Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека пиша септември ама ќе пишам една поопшта рецензија и за други заинтересирани.

Краците и Олимписката Ривиера односно тие 5-6 саата пат во Грција ми се релативно детално познати. Генерално и општо земено плажите им се песочни, во главно чисти, ама се на се тоа е тоа, а една си видел а сите, исто му доаѓа тоа се тие типичните грчки плажи со врзани очи да се стават на било која од нив без никакви пишани знаци или луѓе да зборат во позадина пак ќе знаеш дека си во Грција. Со два исклучока ќе ги спомнам после.

Прв крак е преизвикан и може да им се допаѓа само на животни од родот Homo Balkanikus, нашине, србенди, бугараши и слично. Гужва, сељачишта, сите набутани на мал простор, навечер да има народ како на Бит Пазар односно се што Homo Balkanikusot сака. Прв крак го избегавам, вториот крак за првиот е Хаваи. Со еден мал искучок Афитос. Гратчето и по архитектура и по плажа е многу поразличен од се друго на првиот крак. Како да не се наоѓаш на Касандра. Има преубава глетка и пејсаж од високо и е баш живописен, ама има и тешки маани, улиците му се тесни, плажите иако преубави се со помал капацитет и за да стигнеш со нив треба да одиш по уздолница, а кога ќе се враќаш по угорница. Ако одиш во шпиц сезона се ова ќе ти го еве целиот впечаток што Афитос може да го нуди. Така што Афитос строго вон шпиц сезона. Тоа е што се тиче прв крак.

Втор крак изобилува со преубави плажи, голем дел и затскриени и диви посебно делот кога преоѓаш од прв во втор крак, и од втор во трет. Во главно тука кај и да одиш нема да згрешиш со исклучок на Неос Мармарас и Порто Карас кои се преценети и со премногу гужва. Марамарас ти е угорници-уздолници две коли не можат да се разминат ќе ти одмили и одмор и се. Во шпицот исто за избегнување се и Никити и Сарти, нема паркинг, редици за гиро и пица навечер, нема игла кај да падне, ебење лезет скроз. На втор крак има две плажи што отскокнуваат од оној типичниот изглед на грчка плажа и имаш чувство како да си во друга земја. Првата и воедно и мојата најомилена неостровска грчка плажа е Портокали или Оранџ. За мене лично тоа е храна за сите сетила, од поглед, до чистина на вода, до природна естетика, до боровата шумичка што се протега скоро до пажата, до карпите, до песокот. Единствена маана е што во шпиц сезона сите се накрцани таму, а плажата има мал капацитет за луѓе. Филмска е ептен, или барем мене ми е.

Втората, која е многу слична на Портокали е Кариди на крајот од местото Вурвуру. Попространа е од Портокали, што значи дека имаш помалку шанси да заглавиш со гужва. Негативната страна на Вурвуру е што местото е буквално само апартмани и хотели, нема ни маркет ни ресторан за навечер и е мртва тишина, ама ако премиум плажа ти е најпрвиот приоритет, ова е местото што сакаш да го одбереш.

На 10 километри погоре ти е Трани Амуда, една долга и пространа плажа каде што место секогаш ќе најдеш дури и кога е најшпиц, едноставно плажата не може да се преполни. Тука има и 3-4 хотели со т.н. сопствена плажа каде што во цената ти влегуваат и лежалките. Ама и во ова место нема маркет. Тука предноста ти е што можеш да правиш плажа hoping, затоа што имаш неколку добри плажи на 15-20 минути возење, еден ден да си на Трани, друг ден на Кариди, трет ден на Калогриа, четврт на Лагомандра, плажата што од сесрце ја обожавам и ми е слаба точка не ти треба чадор, боровата шумичка ти е чадорот само ти треба нешто да постелиш. Плажата е поделена на 2 дела оној покомерцијалниот дел каде има лежалки за изнајмување и оној поомилениот мој некомерцијален каде цела плажа е само твоја и нема кафич и лежалка на изнајмување.

А ако ти се ловат песочни диви плажи со многу малце или ич луѓе каде што сакаш да чкртнеш нешто од твојата сексуална бакет листа, тогаш изборот е Сикија, не самото селце туку долу кај главната плажа ама патот со удолници и узгорници што оди покрај самата плажа те носи во изобилство од некои си 10тина плус мини плажички и буквално секој ден може да си на различна плажа на само 2-3 километра од самата Сикија. Каламици ти е тука во близина, ама и се во околина е супер. Ако те влеќат вакви истражувачки моменти на скриени богатства од плажи.
Ако пак сакаш кампинг или бунгалови, Арменистис ти е полн погодок. Плажата вреди да се посети и да не си сместен таму.

За краците е од прилика тоа друг пат ќе пишам за Олимписка ривиера.
Би те дополнил со тоа дека првиот крак не е само источниот дел, дека паркинг лево и десно од главната улоца во Никити има колку сакаш и дека послем Неа Рода на трет крак има исто плажи што не даваат чуство дека си на Халкидики
 
Некој да ми даде предлог на место близу Атина со добра плажа ? Треба да чекам за виза таму па да истерам еден краток одмор може и 100 км да е одалечено :)
 
Тешко е да се најде смештај на втор крак, за септември месец. Барам all inclusive или барем breakfast & dinner, ама мал е изборот и претежно се скапи. Не знам дали варијант е да се иде без јадење во хотелот и да се оди по таверни/готвење во соба(при аирбнб) и каква би била разлкката во цена. (n)
Не ти треба all inclusive во никој случај на втор крак (посебно ако сакаш да шеташ по плажите што се надвор од населени места). Плус секако во септември и денот е пократок, а и не е толку жешко, па се издржува цел ден на плажа.

Премногу се кренати цените иначе ова лето, и јас барав за почеток на септември, ама нешто ни излезе, па ќе видиме што ќе биде и дали ќе одиме уопште.

Во секој случај, според мене доручек само ти е доволно. Ручек време ќе си на плажа секако, нема потреба хотелот да ти диктира кога и како да одиш на плажа. За вечера имаш и некоја пицерија, ресторан, таверни, крај краева ќе си направиш салата во собата, со сирење и ракија и тоа е тоа. :D

Ние (скоро) секогаш одиме во вила со фрижидер и мини кујна, во овој случај дури ни за доручек немаш потреба. Ќе си направиш јајца, смути, овошна салата некоја, пржено лепче, што и да е..
 
Последно уредено:

И јас мислев вака порано може дека без деца ама нема подобро од полупансион и хотел блиску до плажа ова е доста битно ако сакаш де одиш на други плажи и да се вратиш во смештај во најжешкото а одпослем да не се акаш пак до плажа
 
Тешко е да се најде смештај на втор крак, за септември месец. Барам all inclusive или барем breakfast & dinner, ама мал е изборот и претежно се скапи. Не знам дали варијант е да се иде без јадење во хотелот и да се оди по таверни/готвење во соба(при аирбнб) и каква би била разлкката во цена. (n)
Брат зашо на втор крак бараш ол инклузив, нема сврха некако. Мислам, не ти ја знам фамилијарната приказна, ама ако не си со деца (иако и да си не е тоа проблем али ајде) нема логика да бараш ваков смештај на краците, само ќе те одерат, а квалитетот на цела услуга нема да е ни приближно добар како онаа во Турција на пример каде логично е да бараш ол инклузив смештај.

Ако не си некој што нејќе ни кришка леб да намачка на одмор и сака стрикно да јаде вон смештај тогаш најди само смештај, оди до ЛИДЛ или некој маркет испазари си секојдневни работи така за доручек да си имаш, останатото цепај по ресторани/таверни, 20 пати поевтино ќе ти искочи него да бараш хотел со доручек/ручек/вечера, башка тоа ќе те ограничува да си доаѓаш од плажа за да јадеш.
 
Да да, го размисливме и ние ова. Нема смисла од all inclusive. Ќе идеме или со полупансион или апартман па ќе готвиме. Секако ќе патуваме меѓу плажи, за ручок секако нема да сме у хотел.

Така да, ако некој по втор крак има да предложи хотел/апартман нека пушти по порака или тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom