K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,4%
  • Boks

    Гласови: 70 11,9%
  • Kick-Boks

    Гласови: 192 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 45 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 76 12,9%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,0%

  • Вкупно гласачи
    590
zocipro напиша:
и сега незнам дали некој има во моја категорија (105кг)?
Блиску сме биле бе Зоци, блиску! :)
Само кондиционо да поработам малку, да разгибам препони, зарѓав пред ова мониторов! :)
 
Е да за кондиција треба малку појке од половина саат на вреќа, ДА и јас не сум баш нешто посебно спремен......последниот пат одвај чекав да го слечам то кимоното, пукнав:).......
А,да и за клипчињата немав кажано, па другар какви што сакаш имам, од Cro Cop, Bob Sapp, Munotaur.....sekoja borba...
 
Се немам видено одамна со другарчињава од клубот кај што вежбав, да ги начекам ќе им побарам нивни борби од натпревари кај нас и турнири во странство. Ќе ги конвертирам и ќе ви ги ставам на серверов на кајгана за даунлоуд. Би било интересно да се гледа. Посебно доколку имаат една борба на Кале од пред 3 години, не сте виделе нешто такво. Александре Стајковски Vs. некој дечко од Бугарија беше. Мавање маваши на бугарот - погодување во чело (мислам дека и директ следеше потоа во серија) и кршење на коската. Буквално му пропадна челото навнатре. Страва.

Ама, којзнае кога ќе биде тоа.
 
До 13 години стигнаф до плав појас, и се префрлиф на ракомет и баскет у маало. Ми доаѓа идеја да почнам пак да тренирам ама хммм, старо магаре сум веке. Моментално не можам мае гери да мавнам повисоко од јајца, таман за кајгана, повеќе не можам, улежаност, :wink:
 
Трењирав година и пол и до зелен појас стасав. Престанав после, се иселив и секакви обврски ме фанаа и не можев да продолжам. Карате е стварно одлично ако сакате да си го оддржавате телото во добра кондиција. И за духовно е добро. Али за примена на карате у прав живот (само-одбрана и такви работи) нема фактички никаква врска. Ако сакаш и црн појас седми дан имај, срце ако немаш нема и да те одбрани каратето од лоша ситуација.
Garfield напиша:
Ја стренирав скороп 11 години, бев два пати во иста година прогласен за најдобар каратист на Македонија, првин во младинска конкуренција, а потоа и во сениорска, три месеци подоцна. Бев член на младинската и сениорската репрезентација на Македонија. Бев на неколку европски првенства и купови,
Ако не го знаеш Орце Кочанчанецот шо беше у Мексико и второ место зеде у светот, не ти верувам. :pos:
 
gerard напиша:
Каде вежбаш? Во кисела вода?
Кај сифу Мирко??? Таму вежба еден мој другар-Нено(Брус).

Инаку јас имам вежбано карате цели два тренинга(мислам дека на 7години).После вежбав три години Реално Аикидо(прекинав ради повреда).Па прејдов на Tae-kwon-do до ден денес.Веќе вежбам одприлика две години,сега паузирам ради факултетов,од февруари се враќам.
 
Туууу.Почнавте да си организирате борби а?
Рачунајте ме и мене.Не сум баш некоја тешка категорија(78кг).Инаку не би сакал со ракавици и кациги-многу вештачко е.Ама сакам чиста улична борба,несакам да чујам никакво правило.Сте го гледале Fight Club филмот?Епа таква борба.:angry3:
Инаку и ја сум препун со клипови од разни борби.Ако ви треба некој кажете.
 
Martial Arts

Која боречка вештина сметате дека е најефикасна за на улица,која е најдобра за здравје,која како спорт...?

(би пишал повеќе вештини на анкетата,само што 10 е максимум,па ако имате некоја друга на ум пишете ја)
 
аикидо,... иако секоја е добра за било кого да го пратиш на интензивна ако си доволно добар.
 
Иако сум каратиста (бивш) гласав за џудо. Поефективно е, можам да решам најефективно. Имам тренирано. Кога ќе те нападне е сјебан, не знае зошто и како се го боли и е на земја. Се додека не нападнете џудист сте в ред.

Кога Џигоро Кано, таткото на џудото, со своите деветмина пријатели и ученици ги поканил на меч најдобрите шотокан каратисти од Храмот Шотокан, сред Токио, резултатот бил поразителен. 8 победи за џудистите, 2 нерешени.
 
Garfield напиша:
Кога ќе те нападне е сјебан, не знае зошто и како се го боли и е на земја. Се додека не нападнете џудист сте в ред.
А што ако те нападнат двајца или повеќе противници?
 
Си Фу Мирко, а бе Рок-а-билот Мирко????? Хехехехе! СЊи Фу. Кога ќе биде он Си фу, ама proper Si Fu, јас ќе трчам гол низ Јосип Броз Тито средното.
 
Не се плаши, се случувало. Антон Гесинк го напаѓаат 9-торица, потоа мора да бега од државата за да не го судат за нанесување тешки телесни повреди и обид за убиство во одбрана.

Инаку реков, ретко кој може со повеќемина ако се слични по профил.

Види, работава е кој ќе го тепа кого? Твоево!

Кој е појак: Брус Ли или Тајсон. Ко децана. Секој боречки спорт (иако се практицира) е за одбрана, не за кому му е поголем на улица, пред пички.

Мајстор, ама вистински, знае да зададе два-три воспитни за другите кои се мислат да не му мислат и да киднат.
Зарем ќе се закачаш со некој кој свиткал двајца наземи, се прпелкаат ко да имаат птичји грип, немаат воздух, се гушат и им фали ребро, а сето тоа за три секунди?
Мој совет, бегај!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom