САД се соочува со банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
САД се соочува со банкрот


Соединетите Американски Држави се соочуваат со банкрот доколку адмистрацијата на Обама не успее до втори август да ја зголеми границата за задолженост на земјата.
dolariopsto5_62063.jpg

Горната граница е достигната заради што Белата куќа вчера упати апел до републиканците да го поддржат нејзиното поместување.
Ако САД првпат во својата историја не бидат во состојба да ги платат сопствените долгови, последиците за американската економија ќе бидат огромни, порача Обама.
Намерата е за сметка на зголемиот лимит за задолжување да се укинат даночните олеснувања за милионерите и во нафтената индустрија, како и да се воведат нови даноци кај банките.
Републиканците на ова остро се спротивставуваат и преговорите се блокирани. Банкрот на САД би бил со несогледливи глобални последици, предупреди ММФ.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/sad-se-soochuva-so-bankrot

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139947
 
ако тие одат во банкрот цел свет ќе оди во банкрот :)
 
одиме сите у пм заедно :) тоа ти е кого економии се потпираат на економии :) домино ефект
 
Ова априли-ли-ли е.
 
Хмм, точно дека се во тешка состојба, ама банкрот нема шанси. Таква економија како САД нема теоретски шанси да дозволат да пропадне. Републиканците прават галама, демек заштитници на побогатите американци, ама знаат дека ќе мора да попуштат.
 
Нормално дека ќе пропаднат кога парите наместо на развој и прогрес,ги трошат во Ирак,Авганистан итн. само и само да ги задоволат апетитите за пари и ќеш на еден грст повампирени луѓе кои се всушност вистинската власт во Америка,а ние претежно ги знаеме како нафтено и воено лоби.Мрежата која овие луѓе ја имаат поставено е таква да,всушност цела Америка работи за да ги задoволи нивните мрачни страсти,само во Ирак потрошија 3 трилиони долари(вака изгледа во бројки >3-ka со 12 нули).Ова воопшто не ми изгледа како виц и како заебанција,ова е реалност која ја чека Америка и тоа во блиска иднина.Исто така,сметам дека митовите за Америка како ветена земја,за супериорната американска економија полека паѓаат во вода,посебно денес со подемите на Кина и Индија,се надевам дека америте ќе извлечат поука од она што сега се случува во пола Европа.
 
САД имаат веќе долго време проблем со енормниот надворешен долг и економијата. Автомобилската индустрија е тапа -- најгрдите и најзастарени коли се произведуваат во САД. Главниот „столб“ на економијата се банките (кои рикнаа, па добија неповратни средства од државата). Пазарот со недвижнини е во колапс, доларот и понатаму тоне...а Ирак и Афганистан се црни дупки кои голтаат пари на даночните обврзници. Америка е единствената западна земја која и понатаму „билда“ армија и вооружување и ги плаши своите граѓани со исламски и комунистички ѓаоли. А цената за тоа е вртоглава. Умреа времињата кога Американците можеа да шиткаат демократија и да „шамараат“ држави и влади, како ќе им текне. Европјаните не ги ѕенѕаат веќе, си ги гледаат своите интереси и проблеми. Во светот нема веќе нафта да се краде, што можеа да искрадат на Кафказот (по распаѓањето на СССР) и на Блискиот исток -- искрадоа. Еве, Либија е веќе готова работа, останува уште Иран. Само, Иран има нуклеарно оружје и фрик за претседател. На внатрешен план, Америка има најјака машинерија за перење мозоци -- квалитетни информации нема по медиумите, се` е сведено на инфотеинмент и какофонија од небитни сензационалистички информации набиени во саундбајти. Огромното мнозинство Американци повеќе ги интересира спорт и моронски reality shows. Се прејадуваат со евтина генетички модифицирана храна и живеат во заблуда дека тоа е благосостојба. САД е единствената земја каде што има милиони луѓе кои се гордеат што немаат пасош и тврдат дека живеат во "The best country in the world!" Како може да не пропаднат?
 
Edno e sigurno, ako rikne amerika otide cel svet upm. Nikoj nema da ostane zdrav.
 
ако рикни Америка,Кина и Индија се тука да ја заменат (y)
 
хахахаха абе нема што, сите земји во светот ќе пропаѓаат, само Македонија ќе остане..:)
 
хахахаха абе нема што, сите земји во светот ќе пропаѓаат, само Македонија ќе остане..:)

Ништо не пропаѓа, само доживува трансформација.
Грција од просперитетна земја која и копаше дупка на Македонија, испадна вукојебина каде секој ден се повеќе и повеќе убавите излози од грчките продавници се претвараат во искршено стакло. Исто и со САД, да не мислиш дека се вечни. Или ќе се трансформираат во опшество кое ќе штеди и ќе живее како остатокот од светот или Балканот ќе им биде приказна за добра ноќ.
 
Најголема закана за САД е замената на доларот за некоја друга валута. Кина последиве неколку недели продава големи суми долари ($2 или повеќе милијарди дневно) од своите девизни резерви и третина од тие суми ги префрла на евро. Заради тоа расте курсот на еврото.

Кина е на второ место меѓу земјите што поседуваат Американски хартии од вредност и сходно во голем дел ги одредува движењата на светската економија и влијае на донесувањето на политичките одлуки. Преку купување евра, Кина ја поддржува економијата на еврозоната и со тоа многу го зајакнува политичкото влијание во Европа. Преку купување на дел од грчкиот долг, Кина влезе во двете најдоходовни гранки во Грција: туризмот и бродоградбата/бродскиот сообраќај.

Кинескиот план да ја диверзификува структурата на златните и девизни резерви дефинитивно покрај финансискиот има и политички карактер. Тоа се огледува и во фактот што нема ни глас во ЕУ за кршење човечки права во Кина, туку само се зборува за економскиот потенцијал кој што го пружа таа земја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom