Вашите анегдоти

  • Креатор на темата Креатор на темата macko i
  • Време на започнување Време на започнување

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.908
Поени од реакции
1.674
Возраст
35
Локација
Скопје
Гледам нема вакава тема ајде малку да се насмееме на наша сметка. Сигурно секој од нас има смешна случка епа еве тема да се постират. Еве јас ќе започнам:
Седиме вчера со братучет ми во парк и на 2 метри од нас една женска збори на телефон и се слуша прашува : Кај си? Јас онака на шала : Еве на автобуска! а таа нормално збори на телефон и вели : е зошто лажеш не си таму :D
 
убо ти текнало темава баце :) мене не ми текнува анегдота некоја сеа,коа ке ми текне ке пишам
 
Пред некоја недела ми се дешава, идам у маркет по пиво. А некаде 19 саат беше, за малце ќе затвореа алкохолот и си земам Скопско идам на каса. Женава вика: -Имаш 18? Јас таков целиот збунет викам: -Е од кога Скопското 118 го качиле.. чекај да видам мислам дека имам. И таа ме гледа збунето. И јас ја гледам збунето зошто таа ме гледа збунето. И одеднаш се освестив дека ме праша за годините. Викам леле абе имам 18 ако треба лична карта да покажам? Таа: -Не,не добро е. Викам: -Леле, извинете се замислив нешто..

Башка имаше едни девојчиња позади, јас си се исмејав на моја сметка и си искочив испотен од срам :D
 
А денес се среќавам со едне другар одам накај автобуска и застанав со него и ми вика ќе си одиш да бе еве одма на автобуска ама незнам кога имам автобус ( земам да вадам мобилен да видам колку е саат) и овој ми вика абе 13,45 е! Ај жити се од кај знаш дека е тогаш? И само ау абе ти ми кажуваш колку е сат а не дека автобусот е во толку :ROFLMAO:
 
Ова ми се случи точно пред една година,после долго време бев излезена со другарките во диско, и во наше друштво дојдоа едни машки што до тогаш не ги познававме. Не знам како дошло до тој муабет за ладните раце и нивниот знак (дека ако рацете ви се ладни значи сте биле добри и во кревет) јас појма немав за тоа а рацете ми беа ладни во тој момент (а и секогаш ми се). И не знаејќи за што збореле со моиве другарки ме прашува еден од машките и беше упорен да ме фати за рака да провери, а јас за да го отргнам му викам а не, не ми се само сега туку секогаш ми се такви, и тој се насмеа. После кога дознав ќе ги убиев другарките, се усрамив а којзнае и машките што помислиле за мене.
 
ау да.....:)
во такси од ПрилеП за Битола...и кај клучката за Битола.....возачот прашува кај одите......
а јас му велам Битола ( а договорени дека Битола одиме)
тоа човекот прашал за локација во тоа Битолата
а другарките на сестра ми се смееа назад....
блам море еј!
 
Ова им се има десено на двајца мои пријатели пред неколку години. Мислам дека биле у Охрид у некој дискич со друштво од 2 Германки. И знаеш збореле на англиски со нив,а они двајца меѓу себе си збореле на коментирале на нашки. И Германкиве стално питуеле што значи тој збор што значи овој и ги прашуваат за зборот „сеир“ да им го објаснат,и овие думале али не им текнувало. После 15 мин. надвор се дешава тучњава и овие од горе од џам гледале и се смееле,коментирале и Германкиве прашуваат шо се дешава па не е за смеење,и едниов: You see now my dear,this is "seir" :p
 
денеска во пошта, плаќам уплатница и на местотo на име и презиме сум пишал улица "Димитар Влахов", и тој ми вика ти си Димитар Влахов, јас разбрав дали таму живеам викам -Да, и ми вика "А знаеш тој од кога е умрен" :cautious:

останав вака :eek:
 
собрани друштво ладење ова она гледаме телевизија орбис некоја политичка емисија ама не гледаме дека е реприза туку мислиме во живо е и гледаме телефон за контакт ...си почнуваме да вртиме телефони и се јавува типов од орбис: -абе извинете реприза е емисијата шо ја гледате вика...
абе паднавме под маса од смеење

друго другарче работи во маркет на сувомеснато иди стара типка 65+ годинки зема некоја салама и сеа другаров и вика сечена на парчина да биди или цело парче да ви го спаковам?
и типкава вели: добро
 
Се собираме друштво зимаме за пиење за јадење и ќе одеме кај едно другарче т.с мислам дека кај нашиот Нерешителен одевме тогаш ...:)
Гледаме едно такси и влегуваме внатре и назебанција ово оно таксистов прашува каде да не носи јас му ја кажувам улицата ама не ме слушна пошо се свртив наназад кај другариве и им викам на заебанција е сега одиме за Киргистан ... :D и таксистов си вози ли си вози низ Велес , јас се чудам шо е работава никој таксист не нема носено по овај пат ... и така после некое време го прашуваме абе чиче каде не носеш ти ? и овој вика па во Киргистан бе нели ми рековте ... ние сите се газиме од смеа :ROFLMAO::ROFLMAO:... вртење колата и не однесе кај шо треба па и на крај испадна фер и не ни зема толку пари колку шо требаше за возењето .. :)
Охх имам уште милијарда вакви далги ајде после пак ќе напишам уше нешо :D
 
Се сеќавам у основно кога им упаднав на сред разменување телесни течности на еден мој професор и професорица...Хухухухуху , никогаш нема да заборавам...
 
Се сеќавам у основно кога им упаднав на сред разменување телесни течности на еден мој професор и професорица...Хухухухуху , никогаш нема да заборавам...
Хахаха и нивна реакција?
 
Професорица имаше трогателен крик, а професорот мислеше дека страшно добро му оди со пенисовидниот орган, не ме ни примети и у транс и вика "Ти се свиѓа ли...?"... Му ја здувнав од вратата, со румени обравчиња, сега би реагирал поинаку, тоа дефинитвно ;)
 
2ца мои другари (пушачи) стопирале кола од Дојран до Гевгелија и ги качил некој со комбе , и овие го прашале шоферот- абе се пуши тука?? и овој рекол, па ако не ти пречи воланот :D:D:D
 
Пред 5-6 години случкава, возам со велосипед по удолница, шибам надолу и во еден момент губам контрола и паѓам. Доаѓа еден дечко да ми помогне и ми вика полека бе дете ќе се убиеш, те гледам возиш со голема брзина. И ми подава рака, јас станувам и му викам не бе каква голема брзина со 4-та возев. По 10-ина минути ми текна на што мислеше и сам си се смеев, дечкото сигурно помисли некоја ретарда сум :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom