Жена претседател на Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата redblackarmy
  • Време на започнување Време на започнување
Има голема разлика, ама не очекувам да ја разбереш. Не знам што сега имате против Турците.

Не бе тамам работа , има таму турски министер, иако има 12.000 турци.
 
И тие и тие ни се душмани !

Ne, dusmanite ti se Grcite i Bugarite...

--- надополнето ---

atifete-jahjaga.jpg


Атифете Јахјага

Косово доби нов претседател. Атифете Јахјага, актуелен заменик директор на косовската полиција е консензуалниот кандидат за нов претседател на Косово.


Трите највлијателни партии, Демократската партија на премиерот Хашим Тачи, Алијансата за ново Косово на Пацоли и најголемата опозициска партија, Демократскиот Сојуз на Косово доцна синоќа се договорија консензуален кандидат да биде Јахјага, која не е член на ниту една политичка партија .
Договорот е резултат на неколкудневните разговори меѓу власта и опозицијата на кои присуствуваше и американскиот амбасадор Кристофер Дел.
Косово се наоѓа во политичка криза по оставката на Бехџет Пацоли, кој на функцијата претседател на Косово беше само 35 дена. Беше принуден да се повлече од функцијата, бидејќи Уставниот суд на Косово утврди дека неговиот избор бил противуставен, немал противкандидат, а во текот на гласањето присутни во салата на Парламентот имало 67 пратеници, наместо потребните 82.
Пацоли инсистираше повторно да се кандидира, за што не се согласуваше опозицијата, а за да земјата не оди повторно на предвремени избори, власта и опозицијата одлучија, претседателот да биде избиран, директно од народот.
Атифете Јахјага, првата жена претседател на Косово има чин генерал полковник во Косовската полиција, функцијата претседател на Косово ќе ја изврши до изборот на претседател на Косово на непосредни избори.​

neka im e so sreka na kosovskite albanci...
 
А иначе многу млада оваа, нели е дониот лимит за претседател 40 години.. Или друг закон е таму, нема врска тоа
 
А иначе многу млада оваа, нели е дониот лимит за претседател 40 години.. Или друг закон е таму, нема врска тоа

Над 35 треба на Косово, а таа има 36.

Џабе што ќе ставиш лимит , кај нас претседателите се кукли на владата, доволно е да можат да го кажат тоа што ќе им се бара. (имаме ние дома таков)
 
Над 35 треба на Косово, а таа има 36.

Џабе што ќе ставиш лимит , кај нас претседателите се кукли на владата, доволно е да можат да го кажат тоа што ќе им се бара. (имаме ние дома таков)

Претседателите станаа англиски кралици на Балканов.
 
Пацоли: Американскиот амбасадор од коверт го извади името на Јахјага

Новиот косовски претседател Атифет Јахјага е избор на американскиот амбасадор на Косово Кристофер Дел, а не на лидерите на трите партии на косовските Албанци, изјави поранешниот шеф на косовската држава Беџет Пацоли.
- Кажав дека се повлекувам и во истиот момент амбасадорот Дел ме праша дали сум сигурен. Му реков дека се повлекувам и не сакам повеќе да бидат коалициски кандидат за претседател. А тогаш тој го отвори ковертот кој стоеше затворен на масата и рече: „Ова треба да го прифатите бидејќи ќе загубите голем пријател, како и американската агенда за Косово“, го раскажа Пацоли моментот на претставувањето на името на новиот косовски претседател.
Тоа се случувало во резиденцијата на американскиот амбасадор во Приштина.
- Кога Дел од ковертот го извади името на Атифет Јахјага за да ја предложи за претседател, Хашим Тачи и Иса Мустафа беа видно изненадени, истакна Пацоли.
Триесет и шест годишната Јахјага откако синоќа на вонредната седница на косовскиот претседател беше избрана за претседател на земјата, изјави дека ќе биде фактор на обединување и ќе ги застапува интересите на сите граѓани, а нејзиниот идеал, како и на сите граѓани на Косово, е членство во ЕУ и пријателство со САД.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom