sagaqua
Successful and Creative
- Член од
- 23 декември 2005
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 31
Fortune напиша:Епа зошто да го игнорираш таквото однесување, зошто да станеш и да си одиш ако знаеш дека бил предизвикан од некое твое однесување?Или мислеше на тоа во случај да не си свесна дека ти си го предизвикала?
Аууууу Fortune, јас ова сега го гледам а скоро цела година поминала

Инаку тоа што сум го мислела тогаш, го мислам и сега

Реков дека не сум дошла во таква ситуација да предизвикам нечија екстра љубоморна реакција кај партнер што не е претерано љубоморен. Па да, клучно е тоа што секој треба да биде свесен за своето однесување и ако си играш со оган, секогаш постои ризикот да се опечеш, па џабе е во такви ситуации (нели кога си претерала со такви провокации) и да имаш противпожарен апарат

Станувам и си одам, нормално. Друго ништо и не вреди во ситуација кога било кој од партнерите се наоѓа во екстра разбеснета состојба. Што и да направи другиот, секогаш треба да го има на ум бесот и крајната раздразнетост на другиот во состојба на афект, која го спречува секое нормално размислување и нормален разговор

Нема потреба од компликации и пропратни летечки тањири, маси и други нешта кои добиле крила во тој момент


Со тоа само се добива на време кај едниот да спласнат негативните чувства, да се ослободи од бесот во себе за да може да се разговара цивилизирано.
Во која и да е ваква и слична ситуација, кај мене е исклучително развиено чувството на самоконтрола кое со тек на време само се надоградува и усовршува

П.С. Професионална деформација
