Просечно семејство може да преживее со барем 500 евра

дали некој може да посочи каде можеме да го видиме и како изгледа списокот од потрошувачката кошница???
 
дали некој може да посочи каде можеме да го видиме и како изгледа списокот од потрошувачката кошница???

Имаше на некоја тема цела листа на производи со колични што ни следува.Ова може да послужи што го најдов:

ат дека едно четиричлено семејство може нормално да се прехрани со една просечна плата и на крајот од месецот да му останат педесетина евра. Меѓутоа, ако се ѕирне во производите што ја сочинуваат кошницата може да се види дека се штури количествата храна за кои статистичарите сметаат дека се доволни да ги задоволат месечните потреби на едно семејство. Според нив, за нормална исхрана на едно семејство месечно му се доволни 1,2 килограми ослич и 300 грама сардина, 3,6 литри јогурт, 700 грама кашкавал, 3,6 килограми јаболка, 2,3 литри овошен сок, половина килограм наполитанки, четири чоколади и други производи. Доколку трезвено се анализира списокот и количествата производи по кои се одредува вредноста на потрошувачката кошница може да се заклучи дека станува збор за нереални параметри. Ваквата вредност на потрошувачка кошница не дава вистинска слика за сумата пари што му се потребни на едно семејство за нормално да се прехрани во текот на еден месец. Според ДЗС, „Потрошувачката кошница на исхрана и пијалаци“ се формира врз основа на податоците што Заводот ги обезбедува со своите редовни истражувања и тоа со „Анкета за потрошувачка на домаќинствата“ (АПД), со статистиката на цените на мало и со статистиката на платите која дава податок за просечните исплатени нето-плати по работник за месецот. „Потрошувачката кошница опфаќа производи од категоријата исхрана и пијалаци. Сите производи од категоријата исхрана и пијалаци што ја сочинуваат кошницата се одредени како просечни месечни потреби на едно четиричлено неземјоделско домаќинство и тој список на производи е константен (исти производи-исти количества), во текот на една година.
За формирање на кошницата од АПД е направен избор на репрезентативни производи што ги покриваат стандардните потреби без претензии да означуваат граничен случај на кој било начин“, пишува во образложението од ДЗС. Оттаму додаваат и дека цените на мало на производите од кои е формирана потрошувачката кошница се пресметани врз основа на нивно редовно месечно следење во осум града во Македонија.

Или ова:
http://wap.forum.mk/245787

Многу интересн детал: Македонија е на диета со потрошувачката кошница :)
3 литри сок за 4ца цел месец,по една голтка во текот на денот,плус еден лист од зелка поделен на 4 дела и за вечера капаче јогурт.
 
Имаше на некоја тема цела листа на производи со колични што ни следува.Ова може да послужи што го најдов:

ат дека едно четиричлено семејство може нормално да се прехрани со една просечна плата и на крајот од месецот да му останат педесетина евра. Меѓутоа, ако се ѕирне во производите што ја сочинуваат кошницата може да се види дека се штури количествата храна за кои статистичарите сметаат дека се доволни да ги задоволат месечните потреби на едно семејство. Според нив, за нормална исхрана на едно семејство месечно му се доволни 1,2 килограми ослич и 300 грама сардина, 3,6 литри јогурт, 700 грама кашкавал, 3,6 килограми јаболка, 2,3 литри овошен сок, половина килограм наполитанки, четири чоколади и други производи. .

Што и ме на овие бре не јадам сардина, статистикава им е убиствена.

Синдикат што е тоа синдикат јас не знам никогаш и го немало....

Само свинско се крка и вино се пие сардини пих.
 
уф колку голема вистина ова за ССМ ..
раководството е само една обична лешинарска збирштина на паразити ... одсекогаш било, е, а и не гледам дека ќе се смени нешто ..

ништо поразлично од скоро цела државна администрација, МАНУ и остали бирократски закоравени комуњарски структури .. на кои никако не им иде у прилог да мењаат начин на „работа“ и да си го нарушат лешинарењето и паразитското битисување ...

а за кошничкава не ни треба муабет да правиме ...

Комуњарите се работливи луѓе кои загинаа за таквите како денес што ги викаме комуњари...на овие по би им одговарал изразот дебил,ем се мрсни,ем се арогантни ,ем мислат дека се знаат,ем не ја вршат работата што треба да ја вршат ... со еден збор џабе ја трошат храната...
 
А колку само има фамилии кои едвај 18 000 ден имаат месечно па преживуваат, на пример мојата фамилија, инаку живеам во Скопје, ко божем повисок стандард од другите градови.
Инаку со таа просечна плата по човек од 300-400 евра колку ломотат на тв а врска си нема. Нека идат во помалите градови да ги прашаат, што за нив значат 300 евра месечен приход. Со тие пари они автоматски се самопрогласуваат за газди.
 
Ех да беше жив ЈОСИП БРОЗ ТИТО! :) :) :)
 
Ето, сега ме збунија. Овие што возат автомобили (а има секое второ семејство по 1) и имаат по 4 мобилни телефони (за мама,тато и децата), одат на одмор по 15-20 дена, најверојатно земаат по 60-70.000 плата, премиерска, кога ете успеале да тргнат пари за автомобил и да си трошат по одмори и шопинзи во Грција, 4 претплати на телефон и слично.
 
Ето сега ти мене ме збуни, сакаш да ги убиеме овие што водат нормален живот?Преваранти едни они кола ќе возат и на одмор ќе одат алооо,телефони мобилни на претплата во 2011! Сигурно краделе за да имаат.
Нормален живот по дефиниција - живот на леб и сол во пештера.
 
А колку само има фамилии кои едвај 18 000 ден имаат месечно па преживуваат, на пример мојата фамилија, инаку живеам во Скопје, ко божем повисок стандард од другите градови.
Инаку со таа просечна плата по човек од 300-400 евра колку ломотат на тв а врска си нема. Нека идат во помалите градови да ги прашаат, што за нив значат 300 евра месечен приход. Со тие пари они автоматски се самопрогласуваат за газди.

Со 300€ можиш да бидиш газда во Царев Двор.
 
Ето, сега ме збунија. Овие што возат автомобили (а има секое второ семејство по 1) и имаат по 4 мобилни телефони (за мама,тато и децата), одат на одмор по 15-20 дена, најверојатно земаат по 60-70.000 плата, премиерска, кога ете успеале да тргнат пари за автомобил и да си трошат по одмори и шопинзи во Грција, 4 претплати на телефон и слично.
Знам дека грците вака како што си напишал живеат (па и подобро -секој има по кола и мотор, своја куќа, живот) ама збориме за живот и плати у Македонија

Ако 2% задоволуваат потреби со плата и трошоци, ако 9% земаат од 20-30 к, колку % земаат од 10-20...колку и да земаат никако не може математикава да ми излезе 20.000. Досега тврдев дека просекот е ок, но...некако и проста математика мислам дека не дава таков податок.
Инаку за превоз и хигиена многу малку...едино ако се возат со точак и се мијат со сапун од свинска мас и пепел
 
Нема средна класа,денес богата е онаа што има кола и оди на одмор.Сиромашна е онаа што е под 18 000 денари.Замисли богат си ако имаш кола и одмор :)
 
Секој петок земам 21.7% компир од вкупно дозволеното за семејство. Плус земам и измеѓу петоците за така, да е помрсничко...изгледа сум надминал лимит :vozbud:

--- надополнето ---

а пресметкиве биле по лански цени, аааа. Сега стави 600-700 евра најмалку
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom