Кој термин го користите за пијанење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Дрво,камен,летва - традиционално и најредовно употребуваните изрази :):)
 
сум се напраил казанче еј...
 
Кај нас всело викат вчера се “дотерав“ хах
Инаку јас стандард си велам дека се испијанив

ејјјј ама кул тема :ROFLMAO:
 
гној пијан
гурелка напраен
 
Ѓон најупотребувано ми е. :) Али ко што кажа Жаре што и да кажеш пак ќе има смисла. xD
 
Земја воздух користам се шо ќе ми се падне на памет...
 
*Камен ..пијана но знам како се викам
*летва..почнувам да играм како луда ,почнувам да се лигавам ,станувам фина 10 ка ,
*Ѓон...... заборавам како се викаа тие што дошле со мене ,а подоцна по уште една испиена пијачка амнезија ме фаќа за се
и најјаката етапа е такозваната :"Ошошошест" ( ова кога ќе се направам ептен ќора пијана кога незнам ни вратата дома да ја погодам па правам 6 ки со нозете напред назад хахаахх )
 
камењ, дрво, бербат, лом, небо-земја, сателит. Па малце термини сум знаел. Ваљда малу пием (:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom