Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Скопје има единствена предност од другите места за живеење во Македонија - има за секого по нешто !
 
Ти можеш не до утре него цел живот вака....тоа е твој проблем.
За мене лично сите градови во Македонија припаѓаат на секој македонец со правото да живее каде кој сака .
За твое разочарување јас кога би можел да бирам не би го одбрал Скопје иако сум од скопска фамилија.
Луѓето кои живеат во градот ја сочинуваат во најголем дел сликата на еден град,во случајот на Скопје кога плукаш ,плукаш на целиот народ .
Кулирај,очигледно сме на различни фреквенции ...
 
Скопје има единствена предност од другите места за живеење во Македонија - има за секого по нешто !

Добра поента, голем град - големи можности за секого има по нешто, имаш храна и пијалоци и за сиромашниот и за средниот и за богатиот. Тоа ми се допаѓа во Скопје, можеш да живееш (релативно) добро без разлика на примањата.
 
Тоа што се луѓето во Скопје отуѓени не се должи на големината на градот или некој начин на живот кој градот сам по себе би го наметнал, туку се должи на тоа што луѓето немаат пари за дружење, како што кажа Таруно.

трагичното е што дојде време (да ти требаат пари за да се ДРУЖИШ) тоа ти е исто као АКО САКАШ ДА СИ СТВОРИШ НЕПРИЈАТЕЛИ ПОЖАЛИ ИМ СЕ.Се изместија вредностите во градот,и да искрено превише провинција има у Скопје,неможеш да им забраниш да си го бараат лебот ама...има едно правило "човекот можеш да го извадиш од селото ама селото од него тешко"
 
Jас пак ете, не се согласувам со тебе. Можеби зошто немам многу контакти надвор од Скопје (цела фамилија ми е од Скопје) и каде и да одам, толку ми е досадно, ми фали тој бетон, ми фали таа галама, гужва, виканици.... неколку пати сум била кај пријатели мои од други градови и се чувствувам како во затвор. Моите пријатели наеднаш се претвораат во ,,кутри, невини, поштени, добри“... и се тоа е резултат на фамозното ,,чиј си,,. Можеби на другите им се големи цените енормно, фала богу, во Тетово на пример, нес кафе топло е најмногу 50 денари, во Скопје е дупло. Но јас сум тука родена, израсната, па не ми е до толку скапо за живот :)
Шетајќи низ повеќе Европски земји, забележав дека освен што се далеку понапредни, поасфалтирани и поголеми од Скопје, во суштина, е исто.
Мојот град има душа, тоа што ти не си ја пронашол, не е до него. Сепак, и јас да дојдам во Битола ќе се чувствувам ,,бездушно,,.
Скопје е мојот град... и јас премногу го сакам. Не можам да се замислам на друго место. Можеби звучи чудно, но јас навистина го сакам ова место, за мене е најубавото на светот... :)
Ова е мое мислење, не ме цитирајте, немам намера да одговарам на провокативни, политички итн коментари.
 
Ок е сѐ, ги разбирам оние од внатрешноста (не би ги нарекол провинцијалци за да не ги навредам), но тие ми го заземаат местото на факултетите, поради нив неможам да се изборам за повеќе, вистинските Скопјани се загрозени од ново-дојденците!
 
Поретардиран пост неам видено одамна :tapp:
 
A кои се тие вистински Скопјани? Што они имаат ли сина крв..добро бре ,аристократија ли сте вие "старите скопјани",Кинези ли ти дошле у Скопје да ти живеат,или Македонци..
 
A кои се тие вистински Скопјани? Што они имаат ли сина крв..добро бре ,аристократија ли сте вие "старите скопјани",Кинези ли ти дошле у Скопје да ти живеат,или Македонци..
не, туку ние што живееме тука цел живот и што нашите претци се стари Скопјани... (од пред 1963) ако ме сфаќаш?
--- надополнето: Jun 2, 2011 8:12 PM ---
Поретардиран пост неам видено одамна :tapp:
твое мислење си е тоа, тие што ќе се пронајдат во мојот пост нема да се согласат со тебе..
 
твое мислење си е тоа, тие што ќе се пронајдат во мојот пост нема да се согласат со тебе..
Дошол некој (со Македонско државјанство) да студира на државен факултет, во истата држава каде што и ти имаш државјанство, ити се осеќаш загрозен од него, бидејќи не си способен да бидеш подобар од него.

Можам само да ти дадам совет, бидејќи ако напишаното и го мислиш, во голема фрка си, другарче. Барај си помош на психијатар.
 
Дај аргументи зошто постот ми е ретардиран?! Затоа што се пронајде и те здоболе вистината или пак нешто друго е во прашање? И одма за психијатар сум бил затоа што ја кажав реалната слика во Скопското секојдневие?! Не си на мое место т.е сеуште не си осетил на своја кожа што значи неправедност. Некој што си учи и што има по некоја четворка (во јака гимназија) нема да влезе во државна квота заради некој што поминал со просек 5.00 во некое школо кај што оценките од ракав се пишувани, и таа личност ќе биде поуспешна од мене..епа извини ама тоа е РЕТАРДИРАНО и неправедно!
 
Некој што си учи и што има по некоја четворка (во јака гимназија) нема да влезе во државна квота заради некој што поминал со просек 5.00 во некое школо кај што оценките од ракав се пишувани, и таа личност ќе биде поуспешна од мене..епа извини ама тоа е РЕТАРДИРАНО и неправедно!
Не тоа, не тоа. Тоа е веќе друга тема. Тоа е на тема: "Како функционираат органите на средното образование во Македонија".

Ти погоре искажа како некој дошол од друг град и го заземал твоето место на факултет. Прочитај се пак.
 
Епа истото е братче! на крајот јас ќе го извлечам подебелиот крај... Знаеш дека и матурата им ја решаваат и поминуваат со 100 поена? Свесен си за тоа?
 
Епа истото е братче! на крајот јас ќе го извлечам подебелиот крај... Знаеш дека и матурата им ја решаваат и поминуваат со 100 поена? Свесен си за тоа?
Не зафркавај. Порано тепаа учителите, па децата мораа да учат повеќе. Вака нивото на едукација се намалува а со тоа и интелигенцијата на децата.
Наредно е да за министер за образование стават некој кој со врски завршил и четврто одделение,...
 
Епа истото е братче! на крајот јас ќе го извлечам подебелиот крај... Знаеш дека и матурата им ја решаваат и поминуваат со 100 поена? Свесен си за тоа?

Имаш право да студираш,исто ко и ја.. Ако студираш во државна квота,дел од партиципацијата и ја ти ја плаќам,од парите со кои плаќам данок..и немаш право да ми кажеш дека ја несмеам да студирам од друг град,во твојот или на дедо ти град наречен Скопје.. Да имаше факултет во мојот град,можеби таму ќе се запишев,ама нема..,па после лоши ви биле и дисперзираните студии,ништо не ви чини
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom