Точно е дека грото од луѓето повеќе работи не разбираат, ама тоа е нормално бидејќи неможе секој да се разбира во правни работи, ако не му е тоа струка. Исто како што јас и ти немаме поим од градежништво, или архитектура (карикирам). Не е проблемот што не се разбираат детално, проблемот е што веруваат на се што ќе им се пласира, т.е. дозволуваат мозоците да им бидат испрани или изманипулирани.
Инаку дека оправдуваш мито е малце нелогично. Еве конкретен хипотетички пример, ме тужиш дека не ти враќам пари, а јас стварно ти должам, ама ете несакам да ти ги вратам, и одам на судијата, му фрлам мито, и он пресудува во моја корист, и? Сега примеров ептен штур, ама само чисто да доловам поента. Сепак, правник си, најубаво си знаеш.