Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Promocija%20na%20novi%20fasadi%20%283%29.JPG

Јас мислам дека вакво ремек дело светот не видел до сега, едино може да му конкурираат хотелите во Боговиње и Врапчиште..
Прв пат, коа ја видов сликава мислев дека е од таму негде. Си реков, еве уште еднаш "добро" потрошени пари од бело робје, пљачка и слично....
Али коа заглеав поубаво од кај била сликава....
(мада ко што шиткаат нашиве све на УЧК, могуче е и инвеститорот преку дизајнов да си го открива идентитетот)

Иначе ова е ОК, само се надевам дека се доволно паметни да не дозолат да им се начукаат АлКаедаУЧК, ќе им се ебе и населба и Марино и све....
 
Учете што е независна институција на Република Македонија, бидејќи само таа ни остана:
НАРОДНА БАНКА ГИ ОТФРЛИ ИДЕЈНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА НОВА ЗГРАДА

NBRM_FOTO.jpg

Што и` недостасува на модерната стара зграда?
Народна банка соопшти дека не ги прифати идејните проекти за изглед на нова зграда која би се градела на плоштадот „Македонија“ и дека ја враќа доделената парцела, со барање за доделување на нова парцела. Во соопштението на Народната банка се вели:
„Народната банка на Република Македонија подолг временски период презема чекори, согласно со своите развојни планови, за изградба на нов функционален објект којшто ќе ги задоволи сегашните и идните потреби на банката. Заради тоа, изготвивме проектна задача и објавивме анонимен конкурс за изработка на идејно решение за нов објект на Народната банка на Република Македонија.
Комисијата составена од девет члена, истакнати професионалци, професори и академици од областа на архитектурата, градежништвото и уметноста, заклучи дека: „трудовите коишто беа доставени не понудија објекти што се препознатливо архитектонски проектирани и дизајнирани со современи конструктивни системи. Во понудените решенија нема архитектура со еден похрабар концепт, современа технологија, богат колорит и материјали, ниту пак архитектура што ќе дава посебен дух и белег на плоштадот Македонија и на пошироката околина на центарот на Скопје. Понудените проекти, во однос на катастарската парцела на којашто треба да се изгради објектот, не дадоа решенија поврзани со барањата за сообраќај и пристап до објектот, заштита од пожари, безбедност и енергетска исплатливост.“
Имајќи го предвид наведеното, Народната банка на Република Македонија ќе ја врати доделената парцела и ќе побара нова којашто би била соодветна на нашите потреби“.
 
Во превод, сакаат да биде барок, ама истовремено и модерна зграда, со енергетска исплатливост. Е Ѓоле неќе моќи ове ноќи.
 
Цитро бе, еве ти дел од Скопје. Какви глупости се праат низ населбите на периферија, ужас еден. А за Ск 2014 се трошат милиони божем Луј ќе го воскреснат.
Еднаш вртев од преку гробишта, Шутка, Топаана за да стигнам у центар.
Ќе поработат у 8-9, ќе поработат у 4 поручек и толку. Абе од гзот ќе си каснат ама трошки ќе дадат на другите населби. ко стока да живее таму. Ниту ги проширија тие улици најмалку 2 ленти, ниту кружницата ја направија како што треба. Е тоа е она што му го пишав на Фаранг за инвестиции и инвеститори ама не ме сфати. Во забаталена периферија никој жив нема да вложи.

Жителите на Бутел 500 метри ги возат цел час
Изградбата на новиот кружен тек во општина Бутел е причината поради која жителите од населбите Бутел 1, 2, 3 и Радишани губат часови за да стигнат до центарот на градот или да се вратат дома. Тие раскажуваат дека за да ја минат улицата "Александар Урдаревски" која е главна сообраќајница во овие населби, потребни им се по половина час, а понекогаш и повеќе.
- Нема шанси да се помине без да се заглави најмалку 20-тина минути до пола час во колона. Ги користиме сите можни обиколни улици, но понекогаш мора да минеме и од таму. Вообичаено во термините околу 8 часот наутро и 17 часот се случуваат најголемите гужви. Сметам дека кругот на текот е предимензиониран, односно е премногу голем што само го зголемува метежот. Моментално текот има само една лента, па кога тука врти автобус паралелно нема место за уште едно возило. Исто така и пристапите кон текот се стеснети што предизвикува уште подолга колона на возила. На кружниот тек се уште ја нема потребната сигнализација, па дополнителни проблеми прави непочитувањето на правилото на десната страна, се жали Никола Коловски, жител на населбата Бутел 2.
На улицата "Александар Урдаревски" минуваат автобуските линии со број 8, 57, 59, 61, 71 што дополнително го оптоваруваат сообраќајот.
Од општината Бутел признаваат дека на оваа улица се правела голема гужва, но велат дека тоа било поради асфалтирањето на кружниот тек кое се одвивало за време на викендот и неколку дена на почетокот на неделата. Сепак бидејќи тоа е градежен зафат на Град Скопје, а градежните работи се при крај тие очекуваат дека многу скоро ќе биде пуштен во употреба.
 
Еден архитектонски потпис за новото Скопје

По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски е третиот архитект чие име ќе остави траен белег во ликот на главниот град
Билјана Ангеловска

По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски ќе биде, веројатно, третиот архитект чие име ќе остави траен белег во оформувањето на ликот на центарот на главниот град. И додека Михајловиќ, најпознатиот градоначалник на Скопје, беше исклучително прогресивен архитект што го изготви првиот Генерален план на градот, а Танге претставуваше име со светско архитектонско реноме, своевидна икона на модернизмот, Мангаровски е речиси анонимен проектант за пошироката јавност, за кого слушнале само малкумина. Затоа, пак, во иднина негов потпис ќе имаат неколку значајни објекти кои допрва ќе се градат во центарот на Скопје.

5443F85B7E304B44901391372E47DA42.jpg

Коста Мангаровски е професор на Архитектонскиот факултет на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ и предава компјутерско проектирање. Граѓаните на Скопје не го знаат по некои конкретни проекти, бидејќи нема изградени маркантни објекти со кои би можел да се поистовети. Печат со негово име носи почнатиот, но недовршен објект на Европскиот универзитет во населбата Ченто.

Но, Мангаровски ќе остане во сеќавање како еден од бранителите на проектот „Скопје 2014“. Улога, во која, како што се покажа, мошне успешно се снајде и ја понесе заеднички со својот колега по архитектура, Вангел Божиновски. Тоа и не е толку неочекувано, со оглед на неговата присутност во визијата за изгледот на главниот град.

Мангаровски е автор на дури четири проекти од „Скопје 2014“, чија реализација ќе се преточи во маркантни објекти во централното подрачје на главниот град. По негов проект ќе се гради Градската куќа (некогашниот Офицерски дом), потоа објектот веднаш до него кој е предвиден за хотел, пешачкиот мост „Око“ и надградбата со куполи на зградата на Собранието. Освен како проектант, името на Мангаровски се јавува и како претседател на Комисијата која одлучуваше за изборот на скулптурите што ќе бидат поставени на мостот „Око“.

„Моето учество во Комисијата беше од аспект на автор на објектот, а освен мене, членови беа и скулпторот Аџиевски и археологот Паско Кузман. Секој учествуваше во работата на комисијата од свој стручен аспект. Како што е познато, авторите имаа слобода сами да изберат лик на кого ќе му изработат скулптура и сметам дека е направен коректен избор. Во самиот конкурс имаше услов да се прават скулптури на личности од периоди што се изложени во Археолошкиот музеј“, го објаснува Мангаровски изборот на непознати и малку познати луѓе, чии скулптури ќе се најдат на „Око“.

Тој вели дека мостот го замислил да претставува на некој начин изложбен салон на Археолошкиот музеј, бидејќи ќе оди директно во новиот објект. На него ќе може повремено да се одржуваат изложби на старото богатство од лапидариумот на Музејот. Пешачкиот мост е проектиран и како шеталиште и како лапидариум, а тоа, според авторот, го дозволува и самиот негов распон.

Колку и да има логика во изборот на Мангаровски за претседател на комисијата за избор на скулптурите поради фактот дека е тој проектант на објектот, самото спомнување на неговото име, уште еднаш, по петти пат во кој било контекст на проектот „Скопје 2014“ кај многумина внесува сомнеж. Тој лично не гледа ништо спорно во тоа, бидејќи, како што вели, тој не решава чиј труд ќе биде избран на конкурсите. „Јас работам, проектирам и го покажувам тоа што го работам“, вели Мангаровски.

Сепак, сите не гледаат на работите како него. Иако никој од неговите колеги не сака да зборува јавно, генерално, сите имаат исто мислење. Не навлегувајќи во лични дискредитации, архитектите се согласуваат дека приватизирањето на урбанистичкото и архитектонско наследство на еден град не смее да биде ничија привилегија. Зашто, во спротивно, ќе се изгуби архитектурата.

„Кога во еден толку голем зафат, како што е проектот ’Скопје 2014‘, во кој треба да се сподели креативната енергија на повеќе архитекти, ќе се појават само неколку автори, се добива впечаток како да нема архитектонска позадина. Жал ми е што врз база на некој проект нема да се одрази вистинскиот креативен дух. Од друга страна, тоа е голема одговорност за сите учесници во неговата реализација, зашто, на крајот, сепак, ние оставаме нешто што треба да има свое траење. Вака, од многу причини не е во ред, не само од естетски туку и од етички“, вели архитектот Минас Бакалчев, дополнувајќи дека најголема штета е што се работи за меѓународни конкурси во кои учествуваат и странски архитекти. Тој како пример го посочува конкурсот за мостот „Око“, на кој учествувал врвниот англиски архитект, Питер Кук, кој претставува многу важна личност во историјата на авангардната архитектура од 60-тите години.

„Токму од тие причини веројатно и требаше еден таков објект да се издвои во средината и да се направи да биде атракција, да го промовира плоштадот, зашто би бил препознатлив по авторот. Имаше можност и други наши архитекти да дојдат до израз, да направат ремек-дела. Точно е дека секоја епоха има свои имиња, но треба да се направи таа да има свој белег и значење. Точно е и дека секој има право да учествува на конкурсите, но, пред се', потребно е да се има самосвесност“, нагласува Бакалчев.

Извор: http://www.utrinski.com.mk
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 21:05 ---
„Иако никој од неговите колеги не сака да зборува јавно, генерално, сите имаат исто мислење.“

Уште само да се негови истомисленици. По сè изгледа само Мангаровски е црната овца на Архитектонски факултет. Сите со разлог се против овој kitch проект.; Ова не го извадив од ракав, ми имаат кажувано студенти од Архитектонски што зборуваат нивните професори за проектот.
 
ИСМАИЛ: Воинот на коњ, татко му, мајка му… сите ќе завршат во топилница!

Во советите на СДСМ, ќе се изненадите, ама се дискутира многу пожестоко, отколку што можете да прочитате по колумни. Таму дискусиите се многу пожешки, многу порадикални, вели Ѓунер Исмаил

Ѓунер Исмаил, член на советот за култура на СДСМ, во интервју за 24вести, потврди дека Социјалдемократскиот сојуз планира рушење на спомениците од проектот Скопје 2014, кога ќе дојдат на власт. Исмаил, кој вели дека ја поддржува филозофијата на францускиот клуч, што неодамна ја презентираше неговиот пријател, Љубомир Фрчковски, го открива и сценариот. Тврди дека во СДСМ, се разговара многу радикално, отколку што некој може да замисли.

-Теоријата на францускиот клуч апсолутно ја поддржувам, особено за некои споменици кои се навреда за нашиот вкус, кои се навреда за интелегенцијата на граѓаните. Конкретно од ониј воин, со се татко му, мајка му и роднините па натака… Со се Никола Карев, непропорционалниот Никола Карев пред Собранието, целата таа глумента таму наспроти Собранието, која служи за потсмев, вели Исмаил.

gun.jpg

Дел од спомениците, како на пример, Цар Самоил ќе биле дислоцирани и подарен на Охрид, а другите ќе биле демонтирани и стопени.

-Некои пак се разбира ќе бидат предмет на обработка на металуршката индустрија. Во советите на СДСМ, ќе се изненадите, ама се дискутира многу пожестоко, отколку што можете да прочитате по колумни. Таму дискусиите се многу пожешки, многу порадикални. Се разбира јавноста не е пристна, добиваат по некои штуро соопштение, но таму се дискутира безмилосно, радикално… за разни прашања. Во сите совети на СДСМ. Тоа не е необично, вели Исмаил.

За Порта Македонија, Исмаил тври дека ќе ја доживее судбината на сите дивоградби.

-Не гледам причина зошто и минирање да не биде опција. Ако стручњаците кажат дека таа не треба таму да биде, нема да биде, вели Исмаил.

Превземено од: http://denesen.mk/web/2012/11/17/ismail-voinot-vo-learnica/

Си бил некад,некој Џунер..и ќерка му распеана опајду..,т.е.скопјанка Соња :гомце:
 
Празни муабети. Силење без потреба. И да дојдат другите на власт се кладам дека нема да посегнат по буткање на споменици. Единствено може Самоил да го дислоцираат, ама дека ќе ги топат не верувам. Ако е штетата еднаш направена и се потрошени милиони за да се излеат, не знам која будала ќе подржи идеја сега да се претопат....
 
Талибанците тоа го правеа... не ме чуди и овој горе да има исти памет како нив.
 
Талибанците тоа го правеа... не ме чуди и овој горе да има исти памет како нив.

За памет ич не му го ставај на кантар. :) Не може здрав човек да смета на било каков поен со тоа што ќе бутка СЕ што се градело. Сфаќам за Александров да има негативна критика и желба за буткање... ама за другово нема поента. Вложени се милиони за да се излеат, а сега ќе вложуваме пак за да ги од-лееме? Апсурд.
 
Ѓунер е исфрустриран оти го прогласија за кодош. Нема нормален човек, па дури и во СДСМ со вакви ставои. Такви радикални работи секако нема да се случат.

Иако некои идеи и не се лоши. Преместување на некои споменици би било одлично оти ваква стварно на ништо не личи плоштадот. Верувам дека нема човек на кој ќе му фали на пр. Цар Самоил на сегашнава локација. Ја би одел уште поекстремно, само што е многу тешко изводливо, би ја размонтирал Портата и во делови би ја пренел на прикладна локација, на пример во влезот на Градски парк. Нема сомнение дека е убав објект, ама на тој објект му треба ширина и простор, е на вака ставена на сред тротоар.
 
Е кај можеш да ја размонтираш портата..не е од лего коцки,него од бетон,железо и мермер.
 
Е кај можеш да ја размонтираш портата..не е од лего коцки,него од бетон,железо и мермер.

Затоа ти викам, речиси е невоможно, да се помириме дека ја ставија таму каде не требаше и да пробаме да се навикниме. Ама можеби си запознен како Египет пред неколку децении ги преместуваше со милениуми стари споменици кога се градела браната во Асуан.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom