Полициска бруталност се појави и во Србија

  • Креатор на темата Креатор на темата Пропалица
  • Време на започнување Време на започнување

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Локација
77.94.48.5:80
Полициска бруталност на видеоснимка на „you tube“ ја потресе српската јавност. На снимката под наслов „српска полиција? изживување врз ромско момче“ се гледа како полициски службеник удира момче со нозете во главата, најверојатно во полициска станица.


Ресорниот министер Ивица Дачиќ рече дека веќе дал налог да се истражи случајот и да се суспендираат учесниците.

Според него, снимката е стара една година. Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија побара да се утврди автентичноста на материјалот и да се преземат сите неопходни мерки.

Видео:
http://www.youtube.com/watch?v=59pnQ4iofes&feature=player_embedded

.
 
Спамериии јуууурииииш. Рум дум дум и другото.

Оди во друг подфорум.
 
Пак ќе кажам, Србите се најлош народ во светот. Нашиве тоа го прават скришно а овие на камера бре брате :)
 
катастрофа ууу мајкууу..............
 
Значи сега се појави полициска бруталност во Србија.Шокиран сум.
 
Полициска бруталност "се појави" и во Србија. Демек ние ја измисливме а дури сега се појави и во Србија. Досега не постоеше.
 
Често патувам во Србија и можам да кажам дека основниот проблем на полицајците таму, но и многу пошироко, е што не се доволно школувани односно обучени за работата што треба да ја работат. Не можеш бе да запослиш незрели "зелени со пелени" деца од по дваесет и кусур години, а да се неприлагодени на работата. А да не збориме дека често има и проблематични особи.

Проблемот е очигледен и е не само регионален туку е и европски. Во Австрија на пример, каде што исто така често одам, многупати сум приметил полицајци како се иживљаваат посебн осо послаби цигани, црнци и слични.. Значи типови чија што желба за власт врз другите често води во конфликтни ситуации.

Кој што сака нека каже, ама знам дека џандарите во Австрија ги штити прво полицијата, а после и државата бидејќи често работат со емигранти, па неправилностите и бруталнота им доаѓа како нармална работа или однос "што ми можеш". Па иди ти после жали се дека те малтретирал. Јасно дека не се сите полицајци такви, но загрижува фактот дека премногу се тие што носат униформа за да лечат лични комплекси.
 
Стоп за полициска бруталност - НАСЕКАДЕ!
Инаку јасно е дека не се појавила сега бруталноста на полицијата, туку сега излегла на површина (со снимки и сл), можеби поттикнати и од ова кај нас што се случува..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom