Сомови во велешкото езеро Младост

  • Креатор на темата Креатор на темата Antonio2344
  • Време на започнување Време на започнување
Сомови во Велешко...штознам...Иначе од средата до вчера бев на езерото кај нас(на Тиквешко). Водата е зелена,значи не се гледа ништо.Со уште 2 другари у петокот станавме кај 5:30-6 за да пецаме. И ги наместивме јадиците јас и 1 другар,а тој другиот ја заплетка неговата. Ги оставивме јадиците,додека да ја отплеткаме јадицата на тој другар. Кога ја отплеткавме,во јадицата на тој другар што ја остави до мојата гледаме фатила ептен надоле,готова да се скрши. Пробавме да ја дигнеме,малце само успеавме и видовме сом кој што сигурно имаше 70-80цм и беше 30+кила.Пробавме да го извадиме,ама го скина цело јаже и отиде негде. Многу пати до сега од езерото се извадени 80+ кила сомови,а неретко се случува да извадат и некој од 1.5-2метра. Тој дел кај што се наоѓа езерото денес,порано било цело село и под вода има се и сешто-дрвја,куќи...Најголема длабочина е 95 метри,а во водата надоле не се гледа ни 95 сантиметри па видете сеа :D
Кај на обичен конец ќе фатиш сом од 30+ кила.Само сајла.
 
Кај на обичен конец ќе фатиш сом од 30+ кила.Само сајла.
Не сум ти јас некој риболовец....конец=јаже :D . Иначее го подигнавме до површината на водата,се виде црно и заклучивме дека е сом...и запрета малце и цел конец го снема со јадица,мамка и остали срања
 
Ау куме,па рипај по него бе дур не се откачил.Ја за крапиво сум влегувал,сомчиња сум фаќал само амеркански
 
и????? што се воспостави на крај- што бидна со детето?
 
Вчера се бањав на езеро и откако прочитав тука, сега се осеќам некако евентуално :pos:
 
Е чекај сварно има сомови бе?? да доеме со дедо ми сиџими да постаеме и да чекаме на калдрма сомови хохо :vozbud:
--- надополнето: Jul 18, 2011 8:26 PM ---
Во секоја приказна има по малце вистина :) направив некое "истражување" и еве што излезе:

СОМ 200 КГ - Бугарија
СОМ 102 КГ - 3 метри - Велика Британија
СОМ 119 КГ ( Тиквешко Езеро, 1989 ) - Македонија

пс: не се само овие, има бааги ..од кои, поголемиот дел се уловени во Шпанија, и се над 100 КГ
Дедо ми има фатено 72 кила сом (само главата му тежела околу 30 кила ) во Вардар го закачиле горе на тараса и бил долг скроз до доле до земјата ,пред 14-15 години јас сум бил бебе и овоа го знам само шо ми кажуваат иначе лично знам коа има фатено 34 кила сом исто во Вардар сакате верувајте сакате не ... Да му ја прочитам темава малце да го напалам да оди на Велешко да чека сом хахаха ...
 
Абе дојдете на Тиквешко па да видите што се големи сомови. Околу инката ги има еден куп. Викаат дека имало долги и до 5м. А имам и комшии коишто уловија долг 2 и нешто метри. :) Страшен беше - ами камоли 5м :vozbud:
 
Воа за детево шо го апнало не ми се верува дека е сом, кој знае шо го има апнато се има во велешко езеро не е чудо и Loch Ness може живее во велешко:pos:
 
Хахахаххахаха !! можно е ! иначе дај кажувајте за др езера во македонија за сомови нека иде даље дискусијава !! :D :D
 
Мистерија решена!!!! Се шекнав од смеење:)

Петар Печков
Објавено: петок, 22 јули 2011 5 0

Иако не е први април, сигурно ја слушнавте приказната дека на велешко езеро НЕШТО каснало дете и тоа останало без нога. Сом, ајкула, како деновиве минуваат така интензитетот е се поголем а приказните се пострашни.
Заради вистината ТРМР се обрати до единствените кои можат да кажат што се случило, луѓето кои мораат да знаат ако нешто такво имало, докторите. Директорот на ЈЗУ Општа Болница д-р Ванчо Граматов изјави дека последните две седмици кај нив не е примен пациент на кој му е оштетен било кој екстремитет, рака нога како последица на каснување од било што а најмалку од некакво животно во езерото Младост.
И началникот нa Итната помош д-р Владо Хаџи Наумов со идентичен одговор, дека тие не интервенирале во настан каде на дете му е гризната нога. И двајцата доктори се насмеаја бидејќи и тие ја слушнале оваа ,,страшна,,приказна, и сакаа на овој начин да демантираат дека на велешко езеро Младост имало било каков инцидент поврзан со каснување на дете од некакво водно животно.
Луѓето што таму кампуваат пак посочуват дека приказната е почната откако пред недела дена таму е каснато тригодишно дете од Штип, од одбегнато ротвајлер куче. Овој настан е евидентиран и од СВР Велес.

од tirekovmirece.com
 
Мене нешто тука ми смрди !! кријат нешто се гледаа !! вчера одам на езеро со 3 другари и одиме кај браната да рипаме кај мостот 1 полициска кола и ни ја праи дечки тука неможе да се рипа !! ние одма ги прашавме да ни објаснат зошто неможе и ни викаат не можеме да даваме информации !! исто така дојдоа и рибари да ловат таму и нив не им дадоа ! а низ градот се зборува дека тоа дете шо го апнало нешто било кај браната !! кузнае шо се случуваа !!
 
и????? што се воспостави на крај- што бидна со детето?

На крај излезе дека огромниот сом не бил огромен, а не бил ни сом, туку дека некое дете од Штип било каснато од ротвајлер:D.Ама чекај, теориите на завера допрва почнуваат....Тиру риру ...
 
На крај излезе дека огромниот сом не бил огромен, а не бил ни сом, туку дека некое дете од Штип било каснато од ротвајлер:D.Ама чекај, теориите на завера допрва почнуваат....Тиру риру ...
А од кај си па ти сигурна дека го каснало ротвајлер?
 
А од кај си па ти сигурна дека го каснало ротвајлер?

Мистерија решена!!!! Се шекнав од смеењe:)

Петар Печков
Објавено: петок, 22 јули 2011 5 0

Иако не е први април, сигурно ја слушнавте приказната дека на велешко езеро НЕШТО каснало дете и тоа останало без нога. Сом, ајкула, како деновиве минуваат така интензитетот е се поголем а приказните се пострашни.
Заради вистината ТРМР се обрати до единствените кои можат да кажат што се случило, луѓето кои мораат да знаат ако нешто такво имало, докторите. Директорот на ЈЗУ Општа Болница д-р Ванчо Граматов изјави дека последните две седмици кај нив не е примен пациент на кој му е оштетен било кој екстремитет, рака нога како последица на каснување од било што а најмалку од некакво животно во езерото Младост.
И началникот нa Итната помош д-р Владо Хаџи Наумов со идентичен одговор, дека тие не интервенирале во настан каде на дете му е гризната нога. И двајцата доктори се насмеаја бидејќи и тие ја слушнале оваа ,,страшна,,приказна, и сакаа на овој начин да демантираат дека на велешко езеро Младост имало било каков инцидент поврзан со каснување на дете од некакво водно животно.
Луѓето што таму кампуваат пак посочуват дека приказната е почната откако пред недела дена таму е каснато тригодишно дете од Штип, од одбегнато ротвајлер куче. Овој настан е евидентиран и од СВР Велес.

од tirekovmirece.com
 
ќе видиме дали е така или кријаат нешто или пак..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom