Кајганџии во акција за собирање на стара облека (08-12.06.2011 год. - плоштад Автокоманда)

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
По успешната крводарителска акција кајганџиите повторно имаат можност да ја покажат својата хуманост. Овој пат организираме акција за собирање на стара облека, која е во соработка со Црвениот крст, со цел да им помогнеме на оние на кои им е најпотребна нашата помош.

Акцијата трае 5 дена (08-12.06.2011 год), а ќе се одвива на поставениот штанд на плоштадот во Автокоманда од 16-20:00 часот.

До започнување на акцијата, планирано е да се формираат тимови од форумџии кои би ја собирале старата облека на штандовите.

Оние кои се заинтересирани може да се пријават на темава.

Се што треба да направите е да ја соберете старата облека и да одвоите малку време за да подарите среќа и радост на многумина.
 
Јас се пријавувам за учество во оваа акција.
 
се пријавувам :)
 
Се пријавувам и јас, и препорачувам :)
 
Поздрав од екипата од Црвен Крст од Велес..месецов имаше веќе две овакви акции,едната ја организираше Црвен Крст , а другата политичката партија ВМРО..собравме доста облека:cool:
 
Се пријавувам и јас, и препорачувам :)

Колку јака опција! Само црвенките ми недостасуваат, другото е супер! :)

И јас со огромно задоволство ја препорачувам оваа акција! :D
 
Конечно реализација:)
Браво и најверојатно се гледаме таму:)

п.с.Препорачано и од мене :D
 
Само да ве потсетам дека 10.06.2011 год. - петок е неработен ден. ;)
Искрено се надевам дека акцијава ќе биде успешна и масовна.
 
Би учествувала, бравос за идејата (y)
 
Ќе донирам, а постои голема веројатност и да ве подружам на плоштадот.
 
Имам многу стара непотреба облека, за жал не сум од Скопје туку сум од Велес ..
 
Имам облека која што можам да ја донирам и не е носена, само е демоде.

Само не можам да дојдам, а што празник е во Петок што не се работи?
 
Баш прееска се прашував што да се прави со старата облека на мене и брат ми, така да сега го добив одговорот. Се гледаме :)
 
Имам облека која што можам да ја донирам и не е носена, само е демоде.

Само не можам да дојдам, а што празник е во Петок што не се работи?
Во петок на 10-ти е Духовден, затоа не се работи. Зошто не можеш да дојдеш? Греота е облеката да ти стои неискористена, кога други имаат потреба од неа. Не можеш да дојдеш друг ден? Акцијата трае од 08. до 12. јуни - што ни остава 5 дена за донирање. Патем, еве го видеото од минатата акција. Ако се чудите што е со музиката, тоа е всушност песната што ја изнаслушавме додека ја собиравме облеката на плоштад, па решивме да го зачиниме видеото со неа :D

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom