Како најлесно да го научиме англискиот јазик?

  • Креатор на темата Креатор на темата mar.valo
  • Време на започнување Време на започнување
На мене ми врви сега за сега :)
 
Со гледање филмови, слушање музика, читање книги, користење интернет најлесно се учи јазик. Џабе се курсевите и часовите ако нема со што да ги поткрепиш.
 
Просечен текст напишан на англиски можам да го преведам на македонски 75-80%
но не и обратно бидејќи имам проблем со англиската граматика.

Добар дел може да се научи од сурфање по интернет, филмови... А за потемелно тука се курсевите.

Без разлика на сите години во основно,средно и на факултет,најмногу работи и зборчиња научив од филм и странска музика.Исто и интернет последно време.Колку сакаш учиш и ако сакаш.Дури и несвесно.За на курс морат да си цело време концентриран ,а е невозможно.
 
Само курс му е мајката. Кој не пробал не знае.
 
Земи си речник и биди упорен. Кога ќе видиш дека не знаеш некој збор одма побарај го во речникот. Пример, rechnik.on.net.mk ми е една од најпосетените страни.
После, читај колку можеш повеќе. Читај што ќе најдеш, вести, извештаи, а најмногу книги и списанија. Ако не знаеш некој збор - речникот му е мајката.
Музика и филмови. Изговорот најлесно се учи со музика. Земаш песна, бараш текст и ја пееш. Ем учиш изговор, ем брзина и течност. Рап е најдобро зашто доколку успееш да ги изговараш зборовите со исто темпо како во песната на прав пат си. Кога гледаш филмови стави си превод на англиски и внимавај на изговорот.
И оди на интернет и зборувај со луѓе. Не омегл зашто сите педофили се таму, ама има безброј форуми кај што можеш да зборуваш.
 
Според мене најдобро се учи англиски во странство, се разбира допрва ако имаш нешто основа. А и од филмови се учи, музика итн...но според мене во странство најдобро е да отидеш и да комуницираш на англиски.
 
http://www.learnamericanenglishonline.com/

Странава е закон за учење англиски. Имате учење по нивоа, аудио од зборовите и тестови после поминатата лекција. Буквално има за сите и за почетници и за напредни нивоа.
 
Дечки ќе може некој да ми објасни како одат работите со интензивните курсеви по англиски јазик? Дали вреди да почнам со нив или се "гола вода"? Предложите некое училиште... Поздрав!
 
Дечки ќе може некој да ми објасни како одат работите со интензивните курсеви по англиски јазик? Дали вреди да почнам со нив или се "гола вода"? Предложите некое училиште... Поздрав!

Challenge
 
Најлесно ке научите во земјите во кој англискиот е официјален јазик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom