- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
Има голема разлика, ама не очекувам да ја разбереш. Не знам што сега имате против Турците.
Не бе тамам работа , има таму турски министер, иако има 12.000 турци.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Има голема разлика, ама не очекувам да ја разбереш. Не знам што сега имате против Турците.
И тие и тие ни се душмани !
![]()
Атифете Јахјага
Косово доби нов претседател. Атифете Јахјага, актуелен заменик директор на косовската полиција е консензуалниот кандидат за нов претседател на Косово.
Трите највлијателни партии, Демократската партија на премиерот Хашим Тачи, Алијансата за ново Косово на Пацоли и најголемата опозициска партија, Демократскиот Сојуз на Косово доцна синоќа се договорија консензуален кандидат да биде Јахјага, која не е член на ниту една политичка партија .
Договорот е резултат на неколкудневните разговори меѓу власта и опозицијата на кои присуствуваше и американскиот амбасадор Кристофер Дел.
Косово се наоѓа во политичка криза по оставката на Бехџет Пацоли, кој на функцијата претседател на Косово беше само 35 дена. Беше принуден да се повлече од функцијата, бидејќи Уставниот суд на Косово утврди дека неговиот избор бил противуставен, немал противкандидат, а во текот на гласањето присутни во салата на Парламентот имало 67 пратеници, наместо потребните 82.
Пацоли инсистираше повторно да се кандидира, за што не се согласуваше опозицијата, а за да земјата не оди повторно на предвремени избори, власта и опозицијата одлучија, претседателот да биде избиран, директно од народот.
Атифете Јахјага, првата жена претседател на Косово има чин генерал полковник во Косовската полиција, функцијата претседател на Косово ќе ја изврши до изборот на претседател на Косово на непосредни избори.
А иначе многу млада оваа, нели е дониот лимит за претседател 40 години.. Или друг закон е таму, нема врска тоа
Над 35 треба на Косово, а таа има 36.
Џабе што ќе ставиш лимит , кај нас претседателите се кукли на владата, доволно е да можат да го кажат тоа што ќе им се бара. (имаме ние дома таков)