Бугарски пасош - Да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата DANI_M
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Macedonian_passport.png

само овој го имам...и доволен ми е

Исто.
 
Кога ќе дојдеш до питачки стап и ќе сакаш да си го прехраниш семејството по секоја цена, ќе заборавиш на патриотизмот и ќе тргнеш кон „спасението“...ги оправдувам само оние што навистина се мизерни и неможат да преживуваат во Македонија, а за тие што бегаат од аздис немам коментар, не заслужуваат да бидат Македонци. Но, тоа е само мое мислење
Така некако и јас размислувам, ама досега од луѓето што ги знам, а се со бугарски пасош, ама баш ниеден не беше дојден до питачки стап.
 
Зависи за што ви треба ако е за работа надвор и заработувате повеќе од наша Македонија тогаш одговорот е ДА.

Знам доста луѓе што се занимаваат со бизнис надвор и имаат пасоши .

А од патриотизам не се живее и нема врска дали имате српски ,германски ,кинески пасош тоа не кажува дали сте Македонец и гинете за државата и Гоце Делчев имал Бугарска школа и се пишувал како Македонски бугарин па си ја сакал својата држава и се чувствувал како Македонец.

Затоа би го замолил модераторот да ја стави темава у корпа ,доста е веќе со вакви срања на народот уше ова му треба.

пораснете

Ова како к-15 дали си за германците или русите ,сакаш баклава или тулумба .хаххахаха
 
Ниту сум видел некој да дојде до питачки стап,ниту пак сум видел некој да умре од глад,е сега некој ако е алчен слободно нека си го продаде газот,но нека не мисли дека нема да има последици за продавањето...
pa izgleda ne si ja videl makedonija vo pravoto svetlo
 
да да...незначи дека за пари се продава човечка душа....
 
Боже пази, никогаш..ни мртов..
 
Што е поголемо предаство тетоважа од ЈНА или бугарски пасош?

Не.
 
Што е поголемо предаство тетоважа од ЈНА или бугарски пасош?

Не.
тетоважата ништо не докажува за идентитетот на еден човек,но со пасошот каде и да одиш ќе бидеш деклариран спрема тој истиот
еве на пр. албанциве од кај нас каде и да се сакале или не морат да се запишат како македонци
 
Немам бугарски пасош, нема ни да го имам но да ја продолжам играва

Што е поголемо предаство газење на македонското знаме или бугарски пасош?
Промена на македонското име или бугарски пасош?
Плукање на се што е наше ( македонско) или бугарски пасош?
Величање на српскиот турбофолк или бугарски пасош?
Поделбата на Наши и Ваши или бугарски пасош?

Зошто се вртиме во круг? Зошто историјата ни се повторува? И кога еднаш ќе се обединиме...?
 
Никогаш не би извадил,и без пари да ми го даваат не го зимам....Колку и да ни е окапана земјава,колку и да не чини,колку и да пропаѓаме ја сум МАКЕДОНЕЦ..За играва ја сум у аут....
 
Премногу лично сваќате некои работи. Секој може да си бира што сака да биде, сакавте демократија, човекови права, сега ви е крив Господ за Спаска Митрева. Кога може еден поранешен премиер да тресе зелени јавно на телевизија и сеуште (колку што знам) си е жив и здрав, зошто да осудувам некој друг кој зема бугарски пасош. Ова се вика типичен пример на морален хазард, google it.
 
јас сум фанатик кога се работи за мојата земја....
ни за пари...ни за ништо...не би зел бугарски пасош...или како било друг...доволен ми е еден....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom