Терористички напад во Осло

  • Креатор на темата Креатор на темата TITTANIK
  • Време на започнување Време на започнување
Pa i partizanite gi vikale banditi, toa e gerilska tatktika na vojuvanje karakteristicna za tie koi sega gi vikaat teroristi isto ko sto na vremeto gi vikale i Gemidziite i VMRO!
 
Од кога терористите почнаа да го користат зборот терорист за други луѓе, терминот изгуби смисла. После тоа видовме и „војна против тероризмот“ во која загинаа едно милион терористи... Очекувам кога ќе им помине меракот со ова да започнат „војна против алчноста“ или нешто слично.

Како и да е, терминот „терорист“, без разлика дали се користи правилно или само за нагрдување на противници на некоја влада, не ни почнува да го опишува делото што го направи младичот. Ова повеќе беше убиствен поход без јасна цел. Не верувам дека и нему му е најјасно што сакал да постигне, ако воопшто бил при свест кога го направил ова...
 
Да дополнам ако смеам:
Игра кантер и терор. Разликата е што кантерите носат исти униформи, и имаат појако оружје нели. Терорите се одметници, носат различни униформи и држат заложници понекогаш.
 
Не баш. ВМРО во никој случај не била терористичка организација, бидејќи не тероризирала население.
Во конкретниот случај, терор и пол.

Зборот терор може да го објасниме како примена на насилство со цел заплашување и уништување на противникот. Тероризам подразбира преземање акции против недолжно население, полиција или војска, загрозување на материјалните добра со цел застрашување, создавање несигурност, дезорганизирање и уништување на противникот. Во оваа дефиниција ВМРО одлично се вклопува. Дејствувала против тогаш регуларната власт на овие простори. Додека, ВМРО пред втора светска војна тероризирала и население. Но, кажав, кога ќе се вмешаат емоции, секој ја менува дефиницијата, со цел тоа што тој го смета за свето да не се вброи во терористи.
 
Да беше типот Муслиман, уфф како само ќе фрчаа навреди за Исламот. Сега кога излезе дека типот е Норвеѓанец, и е христијанин, почнаа медиумите одма да ги сменат насловите. Од ТЕРОРИСТ(И), во помека верзија... Значи сепак зборот Терористи се употребува само кога поединци/група(муслимани) ке убиваат, макар тоа било и на сопствена територија(нападната од друга држава)...
Да имаше баба муда....
А да убиеше Муслимани (како што тоа секојдневно се прави со Христијаните во доминантно муслимански средини), сеа ќе мрсулавевете сите. Нормално, сто стапа по туѓ грб, ич не болат.
--- надополнето: Jul 25, 2011 10:28 AM ---
Ова што денес и го прават на Европа куропушачките либерали е исто ко у триести години некој да се борел за правата на нацистите да си го уредат континентот според нивните уверувања.
 
Ги убил заради поддршката на страната која отворено војува против Христијанството - исто како талибанците што секој ден си го убиваат народот поради тоа што ги поддржуваат САД и НАТО.
Психопат? - не, туку терорист или Христијански „муџахедин“, зависи кој како гледа на тоа.
ПС она што ми е страв да го признаам е дека во право е во врска со Исламската Колонизација и Европскиот либерализам и мултикултурализам (додека во исламскиот свет не постојат вакви поими).
 
Ги убил заради поддршката на страната која отворено војува против Христијанството - исто како талибанците што секој ден си го убиваат народот поради тоа што ги поддржуваат САД и НАТО.
Психопат? - не, туку терорист или Христијански „муџахедин“, зависи кој како гледа на тоа.
Кој тоа поддржал страна која војува против христијанството? Работничката партија? Со што? Психопат итоа тежок, кој се умислил дека е накаков крстоносец.
 
Кој тоа поддржал страна која војува против христијанството? Работничката партија? Со што?
Одговорот ти е по горе.
еве ти пак:
Ова што денес и го прават на Европа куропушачките либерали е исто ко у триести години некој да се борел за правата на нацистите да си го уредат континентот според нивните уверувања.
 
Одговорот ти е по горе.
еве ти пак:
Ова што денес и го прават на Европа куропушачките либерали е исто ко у триести години некој да се борел за правата на нацистите да си го уредат континентот според нивните уверувања.

Не ги оправдувам муџахединските движења низ Европа, но далеку се тие од уредување на континентот и наметнување на нивни верувања. Сепак, не ги оправдувам ни овие крстоносни потези, сепак ако сакал да промени нешто, можел активно да се вклучи во политика и да ги смени "куропушачките" либерали по легален пат.
 
Сепак, не ги оправдувам ни овие крстоносни потези, сепак ако сакал да промени нешто, можел активно да се вклучи во политика и да ги смени "куропушачките" либерали по легален пат.
Не ме смеј. Па кој нормален би го оправдал потегот на лудаков?
Јас само тврдам дека аргументите за неговиот револт се издржани.
 
Да имаше баба муда....
А да убиеше Муслимани (како што тоа секојдневно се прави со Христијаните во доминантно муслимански средини), сеа ќе мрсулавевете сите. Нормално, сто стапа по туѓ грб, ич не болат.
--- надополнето: Jul 25, 2011 10:28 AM ---
Ова што денес и го прават на Европа куропушачките либерали е исто ко у триести години некој да се борел за правата на нацистите да си го уредат континентот според нивните уверувања.

Дете, не ме цитирај мене сум ти рекол и претходно, кога ќе се научиш да пишуваш Англиски, тогаш можеш да ме цитираш, може?.:D
 
Не ме смеј. Па кој нормален би го оправдал потегот на лудаков?
Јас само тврдам дека аргументите за неговиот револт се издржани.
ОК, точно е дека исламот, со неговите глупости типични за средновековни општества иритира, но сепак постојат многу легални начини да го спречиш. Прашање на време е кога во Холандија ќе дојде на власт Вилдерс, во другите држави им забрануваат носење на бурка, па дури има и затворски казни, мислам дека тоа е правилниот начин, а не со пушка.
 
Дете, не ме цитирај мене сум ти рекол и претходно, кога ќе се научиш да пишуваш Англиски, тогаш можеш да ме цитираш, може?.:D
Ах пак ти.... Упорно сакаш да ми кажеш дека сметаш дека мојот моментален профил на Кајгана (со сите салтанати) е одраз на моите афинитети, знаења, чувства....
Плус припаѓаш и на друга весела форумска дружина, која обично милува да се расфрла со наредби од стилот немој друг пут да си ме цитирал, не го пишувај ова и слично, небаре седите на главна маса у генералштаб а форумов е тактичко-показна вежба.

Епа њуз флеш за тебе:
Ја можам на интернет да се претставам како сакам, заради милион и една причина.
Модераторите и админите се тие кои можат да не дозволат нешто да стои напишано, па и цитирано.
 
Во Европа се повеќе и повеќе се зголемува непријателството кон муслиманите. Едноставно, тоа е природна реакција на се позачестените имиграции на муслиманите и зголемување на нивниот број во Европа.
На овој идиотот не му беше проблем да убие 90 луѓе од партија која е попустлива кон муслиманите. Тоа не е проблемот. Проблемот е кога некоја група ќе масакрира многу повеќе луѓе. А такви слични групи постојано се формираат низ Европа, особено во Британија.

Друга последица на ова ќе биде тоа што голем број умерени христијани најверојатно ќе станат уште поумерени или ќе ја напуштат религијата, а оние поекстремните ќе станат уште поекстремни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom