Афти и други проблеми со слузницата на устата

  • Креатор на темата Креатор на темата NightFuneral
  • Време на започнување Време на започнување
Порано ми искачаа ептен ама немав поима дека имало лекови за нив јас ги оставав и за недела-две поминуваа,али тие недела-две попара бискивити и супи.
Али па сега откако кажавте дека се добивале од нервози па добро бе што живот сум имал мајку му е*амsd.Мене ме лажеа дека од бактерии искачале..а и сега ми искачаат ам мн.ретко секоаш кога ке изгризам ике си направам рана еве ти ја насбајле се појавила...афта е пејн ин ди еас невиден
 
Не те лажеле,од бактерии излегуваат најчесто или ако имаш обичај да прибираш продукти од земја и ги ставаш во усната шуплина.
Ладен чај од камилица+прополис е добра и испробана превентива.
 
Ауу ги мразам. Ми излегуваат многу често и тогаш многу сум нервозна пошто не само шо не можам да јадам, пијам .. не можам ни да зборувам. Користам Проафтол и ми помага многу

И ја го користам и помага. Плус, има и мала доза на анестетик во проафтолот и тоа прави да имаш и моментално олеснување.
Иначе, и од ослабнат имунитет искачаат.
 
Имав порано кога грицкав нокти.Многу ме нервираа.Излегуваат од бактерии на рацете(значи како мене грицкање нокти)и од нечисто овошје.
Еднаш еден доктор ми рече буквално вака-со лечење траат 1 недела, а без лечење 7 дена.Значи таа е,лечел не лечел.
Пробај метиленско плаво,3% хидроген и бетадине.Нешто ќе ти помогне.А најмногу да ја изгубиш некоја од навиките кои ги создаваат,и да го појачаш организмот, храни се здраво,и мислам дека нема да имаш проблем.Мене откако прекинав да грицкам нокти,веќе 10тина години,пу пу ,не ми испаднала ниедна.
 
Ми се имаат појавувано и тоа најчесто ако сум се нагадила од нешто или пак ако сум била болна.Страшно ме нервираат кога ќе ми се појават и ми траат два-три дена и не можам ништо да јадам тогаш.Во тие моменти користам Бетадине,раствор за плакнење на устата и после сум како нова:)
 
Еј многу се нервирам кога ке ми излезат афти... Многу се проблематични. Неможеш ни да јадеш ни ништо. претежно со прополис ги лечам,а добри се и чајот од жалфија и лизобакт таблетките.
 
Лееее колку ги мразам..Порано ми се праеа често сеа фала богу долг период ми се немат напраено(да не се заречам)Еднаш коа бев болна низ цела уста бев нафрлана и болеше премногу.Ќе појш на аптека и ќе видиш шо ќе ти дает јас прополис им ставам и правење гаргара со едно шо сеа не ми текнува како се вика:smir:
 
Од време на време ми се појавуваат. Земи Прополис, она од мед што е, мене навистина ми помага. Или пак има една маст-крема со прополис, Галапро се вика. Мене баш сега ми излезе некоја гнојна кеса на непцето над предните заби од внатрешна страна и ништо не му помага:(
 
Кој има афти нека оди на лекар да му ја премачкаат устата со една течна супстанца што се вика мастилаво плаво. Јесда ќе ви биде устата плава, ама се трпи. Мислам дека потоа едно недела дена ќе мора да се испира устата најпрво со алкохол па со физиолошки раствор.
 
баксуз....пред 2 дена читав за темава и вчера ми се појави афта...гад демет боли
 
Фала Богу, немам таков проблем. Ептен ретко:pipi:
 
Етиологијата на афтите е непозната и мултикаузална така што се ова до сеа со процитав бактерии па незнам не ставајте раце у уста нема везе. Или си предиспониран и ти се појавуваат или не, едноставно нели? Со оглед на тоа што не се знае предизвикувачот и каузална терапија не постои, се она што е на пазарот е за олеснување на симптомите. Значи мозе да пробате со Solcoseril dental adhesiv,Metilen blau или во најново време да посетите стоматолошка ординација опремена со ласер па така да ги третирате.

П.С. Афти немаат врска со гнојни кеси,тоа се два сосем различни поими.
 
Мене пак ако сум под некој голем стрес или премногу сум нервозна и одма другиот ден афта имам.
Последно ги имав две и стварно тек тогаш болеја зошто ми беа до протезите и ми запиинаја некако и премногу болеше то..
иначе само прополис тогаш .. (иако болит..) обично за 6 или 7 дена ми исчезнуваат
 
Мене пак ако сум под некој голем стрес или премногу сум нервозна и одма другиот ден афта имам.
Последно ги имав две и стварно тек тогаш болеја зошто ми беа до протезите и ми запиинаја некако и премногу болеше то..
иначе само прополис тогаш .. (иако болит..) обично за 6 или 7 дена ми исчезнуваат
И да ги лечиш и да не ги лечиш за 6 или 7 дена ќе ти поминат.:smir:
 
И да ги лечиш и да не ги лечиш за 6 или 7 дена ќе ти поминат.:smir:
ам знам дека и со и без прополис за 7 дена ќе поминат .. ама велам дека смао прополисот помага малце барем да не те боли дур јадиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom