LordDragonII
Dr.Strangelove
Чрвена сака ама не сака да каже... 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Димитриос Калергис водел потекло од критската аристократска фамилија, студирал медицина во Париз и потоа се приклучил на грчката војна за независност.
Неговата воена и политичка кариера од тој момент постојано расте, назначен бил за поручник, потоа командант на воени сили(генерал), ја предводел револуцијата против баварскиот принц и Крал на Хелените, Ото, но со падот на Маврокордатис морал да избега од земјата и се преселил во Лондон каде станал близок пријател на Наполеон Трети.
Подоцна повторно се враќа во Грција со надеж дека ќе ја поттикне револуцијата против Ото, меѓутоа бил заробен и ослободен. Повторно дошол во Париз од каде по барање на големите сили е назначен за Воен Министер во кабинетот на повратникот Маврокордатос во почетокот на Кримската војна.
Во 1855 бил принуден да даде оставка поради несогласувањата со Кралот Ото, но успева делумно да му се одмазди со своето учество во преговорите за падот на Баварската династија, што резултитало Данскиот Принц Џорџ да седне не грчкиот трон.