Во јуни ќе се знае колку административци работат во државата

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
6088D0A6E0F0424DAC5FE92A5E1A5414.jpg



Во периодот од април до јуни годинава Министерството за информатичко општество и администрација ќе изготвува регистар на јавни службеници, со кој ќе се утврди нивниот точен број. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, во државата има 95.000 јавни административци, но министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски вели дека кога ќе се додадат вработените во јавните претпријатија, во војската, полицијата и во другите органи за кои Министерството за финансии не дава одобрувања за вработување, бројката се искачува до 120.000. Според Ивановски во јавната администрација не работат повеќе од 800 лица со договор за дело, од кои повеќе стотини се во а.д. ЕЛЕМ.

Во наделжното министерство во тек е и анализа на тоа колку и каде се ангажирани службениците, зашто, како што објаснува Ивановски, со измената на сетот закони за администрацијата, што завчера ја најави премиерот Никола Груевски, во јавната служба ќе се воведе принципот на мобилност. Во зависност од потребите административците ќе се преместуваат од една во друга институција. Во бодирањето на новите вработени со 10 отсто ќе се цени успехот од образованието, а ќе се забрза и постапката за отпуштање, која сега трае со години. При оценката на квалитетот на работата на шалтерските работници, од што ќе зависи нивното напредување во кариерата, со 60 отсто ќе влијае бројот на решените предмети, со 30 отсто оценката на граѓаните и со 10 отсто оценката од колегите.

Ивановски најави дека системот за електронско вадење документи со електронски потпис е веќе изготвен и уште во текот на годинава 20 услуги и 10 документи, како крштеница, државјанство и слично, граѓаните и фирмите ќе може да ги добијат без да одат на шалтер.
 
30% оценка од граѓаните? Овие навистина мислат дека сме ненормални!
Значи се забрзува постапката за бркање и пикање само од својата елита, ќе остане истата неписмена раја...
 
Колку гласачи има Вмро??? поделете со 2 и ќе добиете колку се точно :) истото важи и другите кога се на власт :)
 
Во периодот од април до јуни годинава Министерството за информатичко општество и администрација ќе изготвува регистар на јавни службеници, со кој ќе се утврди нивниот точен број.

:pos2::pos2: Два месеца ќе работат нешто што се прави во секунд....

... ќе му текне ли на некој да го види бројот на платите во администрацијата.....
 
Не се знае точниот број? Како тогаш делат плати?

Ќе останат само книшкаџиите
Стварно е језиво, мораш да наведнеш глава до коле...не, до петици. А за тоа време вработуваат нови, "заслужни" на големо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom