Што ве исфрустрира/изнервира денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sheldon Cooper

Гостин
Темава е за сите оние кои биле исфрустрирани од нешто или некого :)
Еве мене денес ме изнервира една постара жена што бараше пари (не е битна националноста) но ме изнервира начинот. Ќе ја цитирам „дај некој дИнар жити се, Алах здравје да ти даде“. Си реков во себе WTF??! Прво да расчистиме не сум верник, второ ако Алах е способен да ми даде здравје зошто тогаш не и даде пари??? Човековата лекоумност и суеверие одат до тој степен што ни во најголемата беда човек нема да сфати дека тој самиот треба да стори нешто за да излезе од калта а не да чека од АЛАХ/ИСУС/МОЈСЕЈ или било кој друг...
 
Тоа што има некое известување на страната на факултетот а не е повеке пообјаснето,и сега треба да се влечам низ простории ко црево :tapp:
 
ме исфрустира тоа шо домашниве неможат да ме СВАТАТ!....неможат да сватат дека цел живот е борба и дека нема ЉУБОВ АМАН!
 
Што имав предавање од 8 и 30 сабајле а јас станав во 2 попладне:tapp:
 
Малце ме изнервира што денес сабајле во 4ч. немаше добар филм на тв :)
 
Мене ме изнервира што станав во 7 за на предавање а предавањето се одложи :angry3:
 
Ме исфруструра помислата дека сум на факс од 8 до 16 часот. Ме исфрустрира интернетов денес многу, спор е ко желка. Ме исфрустрира времево исто ... какво е тмурно, да не ти се живи ич.
 
Ме исфрустира брат ми сабајле кога ја крена ролетната и ми ја обелодени собава!! И бај да веј не го направи тоа полека па и звукот ме исфрустрира !! :lut: Сега за сега толку, се надевам и така ќе остане :)
 
Мене ме изнервира што станав во 7 за на предавање а предавањето се одложи :angry3:

Јас од 10 станав, и предавање немавме. Требаше да чекам 2 саата за следното, епа си отидов дома!
 
Пред некој ден пресметката дека со цимерите имаме 12,000 денари сметка за струја, за 2 месеца!!!!! како е можно!!??
 
Ме изнервираа професори/ки, од 27 години па надоле, влезени преку директор со книшка нормално (сопартиец) без грам мозок... е тоа е луѓе мои мили трипер државичка :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom