Како да се преведе? Прашања и примери за превод од и на македонски

За ова во моментот не ми текнува нешто добро, ќе размислам. Бидејќи, на македонски тешко може да се изведе глагол, или глаголска придавка од именката „род“.

Да, на англиски од се` можеш да наравиш глагол, на македонски не, и затоа некогаш мора перифрастички да се преведува.

We are all gendered to behave in certain way -- like boys or girls.
(Сите сме воспитани родово да се однесуваме -- како машки или како женски.)

Ова е можеби подобар превод:
Сите сме родово воспитани -- како машки или женски.
 
Според Речникот на македонскиот јазик, именката род во македонскиот јазик означува:
  1. основна заедница на првобитното општество: родот е основната клетка на првобитната заедница
  2. ред поколенија кои потекнуваат од еден предок: македонскиот род успеал да се одржи
  3. лица блоски по крвно родство : близок род сме
  4. плод, рожба: од нас да остане род
  5. при научна класификација - група животни или растенија со општи признаци; група предмети, појави, поими со општи белези: главен претставник на родот на мачките; сите тие проблеми се од ист род
  6. вид, сорта род на оружје, род војска
  7. граматичка категорија во некои јазици: машки, женски и среден род
Значи зборот што тебе ти треба е пол, а не род.

Јас мислам дека реченицата:

Ѕexual violence is gendered violence.
Би требало да се преведе како:
Сексуалното насилство е условено од половата припадност / полот на поединецот.)
или
Сексуалното насилство е условено од половата припадност.

ама ова:
We are a gendered society at birth.
би го превела вака:
(Доаѓаме на свет како полово определени суштества: како мажи или како жени.
Доаѓаме на свет како мажи или како жени.
„Се раѓаме во родово (определено) општество.

е сега, кога сме кај ова,
Fighting and shooting games are typically gendered games.
овде би можело да стои како што е:
(Игрите со борби и пукање се типично родови игри.)
или
Игрите со борби и пукање се типичен пример за игри определени според полот, т.е. машки и женски.

We are all gendered to behave in certain way -- like boys or girls.
(Сите сме воспитани да се однесуваме според полот -- како машки или како женски.)

Во Македонија постојат родови студии , назив којшто е преведен и веројатно е најадекватен, иако мене ми звучи мнооогу невообичаено за нашето поднебје.
 
Многу ти благодарам за анализите!:)
Може многу да се дискутира по темава -- јас на кратко. Пол (sex) е биолошка категорија, а род (gender) е социолошка. Значи, кога се вели сите сме воспитани (gendered) да се однесуваме како машки или женски, се мисли на социолошката матрица. Еве зошто: нема ништо биолошко во носењето панталони (за мажи) и носењето фустани (за жени), исто како што нема ништо биолошко во облекувањето на машки деца во сино, а на девојчиња во розе. Се надевам ми ја разбираш поентата. Значи, полот е сосема јасен -- постојат биолошки полови белези, но родот е поширок поим и се формира во одредена културна матрица. Таквите културни матрици создаваат „женски“ и „машки“ професии, улоги во општеството, стереотипи за интелигенција, итн. Пример: жена може да игра улога на маж (во родовска, социолошка смисла) а биолошки да биде жена. Ова е познато во многу култури -- најблиска до нас е албанската, каде порано, некои вдовици ја преземале улогата на мажот по неговата смрт -- ја стрижеле косата, се облекувале како мажи, и раководеле со фисот (племето) како глави на семејството. Инаку, родови студии е секако најадекватен термин, невообичаен за многумина, бидејќи ова е релативно нова дисциплина заснована врз пак, релативно нов социо-културолошки концепт род. Од овие причини, не би се сложил со некои од твоите понудени преводи.

Поздрав!:)
 
Петар, ми беше задоволство. :)
ЈАс те разбирам на што мислиш, и всушност најбитна е целната група, т.е. кому му е наменет текстот.
Кога на неупатен читател ќе му напишеш Сите сме родово воспитани - тоа е нејасно.

Ако се наменети за одредена група којашто е упатена во проблематиката, тогаш пак појаснувањето што го правам јас, ќе направи поголема збрка.
А тоа се нови термини во македонскиот јазик, т.е. стари зборови кои добиваат нови значења и веројатно треба да помине малку повеќе време да „легнат“.
Поздрав

Една смешка: одредена група луѓе во МАкедонија требало да пополнат прашалници, а на оние што се изјасниле дека знаат англиски, им дале прашалници и на англиски.

под точката на којашто пишувало Sex (пол), некои напишале: YES. :)
 
ЈАс те разбирам на што мислиш, и всушност најбитна е целната група, т.е. кому му е наменет текстот.Кога на неупатен читател ќе му напишеш Сите сме родово воспитани - тоа е нејасно

Да, признавам не чини -- затоа барав подобар превод. И ти благодарам!:)

А тоа се нови термини во македонскиот јазик, т.е. стари зборови кои добиваат нови значења и веројатно треба да помине малку повеќе време да „легнат“.

Сигурно, како и во секој друг јазик.

Една смешка: одредена група луѓе во МАкедонија требало да пополнат прашалници, а на оние што се изјасниле дека знаат англиски, им дале прашалници и на англиски.

под точката на којашто пишувало Sex (пол), некои напишале: YES.

Фала богу, замисли да напишат NO, па да испаднат сељаци.;)
 
Абе се` ова е одлично замислено, само треба од темели да се започне со описменување, па потоа и со преводи. Како на пример, да се убеди мнозинството форумџии дека Македонец се пишува со голема буква...
:)
 
Можеби терминот родова припадност би бил посоодветен.
Ако се работи за книга, не е лошо уште во предговорот да се каже што се подразбира под род, родова определеност, родова припадност, пол, полова припадност, или дефинициите да се напишат на нешто како букмарк, за да:
  1. не мора читателот повторно да се враќа на предговорот
  2. да се избегне големиот број фусноти кои исто така го одвраќаат вниманието на читателот
Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom