Фан клуб: КК МЗТ

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
598
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје - Аеродром е македонски кошаркарски клуб со седиште во Аеродром, Скопје. Клубот е основан во 1966 година под името Кошаркарски Клуб Скопје, а кратенката МЗТ била додадена нешто подоцна. Играчите на МЗТ се познати како „металци“ и „штркови“ и имаат освоено четири титули во Купот на Македонија, една во Супер Купот, но немаат титула во Првата македонска кошаркарска лига. Во сезоната 2010/11 како тренер на МЗТ Аеродром е Александар Петровиќ, додека помошник тренер е Анте Дуковски. Просечната висина на играчите на МЗТ е 195.53 cm, додека просечна старост е 25.76 години.

mzt-logo.jpg


Првите почетоци биле речиси аматерски, со одржување редовни тренинзи на отворено игралиште и без сериозни амбиции. Клубот станал нешто посериозен откако била изградена спортската сала во Автокоманда, овозможена со спонзорството на претпријатието Металски Завод Тито или скратено МЗТ. Поради спонзорството на претпријатието, клубот ја додал кратенката МЗТ во своето име, име кои го користи до денес. Во неколку наврати клубот успеал да се наметне како сериозен спортски колектив. Кон средината на 1980-те години во новоизградената населба Јане Сандански, спонзорот МЗТ гради своја спортска сала и за жал на темпераментната публика клубот се сели од Автокоманда во населбата Јане Сандански.
Кон средина на 1980-те години под тренерската палка на Лазар Лечиќ клубот влегува во Првата југословенска лига, најсилната лига во Европа во тоа време, и игра две сезони 1986/87 и 1987/88, играјќи незаборавни натпревари против белградски КК Партизан загрепска Цибона и сплитска Југопластика, едни од најквалитетните европски кошаркарски клубови во тоа време.
По прогласувањето на независноста на Македонија, „металците“ веднаш стануваат еден од најрелевантните фактори во македонската кошарка. Тие досега имаат четири победи во Купот на Македонија (1996, 1997, 1999 и 2000 година), една во Супер Купот, но ниту еден триумф во домашниот шампионат.
Низ историјата клубот бил познат под различни имиња, меѓу кои:
КК Скопје - 1966
КК МЗТ Бос - 2000
КК МЗТ 2000 - 2000 до 2004
КК МЗТ - 2004 до 2008
КК МЗТ Фон Универзитет - 2008 до 2010
КК МЗТ Скопје - Аеродром - 2010 - денес
Како и да е, клубот е најмногу познат под името КК МЗТ Скопје.

Составот на МЗТ Аеродром за сезоната 2010/11 е:

2rm3a5h.jpg

* 8 е Дарнел Линдсеј ... претходен тим Тенес Теч(уса).. висок е 194 цм...

Клубов е познат по навивачката група FA - family aerodrom основана во 1997.
50275_151082951903_7312715_n.jpg

---
видов нема тема за клубов.. па страм ми падна за ваков клуб да нема тема у фан клуб...
 
Има тема ама е затворена. Anyway, честито победа! Идеме на победа во "Јане Сандански", па у финале со Фени.
 
Знам дека има тема за МЗТ, ама одамна е под клуч. Ако може некој од администраториве да објасни зошто е тоа така?
 
Знам дека има тема под клуч = како да нема тема ...
Ги поразивме на ’’Градски Парк’’ Работнички... Next.. ’’Јане Сандански’’...
 
, може ли некој да го пише текстот од песнава што се пее првите 2-3 мин ?
 
bb[noone];4257717 напиша:
, може ли некој да го пише текстот од песнава што се пее првите 2-3 мин ?
Ма дај испуши го, уште еднаш, ти си педер гајле немаш, на газето ти е убаво, а за сељаче ти ќе збориш, припор ѓорче ви се воџи, титулите ви ги мочаме...
 
bb[noone];4257717 напиша:
, може ли некој да го пише текстот од песнава што се пее првите 2-3 мин ?


Повели со текст
 
Знам дека има тема за МЗТ, ама одамна е под клуч. Ако може некој од администраториве да објасни зошто е тоа така?
Став на навивачката група.
 
Став на навивачката група.
Ставот не се почитува.
комити.орг и на српскатрибина.нет нонстоп праќаат извештаи. Ако е тој ставот во ред нека се почитува, но темата е МЗТ а не ФА никој не ги тера да даваат извештаи но сакам да ги добивам информациите за МЗТ како што беше и порано. :)
 
Зашто?
Затоа!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom