Шопинг Солун

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување
Знам, затоа прашував за овие што се блиску до пристаниште. Салоника си е за Салоника, на крај памет не ми паѓа да пешачам од таму. :)
Иначе, има некои попусти периодот? Јануари знам дека си се стандард, сега можно е да се најди нешто во Салоника.

Fyi само инфо у краен случај, можеш и бусче да фатиш од One Salonica до центар :)
 
јас би одел по Виа Егнација покрај дуќаните, има што да се види во тој 1 км до центарот
 
Во смисол историски занемитости или?
Инаку годинава имаше ненормално провали на коли на туристи на паркинзите кај Икеа и Џамбо посебно кај Џамбо зашто огромен е и додека се сврти целиот лавиринт се поминува доста време
Претпоставувам дека некој и ги прати цело време додека другите оперираат, так да од време на време фрлајте поглед дали некој ве мерка одкако ке оставите кола
 
Има добри продавници по Виа Егнација, па подобро е пешки да с епомине тој дел него да се брза со автобус или слично
 
Проблемот е времето и тоа што ке ти капнат нозете а и таму нема некои брендови него претежно турска роба…
Моловите се добра ствар зашто се е сконцентрирано на едно место, плус не е битно дали врне, ветар дали дува или има јако сонце ниту па да чекаш на пешачки да поминеш пола саат
Парите што ке ги дадете за карта во автобус ке ги дадете и за паркинг така да не правете такви импровизации :D
 
Скапо е ако правиш споредба со Ваикики. Ако сакаш да си земиш некоја посалам маица, фармерки и слично од CK, Boss, Replay и т.н. тогаш и не е, што вели Бони кога се попустите таму јануари може да се најде и доста поевтино.
 
За мене Солун беше Солун до пред 30 години време кога масовно се шверцуваа цигарите од фришоповите и кога многу работи од таму трговците ги препродаваа кај нас.Во 2018 година бев последен пат чисто да видам како изгледа бидејки Савана агенцијата кон крајот на јануари имаше акција со повратните карти кога за 800 денари можеа двајца да одат што значи по 400 од човек што беше смешна цена. Автобусот се праркираше кај молот Салоника и од таму пешки пола саат до центар.Од прва добив впечаток дека градот изгледа ептен запустено како некоја нуклеарна бомба да паднала,во центар кај паркот колку што видов на број пијаници кои шетаа и мочаа на отворено Скопје е премија,ништо не се сменило кога бев претходно во 1991 и 1995 само што изгледаше исто како Софија стара баба на пример за време на режимот на Тодор Живков кога ние со 100 марки ги товаравме колите со разна роба а сега пак Софија е Њујорк за Солун и изгледа како Солун што изгледаше до почеток на 90 те години.Да не се враќам со празни раце земав само една кутија Caprice и толку така што не ни помислувам да одам да купувам нешто од таму.
 
Jas prv pat koga bev vo Solun, nekade vo sredinata na 80-tite, pred pogolemite prodavnici imaše plateni luđe da ubeduvaat minuvači po ulica za da vlezat vnatre vo prodavnicata. Tie luđe bea mnogu spremni vo ubeduvačkata misija....abe nema šansa da se otkačiš od nego ako ti se priberi. A zastana so nego da ti zboruva, računaj deka si vnesen vo prodavnicata
 
Бев во Солун пред неполни месец дена, средината на Август. Дупка од град. Гнасно, стари згради и куќи, улици катастрофа, паркинг нема шанси да најдеш, коли паркирани од двете страни на улиците едвај да се разминеш. Не ми се допадна воопшто, не е тоа што го замислував.
 
Првпат одиш?
Обично на луѓето им се свиѓа Солун, не ти се погодило... Треба да отидеш уште еднаш :ROFLMAO:
 
Првпат во мои 31 година бев во Солун, додуша лани првпат воопшто бев во Грција на одмор па годинава решив пак. Се погоди еден ден врнежлив и викам ајде до Солун на шопинг ама се заебав, се наполнив нервози :D Мислам никогаш повеќе дека нема да одам.
 
Прв пат утре сум низ Солун, може да ми предложите спортски Outlet-и или поефтини спортски продавници?
Планирав низ Космос да видам што има…
 
One Salonika - Најк, Адидас, Пума, Андер Армор, Фила
Автоматски споено мислење:

Поефтини ти се Адмирал исто во Салоника
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom