Кој програмски јазик е подобар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vnuce
  • Време на започнување Време на започнување

Кој програмски јазик е најдобар ?

  • C/C++

    Гласови: 47 63,5%
  • Visual Basic 6

    Гласови: 9 12,2%
  • Delphi

    Гласови: 3 4,1%
  • Pascal

    Гласови: 5 6,8%
  • Drug

    Гласови: 10 13,5%

  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.
Како можевте C# да го испуштете во анкетата, исто и Java...дај нека ја апдејтова некој и да има повторно гласање

C и C++ немаат врска алоооо! C е структурен C++ објектен, сместа да се разделат во анкетата
 
C и C++ немаат врска алоооо! C е структурен C++ објектен, сместа да се разделат во анкетата

Така де.. цел свет не знае дали имаат врска, па сеа ќе се праиме паметни ќе ги разделуваме... :tapp:
И... С++ не е објектен ... само објектно ориентиран ... има разлика.

На крај краева, ако сакаш ќе ти дадам и примери за објектно програмирање во чисто С.

Не е до јазикот, до филозофијата на имплементацијата е.:smir:

А дека треба да се стаат C# и Java... тука се согласувам...
 
Па од наведните во анкетата C++ има огромен број на можности и е еден од најупотребуваните во светот.
 
У принцип.... темава е безвезе ... Не е битен јазикот ... битно е како ќе го искористиш... И ова не важи само во програмирање :kez:

Поентата ми е ... use the right tool for the right job. Нема причина зошто да не користиш нешто што има само основни можности, ако врши работа...

На крај краева... being a programmer is a way of thinking... да не звучам преригорозно, да го наречам way of life :)
 
Овие јазициве баеги ви се заостанати...
Кој е модератор тука незнам, ама ставете покрај Delphi C# и Java.
Тие 3-те моментално за апликации се најпопуларни, а за веб Java платформа обезбедува J to I, Flex; C# e флексибилен и во него може да се кодира со Java, VB, C. Од C# за веб добивате .asp наставка. Е сеа кој ке го изберите, сепак зависи од индивидуалното познавање на програмските јазици. Јас искрено, добро го знам C и Delphi, не ми представува проблем работење со C#, а и Adobe Flex (наследник на Macromedia) доста добро се покажа за веб (сега го чепкам по малку). Единствена разлика е што Java, се извршува на страна на корисникот па кај сервер кој што очекува многу корисници Java е подобра опција.

Гледам се расправате за C/C++
C-то ви е јазик кој работи искличиво под дос. Работите со командна линија која е застарена и сега да се појави таква апликација колку сака нека е добра и незнам што да прави, никој нема да ја погледне.
C++ е некое визуелно програмирање во C, но сепак заебани се поврзувањата и правење инстанци од објектите. Затоа тоа е заменето во 2002 со Visual Studio 2002 во кое за прв пат по примерот на Delphi се воведува C# кој е каде каде понапреден од C++. Затоа ич немојте да се карате за овие јазици, нивното време е поминато, и се користат колку да се сфати логиката како функционираат посложените програмски јазици.
 
Овие јазициве баеги ви се заостанати...
Гледам се расправате за C/C++
C-то ви е јазик кој работи искличиво под дос.
C++ е некое визуелно програмирање во C


Ај те молам едуцирај се малце пред да пишуваш вакви глупости. Не за друго, се бламираш самиот себе...
Ц работи исклучиво под ДОС, а?
Ц++ е визуелно Ц, а?

Ај, да не продолжам... ми ја сфаќаш поентата... се надевам :(

Зошто бе деца.. зошто? Имаш гугл ... ако ништо друго... искористи го...
 
Абе јас имам работено... C кога ке го компајлираш и кога ке го стартоваш што се добива?Aко знаеш толку ке видеш дека се отвара командната линија под дос ако на почеток избереш C/C++ sourсe file?

Ако одбереш mfc application те носи во делот на визуелното програмирање каде што визуелно може да поставуваш копчиња. И достате со ова... Овие апликации се стари 10 години бре... незнам што сте запнале во нив.
 
Абе јас имам работено... C кога ке го компајлираш и кога ке го стартоваш што се добива?Aко знаеш толку ке видеш дека се отвара командната линија под дос ако на почеток избереш C/C++ sourсe file?

Ако одбереш mfc application те носи во делот на визуелното програмирање каде што визуелно може да поставуваш копчиња. И достате со ова... Овие апликации се стари 10 години бре... незнам што сте запнале во нив.

Друже... ти си видел Visual Studio 6 и мислиш си го фатил Bill Gates за муда. Ти реков во претходниот пост, прогуглај малце... Имаш многу грешна идеја за некои многу битни работи.

Нејсе... ако мислиш дека е бесмислено, не се замарај со С/С++ ... но не тврди нешто за коешто немаш идеја... ок ?
 
Jas sum naviknat na Pascall i C++, za vas ne znam.. Pascall uste malku, pa ke go usovrsam, a za C++ imam muvi da lapam.. :)
 
1. Се сложвам дека темава е малку глупава и не постои најдобар програмски јазик. Барем не ако се збора општо.
2. Многумина од вас напишаја многу глупости во однос на Ц/Ц++ па и останатите јазици каде се гледа дека немаат врска од темава.
3. Кога морам да одберам некој од овие јазици шо се понудени и да одберам општ најдобар јазик тогаш без конкуренција тоа е Ц. Зошто? Одговорот е моќ.
4. Ако чоек избира кој програмски јазик е најдобар тогаш треба да се земат во предвид неколку работи како на пример: шо треба да напрај, како треба да го напрај, искуство и преферирање на одреден јазик.
5. Се сложвам дека во анкетата треба да се дефинира за што е најдобар јазикот? Па дури и тогаш нема да е изборот во ред затоа што се работи за различни вкусови.

Скоро за се Ц е еден од претендентите (нормално ако се земат во предвид и разно разни пропратни библиотеки). Арно ама да се работи со Ц потребно е ненормално големо трпение, внимание, искуство и знаење. Тоа е најнегативната страна на Ц. Од друга страна сите останати јазици можат да му носат вода во однос на брзина, зафаќање меморија, моќност и слично. Немој некој да кажал дека нешто не можи да се напрај во Ц. Се можи да се напрај. Проблемот е шо некои други јазици покриваат дел од напорната работа и го прат развојот на софтвер во нив многу полесен.

Шо се однесува до предлозите :pos2:. Аман како можи некој да го клај Вижуал Бејзик(па 6ка) или Паскал (очигледно дека нафрлил само она шо има слушано). Овие два во под било кои услови не се најдобри затоа што не чинат за ништо. (Ок Паскал барем чини за учење на алгоритми и алгоритамско размислување ама за развој на софтвер...:uvo:)
 
Jas sum naviknat na Pascall i C++, za vas ne znam.. Pascall uste malku, pa ke go usovrsam, a za C++ imam muvi da lapam.. :)
Ако знаеш паскал, пробај поработи Делфи 5 (мада сега има и 2007). Истиот код е во позадина, само има визуелно поддесување. Додаваш копчиња, можеш да вчиташ слика и тоа многу лесно и едноставно, бидејки повеќето функции се направени, ти само си ги користиш. Тоа е предноста на новите програмски јазици во споредба со старите. Функциите (пр. за вчитување на слика, најавување, поврзување со база на податоци) се речиси комплетни, само треба да се употребат во програмата, а тоа нешто во старите треба сам да си го думаш и да го правиш. А нормално сето тоа се плаќа и чини неколку стотина долари ако си во Америка. Но, кај нас сеуште може да се најде за 100 денари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom