Електронски дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата ITK
  • Време на започнување Време на започнување

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.
Електронскиот дневник е реализиран како веб базирана апликација изграден врз постоечка инфраструктура од хардверски и софтверски платформи на Министерството за Образование и Наука.
Е-дневникот ја користи базата на податоци од ЕМИС (англ. Education Management Information System) кој е систем за собирање, обработка, проверка и презентирање на податоци што се важни за образовниот процес во основното и средното образование во Република Македонија. Имплементацијата на ЕМИС системот вклучуваше и обука на двајца администратори од секое училиште во Република Македонија кои се задолжени за внес на податоците во системот. Овој систем е реализиран во периодот 2009-2010 година преку Проектот за Модернизација на Образованието (ПМО) кој е реализиран со кредит од Светска Банка и грант од Кралството Холандија.


http://ednevnik.mon.gov.mk/
 
Да туку кај нас се бламират професорите и ваљда не го користат за тоа што е наменет туку ни се закануваат у фазон ќе ти пишам кец у е-дневникот и после 24 часа не може никаква промена да се направи дрн дрн дрн.....
Си праве експерименти оваа држава само не упропастуе. Патем уште немаме добиено информации како ќе имаме пристап ние учениците т.е. нашите родители до тој е-дневник а еве веќе 1 полугодие го користат... како што кажав горе за банални работи.
 
Ова е веќе на сила во некои школи.
Само шо оценките идат прво у тефтер па у дневник па тек у е-дневник.
Така да на крај родителите пак последни дознаваат за кецот.
 
1. Како да се најавам на Е-Дневникот за првпат?


  • Доставете му email на класниот раководител
  • Класниот раководител ќе ја креира Вашата корисничка сметка
  • Проверете го Вашиот email, испратен ви email со вештачки генерирана лозинка.
  • Најавете се на Е-Дневникот со вашиот email како корисничко име и лозинката која ја добивте.
Уште родителите за знаеја што е тоа email :)
 
Се наплаќало ова колку што чув, 250 ден. од полугодие. Од обична скрипта ќе се опари некој и тоа добро :pos:
 
Мадиња у прав.....дома у врска со оценките се кажуам...шо ако го види сеа кецот или па за две недели на родителска...
 
Не е лошо и ова да е функционално.
 
Се наплаќало ова колку што чув, 250 ден. од полугодие. Од обична скрипта ќе се опари некој и тоа добро :pos:

Еден куп е-дневници излегоа и само гужва направија... Не се плаќа за овој.

Тоа за зачленувањето на еДневникот е... ноу комент. Колку технички неписмени ги има, па мејл ќе отвараат, па до класниот, глупости... За едно 5-10 год. може ваков проект да пројде, до тогаш ништо.
 
Ова е бламажа, нема никако да профункционира, и тоа што е направено за моите родители е шпанско село, секако ќе се изнајдат еден куп финтици за хак на ова, ќе искористам една изрека : епик фејл.
 
Хаха додека не направат лајт верзија т.е. поНЕкомплицирана верзија на зачленувањето, тешко дека ова ќе профункционира. И што од ова, јас и така ги кажувам дома сите оценки, а си има и родителски. Така да сега за сега ова е чист фејл, за понатака ќе видиме.

Башка и ќе се направат триста финти за хак како што кажа членот над мене :icon_lol:
 
Нас ни бараа матичен и мобилен број... :) нешо демек да заведеле за е-дневникот... :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom