и „Златно славејче“ ќе пеат песна компонирана за роденденот на Македонија. Делот кај портата „Македонија“ е симбол на младост и иднина на земјата, а тоа треба да биде доловено преку настап на околу илјада деца од балетски студија од целата земја кои ја претставуваат иднината на Македонија.

Крај многубројните споменици на плоштадот Македонија, на Методија Андонов-Ченто, цар Самуил и Јустинијан, Гоце Делчев и Даме Груев, кај солунските атентатори ќе има луѓе во костими од периодот на кои им припаѓаат историските личности. Сите тие ќе ~ се приклучат на Гардата. Таа слика треба да симболизира историја создавана низ вековите, но и да ја отсликува различноста на етничките групи кои живеат на оваа почва, а сите заедно се заслужни за независноста. Тие, на Камен мост ќе формираат патека низ која ќе поминува Гардата со Декларацијата.

Пред Музејот на револуционерната борба ќе има 15-минутен театарски дел. Тоа, според режисерот на прославата Дејан Пројковски, е театарски ораториум. Тој дел обрнува повеќе внимание на историските контексти. Тука претседателот Ѓорѓе Иванов ќе ја стави Декларацијата во витрините на Музејот.



Ќе се пуштат фонтаните на Вардар

Организаторите велат дека програмскиот дел пред Музејот треба да го претстави националното чувство, концептот на револуционерната борба, да им се оддаде почит на луѓето што ги дале животите за Македонија. Потоа поворката ќе се враќа по Камениот мост кон плоштадот Македонија. Кога поворката ќе биде на мостот ќе проработат фонтаните во реката Вардар. Пејачката Каролина која ќе стои на дигалка за местење светилки на плоштадот, ќе ја испее химната за прославата. (Л.Г.Д.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C377D9C8507F92428442F177083CC7DD
 
Три авиони со големи платна на кои пишува „Македонија“ на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја надлетуваат државата.

Многу сумњиво.. многу, чувствувам тешка брука ќе падне. o_O
 
а зашто би била пожелна ? именованата госпожа е против се живо и диво што е во и од оваа држава..ја до сега немам од неа прочитано ни еден позитивен коментар. читајќи ја неа,да незнам,би мислел дека сите одат во црнило облечени и се е до толку црно и песимистички.. и штом не и е ништо по кејф,зашто да присуствува.. тоа ти е исто како ја да отидам на свадба кај непознати непоканет..

Па види вака немаме сите розови наочари како твоите
 
Факт е дека татари и те како се имаат инфилтрирано во денешната владејачка партија и се што прават во поглед на наводно освестување на македонскиот народ е едниствено поради нивна корист односно рекламирање на нивната гарнитура. Значи сериозно треба да се позанимаваме со проблемот како да ги исфрлиме овие кукавици од нашето гнездо (птици кои ги несат своите јајца во туѓи гнезда) а не да славиме... Знам дека ние Македонците сме претежно слободоумни луѓе либерали што би се рекло во денешно време и не сакаме да се занимаваме со експлоататорски нечесни работи како политика ама ако сакаме да преживееме како народ ќе мора да успееме некако во политички води.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom