"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Фернандо Редондо. Палеше и гасеше во најдобрите денови во Реал. Му немаше рамен на неговата позиција у 2000та.
Отиде у Милан повреди се и тој е тој.
 
Симоне Инзаги - беше рекордер по голови на еден натпревар во ЛШ со 4 гола, мислеа дека ќе го стигне нивото на брат му Пипо али од Лацио не мрдна, па стана 5ти напаѓач па отиде у мали екипи и се пензионираше на 32 години.

Макси Лопез - донесен во Барса како голем талент али ништо од тоа...Прејде у ФК Москва, па Гремио и сеа е во Катанија...

Ејдур Гудјонсен - во Челзи солиден, во Барса како големо засилување но заврши како добра резерва а сега е во Стоук на позајмица од Фулам.



со помош на Вилибчо.
 
Ван Дер Мејде, имаше добар период во Ајакс па направи трансфер во Интер потоа во Евертон каде што беше разочарување. Се пресели во ПСВ но не изигра ниту еден меч.
 
Педрота беше еден од најдобрите португалски напаѓачи, ама никогаш не го исполни потенцијалот и не стана врвен напаѓач.
Јилдирај Баштурк - ја крепеше средината на Турција, играше и во Бундеслигата, но не стана ѕвезда или пак никогаш не потпиша некој голем договор со јак клуб.

А за во иднина да си пишам, верувам дека Балотели ќе биде играч кој што имал потенцијал ама никогаш не станал тоа што требало да биде од него. Уште од сега се гледа дека се упропастува дечкото. Ако има малку повеќе дисциплина ќе жари и пали низ Европа.
 
Гудионсен,Мориентес на времето беше страшен играч даваше многу голови но потоа повреди почна да се шета по сите тимови и тоа беше..Макси Лопез исто така беше одличен во Атлетико и во Барселона потоа отиде по Русија сеа повторно игра во добра форма во Катанија докажува дека е класа играч,Редондо е тука и остали многу ги има.
 
Андрес Д Алесандро Изигра една сезона две добри во Волфсбург, памтам го најавуваа како новиот Марадона, му предвидуваа трансфери во големи гиганти ама како што викаат, секое чудо за 3 дена. Сега гледам игра во Бразил.
 
imgres

Ви текнува на Макси Лопез? Едно време беше најавуван како најдобар напаѓач на Барселона а сега игра во Катанија.
 
Андрес Д Алесандро Изигра една сезона две добри во Волфсбург, памтам го најавуваа како новиот Марадона, му предвидуваа трансфери во големи гиганти ама како што викаат, секое чудо за 3 дена. Сега гледам игра во Бразил.

Парче праеше на менаџер.
 
Андрес Д Алесандро Изигра една сезона две добри во Волфсбург, памтам го најавуваа како новиот Марадона, му предвидуваа трансфери во големи гиганти ама како што викаат, секое чудо за 3 дена. Сега гледам игра во Бразил.


Новите Марадони всушност се повеќето такви "заборавени" играчи. Сорин, Ортега, Д Алесандро, Савиола, Аимар....
 
Незнам дали тука спаѓа и Дос Сантос (Мексиканецот).Играч од кој што многу се очекуваше некој го споредуваа и со Роналдињо но ...
 
Кили Гонзалес,во Валенсија беше еден од најдобрите во таа генерација која стигна до финалето на ЛШ,отиде во Интер...и се изгуби :)
 
Незнам дали тука спаѓа и Дос Сантос (Мексиканецот).Играч од кој што многу се очекуваше некој го споредуваа и со Роналдињо но ...

И јас сакав да го напишам него. Талентиран играч кој заврши во Расинг С.
 
Педрота беше еден од најдобрите португалски напаѓачи, ама никогаш не го исполни потенцијалот и не стана врвен напаѓач.
Јилдирај Баштурк - ја крепеше средината на Турција, играше и во Бундеслигата, но не стана ѕвезда или пак никогаш не потпиша некој голем договор со јак клуб.

А за во иднина да си пишам, верувам дека Балотели ќе биде играч кој што имал потенцијал ама никогаш не станал тоа што требало да биде од него. Уште од сега се гледа дека се упропастува дечкото. Ако има малку повеќе дисциплина ќе жари и пали низ Европа.

Најверојатно мислиш на Педро Паулета. :)

Клеберсон, беше и во поширокиот список на Бразил 2002, дојде во Манчестер, одигра неколку натпревари, направи мал милион грешки и не направи ниту еден правилен пас дури и на 5 метри и сега продава сирење на еден пазар во Бразил. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom