Што бараат атеисти на форум за религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
Точно религиозноста е вродена но тоа е поради стравот од непознатото.
Како што исчезниваат непознатите работи така и религиозноста се намалува.

Ако јас Го знам, Бога, зашто би се плашел од Него?

Религозноста опаѓа не ради зголеменото „знаење„, туку ради губењето на љубовта: Св. Павле тоа (ни) го кажа уште пред 2 милениуми...
 
Затоа што библијата ви вели дека тоа е почеток на мудроста:

Пословици 1:
7. Стравот од Господа е почеток на мудроста.
 
„...Стравот од Господа...„ не означува страв од Бога како тиранин, туку означува „бегање од злото„, т.е. не чинење зло, ами чинење добро.

Оној поединец кој решил да чини добро и да стане Богоподобен, станува и Богољубец.
 
Не пишува никаде за никакво бегање од злото, туку кратко и јасно стои следново - "7. Стравот од Господа е почеток на мудроста."

Да се плашиш од некого и да сакаш некого во исто време е невозможно! Или го сакаш, или се плашиш од него!
Мудроста и стравот неможат да бидат подијаметрално спротивни во својата суштина, затоа што стравот има само една цел - да ја избегне опасноста, додека мудроста има за цел само да ја достигне Вистината.
Вистината со страв не се достигнува.
 
Ако јас Го знам, Бога, зашто би се плашел од Него?

Религозноста опаѓа не ради зголеменото „знаење„, туку ради губењето на љубовта: Св. Павле тоа (ни) го кажа уште пред 2 милениуми...

Богами од јахве и треба да се плашиш ако го познаваш.
Не многу богови убиваат првородени деца
 
Не пишува никаде за никакво бегање од злото, туку кратко и јасно стои следново - "7. Стравот од Господа е почеток на мудроста."

...што би рекол секој добар протестант...[DOUBLEPOST=1392994415][/DOUBLEPOST]
Или го сакаш, или се плашиш од него!
.

Сакај Го Бога и нема да се плашиш од Него.
 
А што правиме со цитатот што ти го посочив? Таму се вели - плаши се од Бог, тоа е почеток на мудроста. Кому да веруваме сега?
 
да бе стварно, а шо к*р бараат атеистите на кајгана форум..
 
А што правиме со цитатот што ти го посочив? Таму се вели - плаши се од Бог, тоа е почеток на мудроста. Кому да веруваме сега?

Едноставно: од стравот Божји, се движам кон подобието Божјо. Стравот Божји е само почеток на тоа движење, но не и крај на движењето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom