Зависност од член на форум

  • Креатор на темата Креатор на темата stefanija.s.
  • Време на започнување Време на започнување
Легално е ова? Ако се расчуе за оваа наша зависност, ќе се забрани со закон... Такви се работите кај нас :cool:
 
Зависен сум од Леандра кога ренда штипикурци, обавезно кафе варам кога ќе нечекам ситуација.
Или кога ќе се сретнат Ставрогин и добропознат на иста тема, а вториов прв индиректно ќе го навреди и испровоцира првиот...
 
Зависна, не.
Некои никови кои сум ги запамтила, дали претходно сум прочитала мислење од нив кое ми се допаднало или интересни ми се за читање, нив ги читам кога ќе им излезе никот во некоја тема.

Не манијачам, ме мрзи да го трошам мозокот за тоа.
 
Па нема никаква вредност форум како форум без членови кои ги следиш и поштуеш. Немам потреба да пишувам на теми ако не сакам на некои притоа да им укажам на мојата перспектива.
Sussaro го проверувам еднаш месечно да речеме, да видам дали му се проширил хоризонтот или не, и колку добро ги склопил своите еднострани размислувања.
The Magus, Vespertine, Антоние, sp4wn, некомерцијално интересни, уживам коа ќе ги начекам на теми, ама не им праам класично stalk-ирање како на Сусаро. :)
Некои што ме интересирале ко за дружење, на слична бранова должина, поише се, сум ги запознавала/ зимала број/ аднувала на фб, па бар знаеме како да се најдеме доколку се откажеме од форум, а и за да не се заборавиме. :)
 
Порано може да имав идоли на форумов, оддамна неам веќе, пораснав...јебига. :D
 
Од @Драа Кајгана
ако има и члан сс никнејм ракија, или рака

Не, ама има некои што су упадљиви сс луду фрики креативност, лунатик упорни ставови,сс позитивну дозу за умереност,природни општестфени појаве што си искажуеф сфе реално
Не ги именују ск за ск, не ги ни знам толко, ама интересни су некои
 
Никогаш не сум имал зависност од форумџики или форумџии на форумов. Премногу долго сум на форумов, сум видел многу народ како доаѓа, и како си оди од форумов. Понекогаш ме фаќа носталгија, ама се држам некако :)
 
Не манијачам, ме мрзи да го трошам мозокот за тоа.
Како можеш да манијачиш на форумов :S Освен Стеф речиси никој не става негови фотки на профил :)
 
Мене па ми се прочита, зависник член на форумот.. Можеби бев порано зависен од членовите во Музика, денес далеку од сето тоа.
 
Да речеме дека има некои членови за кои си имам создадено слика во главата, ама не би сакала никогаш да ги запознаам зашто знам дека не можат да бидат толку идеални колку што јас можам да ги направам.
 
Како можеш да манијачиш на форумов :S Освен Стеф речиси никој не става негови фотки на профил :)


Мислев константно на некој да му ги читам мислењата, не мора слика да има ставено за да биде манијачење. :)
 
Ја иам зависни од мене. AnFem Gregor AlternativeF :love:

П.с Бев принуден и профил да затворам. Нападни!

I'll just leave this here
iQOSjMe.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom