Вашите пријатели на форумов

36 пријатели имам иии од нив лично познавам околу 5-6, добри пријатели ми се.

Мали запознавања имав со некои форумџии/ики преку МСН (уште кога беше во мода), ноо немав можност лично да се запознаам со никој од нив.
 
Имам 5-6 пријатели овде на форумов со кои ги почитувам нивните мисленја со кои се слагам и со кои имааме заенички интереси, се надевам еден ден ке се запознаеме и подобро
 
Јас ве имам сите за пријатели. Блокирам кога пријателот е недобронамерен до шансата за корекција на односот.
Исклучително имам еден сладок малечок кој ептен ми е пријател по кејф и си имам еден мал принц кој го знам на многу начини плус.
 
11 Пријатели , никој незнам , се надевам дека еден ден ке имам можност да ги запознаам
 
Што повеќе пријатели, помалце непријатели...со кој здраво, со кој ни тоа, ама битно нешто да се случува, движи...како и да е реални другарчиња со кои поретко се гледам од форумов се 3-4ца максимум 5.
 
Имам 8 пријатели, не пуштам покани, а ги прифаќам. Од тие 8, 6 појма неам кои се :):), со 7от стално правам муабет, но не го знам лично :), а 8та ми е цимерката :):). Е неа ја познавам :pos2:
 
55 Пријатели од кој околу 20 ги познавам лично , поточно сум се запознал одкако сум на форумов. А контактирам со нив обично преку FB ,, битно е да се дружиме :)
 
110 пријатели:nesvest:
Лично се знам со околу 10-13 од нив, со уште неколку по МСН и ФБ некој муабет ако се сврти, а другите немам блага веза кој се:)
 
Koorching time...

Или по нашки вадење виртуелни статистики.

Од 114 клку што ги имам за пријатели се иам запознаено лично со околу 85 од нив.
Е сеа некои не се активни, други сосема изумреа но во приближно земено со 40 имам и ден денес контакт, со 15 се гледам барем 2пати во месецот.
И ~5 ми се блиски пријатели.


Да повторам... ова се води за оние кои ми се стаени ка пријатели во профилот.
 
Тука пишува дека имам 89 пријатели, ама сигурен сум дека некои кој што добро ги знам се немаме во пријатели :pos: ама нема врска
Со 3-4 од форумов се гледам и дружам на редовна база, а има една група од околу 20-на луѓе кој шо ги среќавам само низ град на забави и слично ама без разлика добро си поминуеме.
 
Пише 58 пријатели. Лично се знам со 15тина негде, со 5-6тина контактирам само виртуелно. Останатите стојат онака.
 
Имам 7 пријатели али со никој немам контакти освен на кајгана.А баш ми се интересни :vozbud:
 
Никогаш не ми текнало да проверам, ете сега видов дека имам 68. Од нив со 20на се знам лично и со уште по некој си го имам вака виртуелно муабетот, а други не знам ни кои се.

Во основа од нив 90% се тие мене што ме адднале, едноставно ако некој ми е интересен му пишувам на профил, а не ми текнува да го адднам така да знам многу повеќе лично, отколку бројката што е тука официјална.
 
Имам 106 пријатели,2 ца од нив ги познавам лично и ми е мило што ги познавам :back:а останатите контактирам виртуелно,мсн фб бла бла бла....
Прифакам оние кои ме аднуваат пошто ме мрзи да аднувам јас...

Е тоа е кратко и јасно :pipi:

Фала чао пријатно.
 
Девет пријатели.Од нив еден братучед,со друг преку фб/мсн,останатите мистерија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom