Убиен ученик во тепачка во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сочуство до семејството.

Хејтери... кај сте сега... или збунети сте од ситуацијава



Не зборуваме за сам себе убивал ситуација тука...

Отсекогаш е така и секаде е така...

А за случајот...од она шо слушнав, ученикот кој припаѓал на имагинарна заедница “албанци“ сакал да му помогне на ученик припадник на еднакво имагинарна заедница “македонци“ по основ на сосема конкретна работа од секојдневниот живот (иако се поретка и поретка) која се вика пријателство/другарство...

Ако и жртвата беше припадник на имагинарната зедница “македонци“ тогаш....ќе се најдеше друга категорија за хејтање, можда бил протестант или јеховаш или навивач на ФК Whatever...
 
Жал ми е за момчето, нека почива во мир. Еве ви уште еден доказ да не генерализирате и дека пријателство меѓу Македонци и Албанци има.

И да, пак нека земаат пари за обезбедување по училиштава за џабе и ништо нека не прават. А овој па со изјавава :tapp: „Немам што да изјавам, одам да видам што се случило, мојот син учи во соседното училиште“ рече Јакимовски.
 
Јас не знам од каде излегува толкава омраза во толку малку народ. Ептен жално..
 
Toecutter во Охрид се случи убиство и самоубиство заради семејни несогласувања. Жалосно е за двете деца што останаа сираци и за самите луѓе. Но, како можеш тој настан да го сврзеш со овој? Нормално дека ќе се крене повеќе врева околу вакво случување. Се повеќе деца носат шипки по училишта и тоа веќе носи смртни случаи, не е инцидентно. Ги засега сите и деца и возрасни. Тоа не можеш да го рамниш со личен домашен проблем кој завршил трагично.
А можеби ти гледаш обратно на овој проблем, го димензионираш како етнички иако самото случување те демантира.

Хеј!
Небиди нечовек! :(

ironhide_facepalm.jpg


Каква националност, каква нечовечност.
Никој за никого не му е гајле.
Као ќе ни обеле коса сега...абе ајде...
Тешко на фамилија, можеби роднини и понекој пријател...
Останатите ќе тренираат патриојотизам и згрозување над настанот.

Она што ќе остане за “неутралните“...е сеќавање на пожртвуваност и другарство од ваков вид, реткост во денешно време.
 
Работава е " Поздрав мамо јас отидов во школо и можеби никогаш нема да се вратам " Страшно.
 
Добро сеа,не ги прајте дека се светци...
забораваат на убвиството на единствениот македонец после војната во Арачиново, УБИСТВО ОД ЧИСТА МИРА, и убиството на младотото Тетовчанче кога копилето од Порој го погоди стрелајќи по Македонците на игралиште во Тетово.
Убиството во Арачиново го забошотија како ништо да не било...
И не заборавајте, да беше денес обратен случајот сите ќе су ќутеа ко пички, а сега единствено нешто што може да се очекува е крвна одмазда:pop:
Не го заборавајте и случајот кога кај раскрницата кај Влае во крвна одмназда беа утепани неколкумина Македонци...
Ете како бизарни работи може и животот да ти го уништат...
 
Добро сеа,не ги прајте дека се светци...

Не правиме никој светец :) Никогаш не треба да се генерализира. Како што има ѓубриња Албанци така има и ѓубриња Македонци. Ми текнува кога одев во средно со 5ка бус кога ќе се качеа од угостителско 50 души се добиваше осет како да се качило племе од 16ти век. Не велам дека нема вакви работи и кај Албанците кога ќе се качат еве во пример 2ка. Нема светци ни во двете страни, ама не можеш да кажеш и дека и во двете страни нема по некој човек. :)
 
Страшно. За тепачки сум/сме слушал/е, ама грозоморно убиство, со шипка... првпат.
Се надевам повредениот ќе оздраве побрзо.
Исто така, сочуство до семејството на убиениот. Жалам што го загубија синот, кој според случкава и претпоставка (уште не успеав да најдам кои му се родители) потекнува од чесно семејство и добро бил едуциран штом во тој еден одреден момент успеал да се крене на повисоко ниво и да го одбрани другарот. Не ми е мило што го одбранил македонецот, мило ми е што во тој момент "заборавил" дека брани македонец.

Едит: да, починатиот имаше одлична фамилија, културни луѓе со фин однос.
 
забораваат на убвиството на единствениот македонец после војната во Арачиново, УБИСТВО ОД ЧИСТА МИРА, и убиството на младотото Тетовчанче кога копилето од Порој го погоди стрелајќи по Македонците на игралиште во Тетово.
Убиството во Арачиново го забошотија како ништо да не било...
И не заборавајте, да беше денес обратен случајот сите ќе су ќутеа ко пички, а сега единствено нешто што може да се очекува е крвна одмазда:pop:
Не го заборавајте и случајот кога кај раскрницата кај Влае во крвна одмназда беа утепани неколкумина Македонци...
Ете како бизарни работи може и животот да ти го уништат...

Е шо збориш и ти сега... како може да се деси такво нешто,ајде ти се молам,не се такви дечките... :tapp:

Тој,сега починатиот,е уникат,еден и единствен... и воедно,е поим за другарство и лојалност.

--- надополнето ---

Не правиме никој светец :) Никогаш не треба да се генерализира. Како што има ѓубриња Албанци така има и ѓубриња Македонци. Ми текнува кога одев во средно со 5ка бус кога ќе се качеа од угостителско 50 души се добиваше осет како да се качило племе од 16ти век. Не велам дека нема вакви работи и кај Албанците кога ќе се качат еве во пример 2ка. Нема светци ни во двете страни, ама не можеш да кажеш и дека и во двете страни нема по некој човек. :)

Коментар на место :) така е,се согласувам :)
 
ЕБЕНИ ЛИЦЕМЕРИ!!!

Нека му е лесна земја...


Страшно.. Уште пострашно е што еден живот е изгубен (колку само сум лут што морам вака да кажам) ЗАЛУДНО. Никој ништо нема да научи од ова. Веќе од утре ќе се јават сдсм-ОВЦИВЕ и ќе бараат оставки од цела влада (демек морални), па вмро-ОВЦИВЕ веднаш ќе вратат дека е крива опозицијата и дека ова е нивно сценарио, па тогаш од небо ќе се симне нашиот Месија - Брат Љубе Слаткаристика и ќе ни кажува рецепти за патриотизам... Следно, ќе се јават катаљон (не)невладини и (не)опозициони организации со критики (само) кон опонентите, притоа приложувајќи решенија кои се сведуваат на серење пола саат-саат у некоја полупразна училница (нормално, за солидна сума испрани денари), додека во меѓувреме, по форуми, "нашиве патриоти" и "нивните патриоти" ќе го поврзуваат настанот со шамари испиени во детство, со 2001-ва, со калиња и слично, па ќе фрчат секакви меѓусебни обвинувања и умоболни закани, за на крај сложно да си закажат термин за решавање на проблемот на цивилизиран начин (со тенкови, зољи, кашикари итн.).. А ние, демек разумните, ќе посереме некоја патетика у стилот "Лесна му земја" и ќе се согласиме дека насилниците биле ѕверови и треба да ги обесиме, а никој нема да ја спомне причината - трулото општество, сиромаштијата, родителите кои трчаат по кариери (а во слободно време работат за партија), студентите/младината што мудро си молчи иако е во безизлез... Така неколку часа додека не дојде време за искачање, пошо нели петок е, ден за журка и за плескање со којтидојде, а утре, муабети за најновите вести од Големиот Брат, Идол, Боки-13 шоу и други едукативни емисии...


Пс. Некогаш мислам дека болните луѓе ги затвораат во места како Бардовци за да ги заштитат од вистинските психопати кои шетаат на слобода.
 
Јас бидејќи имам многу повеќе од грам мозок, учев во Корчагин каде со години немало инциденти (прашање е дали воопшто имало инциденти во историјата на школово), туку само добри вести од типот: три години по ред најдобри резултати на матура, освоено прво место во тоа и тоа, најдобри во тоа и тоа итн...

Општо познато е дека има многу средни училишта во Скопје (и во Македонија) со лоша репутација, и со право. Овде ми доаѓа на памет и тепачката пред некој месец во Хемиско, школо што исто така е од оние каде што има проблеми. Места каде што постојано се случуваат тепачки треба да се обезбедени од обезбедување, па во екстремни случаи дури и да има полиција да патролира. Ама нееее... Чекаат да се деси некој сериозен инцидент па да превземат нешто.

Срце... си се изнафали и си го изнафали школото... сега радосен си ?
иначе бог да го прости албанецот... :/
 
забораваат на убвиството на единствениот македонец после војната во Арачиново, УБИСТВО ОД ЧИСТА МИРА, и убиството на младотото Тетовчанче кога копилето од Порој го погоди стрелајќи по Македонците на игралиште во Тетово.
Убиството во Арачиново го забошотија како ништо да не било...
И не заборавајте, да беше денес обратен случајот сите ќе су ќутеа ко пички, а сега единствено нешто што може да се очекува е крвна одмазда:pop:
Не го заборавајте и случајот кога кај раскрницата кај Влае во крвна одмназда беа утепани неколкумина Македонци...
Ете како бизарни работи може и животот да ти го уништат...
.....тогаш НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР,ГРАДОНАЧАЛНИК(македонец,албанец), не сакаше да дава изјава.............
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom