Стан или куќа ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Стан или куќа ?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Живеам во стан.Во куќа е подобро имаш повеќе слобода,плус дворче некое средено па кога сакаш да излезеш да се релаксираш... Кога би бирала би избрала куќа само доколку има двор :)
 
Живеам во стан.Во куќа е подобро имаш повеќе слобода,плус дворче некое средено па кога сакаш да излезеш да се релаксираш... Кога би бирала би избрала куќа само доколку има двор :)

Куќа без двор и не би имала некоја поента а само поскапо ќе те кошта. Дворот, градината и базенот ја прават разликата :).
 
Имам и стан и куќа,кога идам од станот во куќава,неможам да сфатам како живеат луѓево во станови.
 
Многу сакаат стан бидејќи не сакаат да се замараат со тоа еј дворот кој ќе го чисти кој ќе праи ова она а ко прво во зграда еден прави јадење некое тешко јадење и цела зграда мириса а во ќука ако правиш нормално аспираторот и ништо нема а и други предности на пример музиката јас дома си пуштам колку сакам музика дење а во стан кога бев кај другар пушти малце гласно одма ми рекоа неговите не пуштај музика ќе викаат тие долу o_O а и исто така ако имам мотор или нешто кола,точак, точакот треба да го влечкам по лифт или пак долу да го оставам а колата на паркинг а кога во куќа си направиш гаража или за колата па си земеш си ја испереш во двор и плус заштеда од 150 ден Што е поубаво во ќуќа е :D
 
Не ни сакам да дискутирам за предностите да се живее во куќа. Апсолутен победник е. Единствено нешто што би можело да влијае на одлуката се средствата. Затоа што да се живее во куќа, дефинитивно се поголеми трошоците иако тоа и не е којзнае колкава разлика.
Мене лично ми е многу досадно во стан. Тоа што секогаш има нешто да се работи околу куќата го прави живеењето во неа многу позабавно.
 
Дефинитивно куќа. Цел живот живеам во куќа, имам мало искуство и во стан али дефинитивно куќата е вистинска опција. Пред се ако е на 2 или повеќе ката добиваш многу повеќе простор отколку во стан. После тоа не делиш ништо со комшиите, ниту некој ти смета, ниту некому сметаш (што не е случај во стан). И на крај дворот, ако имаш поголемо дворно место има каде да го поминуваш слободното време (одржување на трева, градина, уредување на самиот двор и уште многу други работи).
 
Гласав за куќа но дефинитивно би сакала да живеам и во стан, барем на некое време. Никогаш не сум живеела во стан па баш ме интересира како би се снашла со комшиите со кои ќе треба да делам многу работи :D
 
Гласав за куќа но дефинитивно би сакала да живеам и во стан, барем на некое време. Никогаш не сум живеела во стан па баш ме интересира како би се снашла со комшиите со кои ќе треба да делам многу работи :D
Пази да не го поделиш и креветот .... комшилакот е многу непредвидлив :pos:
 
Кога би бирал од тие две, и двете да се со иста цена и квадратура..тоа ми е поентата..нормално дека е подобро во стан од 120 квадрати во Карпош,него ли у куќа од 60 квадрати негде настрана..

Предноста на куќата според мене е ;
1.Не се замараш многу со комшии
2. Имаш дворче,кое можеш да си го средиш со мерак и да уживаш
во стан само на тераса можеш цвеќе да ставиш у саксија :D

Зависи..ние со комшиите редовно имаме проблеми,кучките мачките им серат кај нас во тревата,околу 100 квадрата трева имаме во дворот.Преку нашиот двор си одат на гости за да не вртат,и се префрлуваат преку жицата наша ( и ни ја искривија цела).И ред други работи..
 
Е сега да ги видам тие што живеат во стан ајвар како ќе прават :D
Иначе живеам во куќа и имам стан. Подобро според мене си е куќа. Си имаш двор, можеш да си излежеш преку ден или навечер да си седнеш на раат итн. А становите повеќе се за брачни парови, но и за тие што не сакаат да се замараат со косење трева, средување двор.
 
Интересно прашање.Колку би било убаво Диоген да може да одговори на ова :)
 
Имав лошо мислење за станот одсекогаш, а сега уште полошо кога моментално седам под кирија како студент. Разликата е навистина голема.
-Не ме интересираат мене расправиите на комшиите над мене, под мене, лево и десно, не ми се допаѓа тоа што му ја осеќам миризбата од ручекот, басот од вуферот и тоа што за хигиената во целата зграда требе да се залагаат сите, но секогаш ќе се најде некој кој ќе забушава.

Од тоа што сум бил во многу различни станови, во Македонија, дефинитивно сум за живеење во куќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom