Сте тепале службено денеска со шкендија Арачиново. Имало некој инцидент или не допатувале забулениве???
Дај боже да се распаднат
Дај боже да се распаднат

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ФК Аеродром се откажува од натпреварувањето !!!
Иако беше помпезно најавуван како голем проект со големи амбиции и експресен влез дури и во елитното друштво, ФК Аеродром преживува тешки моменти и викендов екипата не отпатува во Куманово каде требаше да и гостува во натпревар од Третата лига Север на екипата на Беса.
-Настапот на ФК Аеродром е „џабе“ трошење пари и затоа мислам дека е беспредметно да ги продолжиме натпреварите. Имаше многу ветувања, најави за помош и спонзорство но од сето тоа нема ништо. Клубо т падна во тешка финансиска состојба, играчите не доаѓаат на тренинзи, едвај „крпиме“ екипа за одигрување на натпреварите и во таква состојба тешко е да се функционира, изјави потпретседателот на клубот, Саше Петковски.
ФК Аеродром е всушност наследник на ФК Сан Сити. Идејата беше да се формира Младинска школа која ќе ги користи игралиштата во н.Аеродром и во Ново Лисиче а екипата да настапува на теренот што го изгради Агенцијата за млади и спорт во близина на спортската сала „Јане Сандански“.
За претседател на ФК Аеродром беше назначен македонскиот интернационалец Саша Ќириќ а за потпретседател Саше Петковски . Тренерската функција му беше доделена на уште еден наш интернационалец Жанко Савов. Откако не се обезбедија уште на стартот потребните средства екипата не ги постигна посакуваните резултати и се најде во долниот дел од табелата со скромни 11 бода од 12 одиграни средби.
Деновиве се очекува дефинитивна потврда за судбината на овој млад колектив кој имаше навистина убави шанси да прерасне во здрав фудбалски клуб кој ќе ги собере под својот покрив илјадниците таленти од најголемата македонска општина кои мака мачат патувајќи во блиските општини да ги научат тајните на фудбалската игра. Ставот на „аеродромци“ е јасен, населбата Аеродром мора да има фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во една од двете најквалитетни лиги. Оваа идеја ја поддржа и навивачката група „Фемили Аеродром“ но за жал не доби вистинска шанса да ја искаже својата љубов кон ФК Аеродром.
Дека постојат услови за здрава фудбалска средина говори и фактот што веќе се изградени два терена за тренинг. Во фаза на изградба е уште едно игралиште со средства на АМС, а во Ново Лисиче за неколку месеци ќе биде промовиран и првиот тренинг фудбалски центар во чиј склоп ќе биде изграден и мини стадион како и Куќата на фудбалот.
http://sportefe.com/makfudbal/fk-aerodrom-se-otkazhuva-od-natprevaruvanjeto
Сте тепале службено денеска со шкендија Арачиново. Имало некој инцидент или не допатувале забулениве???
Дај боже да се распаднат![]()
После се, испадна дека Аеродром сепак ќе продолжи со натпреварите во лигата.
Сепак останале без спонзорот...
Во недела играте на гости со Албарса.
Комплекси ...
--- надополнето: Nov 11, 2011 12:09 PM ---
Ќе го јадаат![]()
Оф лелеееее....Кога немаш што да пишуваш , глупираш ..