Зашто и мене ме засега што и тебе, ќе ти кажам како јас ги сфатив работите и како реално стојат.
А добро, чим толку знаете, кои фирми им даваат убави плати на програмерите?
И сите погоре што пишавте немате лично искуство со фирмава туку рекла казала.
Да се разбереме, и јас сум слушала лоши ствари за Сивус, ама факт е дека е најпозната фирма од оваа област и многумина од штотуку дипломираните програмери баш таму одат да работат.
Друго, знаете за пракса како иде во Сивус-колку плаќаат?
Прво "платата" што ти ја даваат за пракса, не само во Сивус туку секаде, е ситница, околу 4000 денари одприлика, чисто колку да имаш нешто за превоз и за доручек.
Е сега околу Сивус, ако ништо друго, барем ќе видиш каква е атмосферата во голема фирма, како е да се работи во тим и секако ќе научиш доста. Ова зборам за пракса. Гледам другиве сите го свртеа муаетот на работа, па околу работата да знаеш дека скоро во секоја голема фирма е истата приказна. Секаде се работи прекувремено, секаде ќе ти ја вадат маста од работа

Платата никаде не е фиксна т.е. не е фиксно дека мора толку и толку да зимаш, едноставно колку ќе се продадеш на интервјуто, со толку и ќе почнеш, и од таа почетна плата ќе ти зависи остатокот од кариерата во ТАА фирма.
Од друга страна, тие што напуштиле и што лаат по Сивус... Како сакаш така можеш да го сфатиш. Македонскиов дел од Сивус сигурно има 3-400 вработени, да не чинело, немало да бидат толку така? Тоа е исто како професорот во средно кога ќе ти стави кец за незнаење, прво нешто што правиш кога ќе искочиш е го пцуеш, ваков е таков е, најглуп на свет, он на тебе кец ке ти става... се најлошо ќе изнакажеш за него на другите

а уствари ти си бил кривиот.
Така е и со Сивус. Само вработениот си знае зашто напуштил од Сивус... условно кажано

Обично ќе влезат во Сивус, ќе ги пројдат интервјуата, ама после со работата тешко се снаоѓаат или едноставно не ги бива доволно да работат на толку сериозни проекти, неможат да издржат толкав напор, неспособни се, ја утнале професијата... и напуштаат

Е сега колкава ти е имагинацијата, толку причини за напуштање да најдеш, али верувај, не секогаш е крив Сивус.
Ако си бил добар и добро си се покажал, Сивус ќе те задржи и ќе вложува во тебе, а ако си бил тарабука... знаеш дека ќе те дупат, не само во сивус, секаде е така. Па после ќе лаеш колку бил лош Сивус.
Сеа пред некој месец коа дојдоа да праат анкети кај нас на Електро , ја мислам 80% од студентиве на прашањето *на што ве асоцира кога ке чуете Сивус* пишаа Робовладетелство
Срамота е какви плати им даваат на програмерите/тестерите према тоа колку заработуваат од проектите ....
Јас во анкетата напишав дека ме асоцира на: Не им даваат плати на програмерите. Меуѓутоа како што запознав некои дечки што сериозно си работат во Сивус, дечки што стварно се добри и што вредат, сфатив дека не сум бил баш во право

Си имаат и супер плати, супер услови, Сивус вложува во нив, ама дечките стварно си ја знаат работата, имаат што да понудат.