Родителите знаат најдобро

  • Креатор на темата Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување Време на започнување
Родителите знаат најдобро да демотивираат....и уценуваат...и лажат. Не сите ама поголемиот број.
Колку ли е вистинито тоа. Што и да почнев да правам, на нив не им беше доволно добро тоа. Сите комплекси што ги имам се од нив, за жал.
 
kako da ne bree,znaele najdobro...kolku gluposti se imaat desavano po svetov samo zaradi tie pusti roditeli!!! ne sum gnevna i ogorcena licnost kon svoeto semejstvo ama poznavam mnogu roditeli i znam deka ne e sekoj za da bide roditel i deka tie kolku i da se korisni tolku se i stetni
 
Мислам дека секој најдобро за себе си знае...може совети да даваат ама најмногу ме нервираат кога ќе кажат - знам јас што мислиш ти и јас сум бил дете :rolleyes:...епа има разлика од дете до дете....
 
Е ајде де..кој е маж нека оди на тато нека му докаже дека во дискотека нема мезе за со пијачката..
 
Не знам дали знаат најдобро, можеби.
Ни како помала а ни сега, не правам како што тие сакаат, туку јас како што сакам.
Како помала знаеле да ми направат проблем околу ,,со кој се дружиш,, ,,кој ти е овој,, ,,кај беше до сега,, итн. Ама сфатија дека немам намер да се дружам со луѓе со кои тие сакаат, да бидам со тој што тие сакаат...
Можеби понекогаш сум требала да ги послушам, но немам навика никого да слушам, иако се случува, не така ретко да побарам совет од нив, ако за нешто не сум сигурна.
А инаку, да одлучуваат за мене.... знаат дека не можат.
 
Немам категоричен одговор за ова, можам само според искуства да се ориентирам.
Речиси секогаш кога имам спротивен став од тој на моите, не сум во право. Годините си го прават своето. Искуството што го стекнале кога биле колку мене сега треба мене да ми послужи да не ги правам истите грешки.. Ама, нели, од грешките се учи и дете како дете, попрво ќе удрам со главата во ѕид него да си речам Абе еј, у право се сигурно..
Kids just don't do that. Повеќе сакам да се уверам во нешто самата отколку да верувам само на збор.Лошата страна тука е, што за родителите тоа изгледа како непочитување.

Патем, треба да се разграничат работи за кои родителите (не) треба да ти "помогнат" да одлучиш.
Средното училиште, смерот, факултетот, работата, низ се тоа треба да поминеш сам, не е одлука што се носи во еден ден и само за еден ден важи, тоа те определува како личност, те става во калап во кој ќе ги проаѓаш деновите и од кој ќе треба да излезеш како "готов производ". Сугерирање и пријателски совет секако дека е добредојден, но тука не би барала одлуката да ја донесат родителите од една проста причина: Времето е такво, да посакаш да идеш во уметничко, првиот одговор што ќе го добиеш ќе биде Нема пари во тоа, не се будали, ќе си го поминеш животот безвезе итн итн итн...

Многу, дури и премногу често родителите си земаат за право да ги рушат надежите на своите деца. Поттикнати од реалноста, дека тешко се успева во БИЛО ШТО денес, не насочуваат онаму каде што е посигурно, пообезбедено, со помалку трње. Само затоа што не си успеал да станеш сликар или космонаут, не значи дека и твоето дете нема да успее. Успешните луѓе од тие области што се гледаат како потрнливи за успех сигурно не паднале од небо! Со труд, страст, љубов кон тоа што го правиш, СИГУРНО ќе се пробиеш. Премногу стереотипи има набиено околу тоа, што за жал сеуште важат само затоа што луѓето не се доволно самоуверени и не веруваат во тоа што го прават, не ги вози истата страст заради која започнале со тоа нешто.

Закон на атракција пеер. Добрите мисли имаат поголема шанса да донесат нешто добро, отколку лошите. Ако веруваш доволно силно во нешто и му се посветиш со сето свое битие, НЕМОЖЕ да не ти успее.

Use your brain not your back,
Don't be scared of them people Walk up in there and show them that you equal.
"Whatever the mind of man can conceive, it can achieve."

(се изнакуцав ^^)
 
Се обидувам да се сетам барем на една работа за која не биле во право, ама всушност нема таква. Било за работа, пријатели, љубов... Секогаш кога татко ми ќе ми посочел некоја моја другарка и ќе ми речел: "Ќерко, девојчево не ти треба да ти биде другарка, нема да испадне на арно", а јас пак ќе го убедувам колку ми е она мене најдобра другарка. Јеааа рајт. Е по многу вакви моменти, кога родителите се докажале дека се во право, почнав да ги слушам. И се уште знам да и се јавам на мајка ми, да се консултирам со нив за некоја работа и знам дека нема да погрешам:)
 
Не знам дали знаат најдобро, ама знам дека ми мислат најдобро. И ко ќе видиш дека човечката намера е најбитна, ќе му дојде некаде исто.
 
Сепак, сепак...
Ако вие се одлучите да бидете со партнер од друга религија, вашите родители ќе се бунтуваат, и ќе пружаат отпор, условуваат. За нив тоа е срам најголем, страшно. Нив некако ќе ги разберам. Ама овие пак кои ги слушаат, нив не можам да ги разберам.
Не дека моите ќе се израдуваат. Ама ќе знаат барем дека џабе си трошат време во разубедување за што било :)
 
Дали ни мислат најдобро? Да, освен ако не се болни ко Јозеф Фрицл.
Дали знаат најдобро? Мислат дека знаат ама мал процент навистина знаат. Секако нивното здраво и среќно детство, образованието, искуството итн., влијаат врз нивната идна слика како родител.

 
Родителите сакаат да бидеме нешто што тие не можеле да бидат, нивните порази за нас треба да бидат успеси.
 
Дали е секогаш тоа така ??? Знаеме дека родителите ни мислат најдобро , но дали токму тие секогаш знаат што е најдобро за нас ????
Што се случува кога немате поддршка од вашите родители за некоја работа ??? Кога не можат да ве сфатат и кога упорно ви укажуваат дека „тоа„ не било за вас и да се ориентирате кон нешто друго ?
Дали секогаш ги слушате вашите родители и одлучувате како што тие ќе кажат ?
.
Родителите секогаш се во право.Само они немаат никакви задни намери .Секоаш они се тие наjискрените и они ни мислат само најдобро.
Во многу ситуации не сум ги послушала и они на крајот само ќе ми рекле "Ти рековме?"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom