Патување со автомобил низ европските градови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Peaches
  • Време на започнување Време на започнување
Супер ви е идејата да патувате со автомобил. Според мене со сопствено возило е најубаво и најкомфорно. Секако поскапо ама се исплати. Имаш голема слобода да отидеш кај сакаш и на места кај што не си планирал од почеток. Ако ти се допадне некој град можеш да останеш и подолго. Со железница дали како прво ќе успееш да се разбереш со сите да купиш билет, а камоли друго. За Италија не се грижи не крадат како што ти кажаа, освен легално а тоа значи дека знаат да те убедат да купиш нешто :) . Паркинзите по европа не се којзнае колку скапи, а тоа значи 2 евра за саат, ама најчесто е евро - евро и пол. За одење до Шпанија не можам да ти кажам ама до Франција да. Може да отидеш во Хрватска ако сакаш преку приморје до Словенија ако имаш желба мој совет е да ја посетите Постојна Јама што е на само 6-7 км од автопатот. Во Италија почнуваш со Венеција, Фиренца, Милано, Торино, Савона, Џенова, Сан Ремо и преоѓаш во Франција преку Монако па Ница по проморје се до Шпанија. Резервација за сите хотели и не мора, зошто во тие места ги има многу и ќе можеш да најдеш и без резервација. Патарини отприлика мислам дека Србија е околу 30евра, Словенија 30евра ( таму имаш винетка што ти важи 6 месеци така да тие 30 ти се и за назад). Италија околку 50-60 евра цела да ја поминеш. За Франција знам дека до Ница е 2 евра :), а тоа е нели малку пат. Најубаво е да земеш ако можеш еден навигатор од Tom-Tom со нова карта на европа, и немаш гајле, само пиши дестинација. Плус и покажува каде има камери. Брзо возење не е препорачливо дека има доста полиција по патиштата до словенија и цивилна, а европа поради проблемите со бегалците од Либија. Полнење на резервоар секаде само не во Хрватска, таму бензинот на најскап. По Европа е од 1,3 до 1,5 евро за литар.
Секако провери на нет има за се што те интересира, секако подетално и поточно.
Поздрав
Патувањето со автомобил е фантастична идеја...Со сопствено возило добивате слобода и флексибилност – можете да одите каде сакате, па дури и на места кои не сте ги планирале. Ако ви се допадне некој град, можете да останете подолго. За разлика од железницата, нема комплицирано купување билети или ограничувања.

Во Италија нема потреба да се грижите за кражби, освен „легалните“ , кога ве убедуваат да купите сувенири. Паркинзите чинат 1-2 евра на час, што е сосема разумно. Маршрутата може да оди преку Хрватска и Словенија (посетете ја Постојна Јама), а потоа преку Венеција, Фиренца, Милано, Џенова, и Монако до Франција. Хотели има многу, па нема потреба од резервации.

Патарини: Србија 30 евра, Словенија 30 евра (винетка), Италија 50-60 евра, Франција до Ница 2 евра. Навигатор со ажурирани карти ќе ви биде корисен, а за брзо возење внимавајте – има многу контроли. Полнење резервоар избегнувајте во Хрватска; во Европа цената на горивото е 1,3-1,5 евра по литар.

На крај, проверете информации на интернет за дополнителни детали. Среќен пат и уживајте!)))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom