Евровизија 2011 - Дизелдорф, Германија

Статус
Затворена за нови мислења.
Најаката песна од евровизија, EVER !!!

 
најако отварање имаа финците мислам :)
lordi of the rings :tv: :icon_lol:
 
Last year's winner Lena Meyer-Landrut will again represent Germany and bid for the double.

Според кладилниците, Норвешка и Германија се фаворити....
 
Lena ги улови сите со акцентот што го вадеше, искрено и мене ми беше симпатично тоа. Девојчето беше полно и со харизма, исто така и Рибак од Норвешка беше доста харизматичен, поготово шалата што ја кажа кога ја примаше наградата, кој сака да се запознае со него да го чека на аеродромот, ќе биде интересно :)
Се прашувам Влатче со што ќе измами гласови и симпатии? :icon_lol:

Инаку песна победничка што мене до ден денес ми се допаѓа е оваа

мислам ја немаше никој досега постирано. Се сеќавам дека годината кога победи Турција со Сертаб Еренер бев на одмор таму и абе луѓе ја откорнаа песнава од пуштање :pos: На Галиполе каде што чекавме траект до статуата на Кемал Ататурк имаше статуа и од Сертаб. Но, многу квалитетен вокал, ја имам слушано и со други песни и на англиски и на турски, премногу силен глас, како Мараја Кери нешто слично.
Марија Шерифовиќ машко-женско што и да е, си победи, доказ дека и изгледот и јазикот не се секогаш важни на Евровизија.
 
Lena ги улови сите со акцентот што го вадеше, искрено и мене ми беше симпатично тоа. Девојчето беше полно и со харизма, исто така и Рибак од Норвешка беше доста харизматичен, поготово шалата што ја кажа кога ја примаше наградата, кој сака да се запознае со него да го чека на аеродромот, ќе биде интересно :)
Се прашувам Влатче со што ќе измами гласови и симпатии? :icon_lol:
Да, акцентот беше несекојдневен и звучеше одлично. Оваа година не ми се допаѓа многу, али мислам дека пак ќе биде во топ5 најмалку.
[video]http://www.lena-meyer-landrut.de/?content=videos&vid=video_67#videos[/video]
 
Да, акцентот беше несекојдневен и звучеше одлично. Оваа година не ми се допаѓа многу, али мислам дека пак ќе биде во топ5 најмалку.
[video]http://www.lena-meyer-landrut.de/?content=videos&vid=video_67#videos[/video]

Ништо чудо и пак да победи, уште ја нема заборавено светот од лани, плус сега мислам дека нема да биде толку срамежлива на сцена, иде на дабл :)
Сепак за мене Сертаб Еренер и Марија Шерифовиќ во последно време ми се нај заслужени победници, поготово првата. И настап и вокал, ни трема ни ништо. На Сертаб и евровизискиот спот и беше одличен :)
 
За Британија Blue идат оваа година. Interesting :)

Инаку песната на Лена за оваа година, доста слаба.
Романија има интересна песна а и Естонија исто...

Турција малку неевровизиска песна извадиле, а Словачка иако имаат убава песна - не е соодветна за евровизиски победник.

Словенија не е ништо посебно песната - пејачката си е приказна по себе:)

И српската песна е интересна и брза.

Мислам дека оваа година ќе се бара брза песна за победа:)
 
За мене 2006та ќе остане најдобра евровизија. Иако најдобра песна која излегла од таму ми е For Real, сепак 2006та беше кулминацијата, од тогаш па наваму мислам дека се послаби се фестивалите (до душа и се помалку ги пратам).

Таа година го имавме и најдобриот настап. Добра песна, пејачка која знае да освои со изгледот (и втората најубава таа година, ќе видите после која беше најубавата :)), и најдобриот сценски настап што сме го имале. Со дечконо што сега е директор на Македонска Опера и Балет, мање више тоа, одлично си ја заврши работата заедно со женските кои беа на сцена.

И после таков одличен настап, се појавија Врчак и Гаџа и танчари со шорцеви, високи чорапи и AND1 патики... :tapp: :uvo:

А да, за пејачката која беше поубава од Елена тогаш... Тина Керол, преставничката на Украина, аwwww <3... :)


Не дека и од другиве години немало песни кои и сега ми текнува да ги преслушам, после For Real, тука се и песната од Данците, онаа што Џену ја има ставено, , Остани од Горан Каран, Молитва, Не зори зоро... итн... :)
 
Бугарската песна за Евросонг 2011:


 
Според мене ова е најдобрата песна- Beth - Dime Шпанија 2003:toe:
 
Англовизија следам 10 години, заради циркусот со гласањето...
Инаку ова ми оставило најголем впечаток до сега. (18/24 pffff...)

 
И Хрватска го избра својот претставник. Тесна борба меѓу Дарија и Жак, но за малку се извлече Дарија. Лично мене Жак ми беше многу подобар. Еве ја победничката песна Еве како звучи истата во изведба на Жак

И мојот фаворит Од Дора, која што имаше ист број поени со победничката, но испадна од трка поради тоа што жирито гласаше за песната што победи.
 

се сеќавате на песнава? :) добра песна ... 2007 ... коа победи Марија српската

иначе друга интересна песна на евровизија...Шпанија (во Србија 2008) нешо идеше: "Бајла Чики Чики" :icon_lol:
 
Таа песна била добра?? Хеллоооуууу што е со вас бе лол Па и на Влатко е 10 пати подобра него таа имбецилската од Украина...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom