Бонсаи (одгледување бонсаи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Јас минатата есен почнав со бонсаи од даб, арно ама татко ми мислел дека ми се за расад и ги изнесол надвор на студот во зимата, така ми се зафркнаа. Оваа година пак ќе пробам да ги насадам, најдов дрвца. по леснотија за одгледување се наредени вака...
прв степен - Даб, Црн бор ...
Втор степен - Костен, смрека, липа...
Трет степен (тешки) - Бел бор...
Ако не те мрзи, можеш да направиш самиот во посакувана форма, ако најдиж глина од некоја цвеќара или од кај некој човек што продава глинени предмети. Земјата треба да биди составена од еднакви делови песок, тресет и кафеница.
П.С. не знаев дека биле поважни танките жилички од главниот корен. И ко чо викаш треба да ја живнеме темава, прилично запоставена е. http://bonsaiexperience.com/

Не се продава никаде како што знам во македонијава, ама има во други држави. Патем, тоа не е цвеќе.

На повеќе видеа имаше за корењата дека е важно тие како влакна да останат а дебелите да се кратат поради водата нешто беше.

Тука има за работа со корењата. Утре ако имам време ќе го сликам и ќе го прикачам костенот што го најдов.

Инаку нарачав и семки од јаболка од интернет и сега ги ставив за ртење па ќе видиме што ќе излезе од тоа. Ако изртат ќе терам и од семе.
Ртењето го правам така што во едно пластично од сладолед ставам тоалетна за во кујна и ставам вода колку да се натопи не да плива во вода. Потоа ги ставив семињата и потоа кутијата во фрижидер т.е. на 4 степени. Со тоа му стимулираш дека е зима затоа што во природата температурата во зина на земјата под снегот е околу 4 степени. Така во природа рти. Семињата ги ставив пред 2 недели а оставив и 3-4 плус за покасно да ставам во саксија некаде на втора недела од ноември како во “природна атмосфера“ ќе ги ставам во саксија во хумисна земја и одозгора неколку лисја као покривка па ќе видиме малку ќе експериментирам.
 
Според мое мислење најдобро е од семка, јас дабчињата ги собрав од природа свежо изртени, закрепнаа од пренесувањето и зега ќе им ги искастрам корењата.
 
Според мое мислење најдобро е од семка, јас дабчињата ги собрав од природа свежо изртени, закрепнаа од пренесувањето и зега ќе им ги искастрам корењата.

Колку ти се стари? И мислам дека на година две се кастрат кога се менува садот кога ќе е мал. Мислам дека и нон стоп кастрење на корењата и не е баш препорачливо.
 
Колку ти се стари? И мислам дека на година две се кастрат кога се менува садот кога ќе е мал. Мислам дека и нон стоп кастрење на корењата и не е баш препорачливо.
Една година се стари, едното од нив беше како направено за бонсаи, веднаш под површината многу тенки жилички и еден главен дебел корен насредина со должина од 5 цм, него го скратив, жиличките ги оставив. Патем, не ни планирав да ги кратам корењата често, туку 1 - 2 годишно.
 
Сакам да одгледувам бонсаи дрвца може ли некој да ми објасни подетално за нив и каква почва треба???:)
 
Почва треба каква сакаш ако сакаш да се поздрави, стави хумус, но треба и дренажа, значи межавина од крупна песок и хумус 50:50. И секоја година ќе ги кастриш колкави што сакаш да бидат, а и ако сакаш да ги обликуваш, се мота бакарна или алуминиумска жица околу стебленцето и гранките, и се обликуваат по желба, но пази, можеш да ги обликуваж само младите меки стебленца и гранчиња, ако пробач да обликуваш цврсти гранчиња, ќе се скршат и џабе работата...;)
 
Сакам да прашам дали може од секое дрво да се направи Бонсаи пример смоква,кајсија,круша,цреша итн. или не е битно тоа и дали е сега добро време за да пробам да направам или е рано?
 
Темава е заостаната но само што ја најдов имам едно Бонсаи а сеа ќе купам и друго воопшто не се тешки за одгледување додека да им го фатиш редот а цената им почнува од 1000 па нагоре!
 
Сакам да прашам дали може од секое дрво да се направи Бонсаи пример смоква,кајсија,круша,цреша итн. или не е битно тоа и дали е сега добро време за да пробам да направам или е рано?

Доцна е, бонсаи се почнува на есен, кога дрвото може да се пресадува без проблем.
Патем, да, секое дрвце може да се направи бонсаи, но некои се почувствителни од другите, некои бараат повеќе влага, а некои повеќе хранливи материи, одлични почетнички дрвца се дабот и црниот бор, а омилено за професионалците е белиот бор...Ако ти е прво бонсаи, НИКАКО немој да си пробал со бел бор!
 
Ова што ти го кажаа е вистина можеш од повеќе врсти но и јас имам слушано дека ако си пелтник не од бел бор да почнеш...
Но јас сакав да прашам кај можам да купам Даб,Црн бор и бел бор.
И каква прихрана се користи за вистински бонсаи дрвца од цвеќара???
:LOL:
 
Бел габер, јасен, јавор или црница исто така лесно се обликуваат во бонсаи, всушност и многу други листопадни видови можат да се обликуваат во бонсаи доколку се доволно мали, може да се почнат и сега додека се уште не се развиени.
 
Добро а каде може да се купат :pipi:
 
Видовите кои ги набројав растат во изобилство во нашите шуми :), бел габер (Carpinus orientalis) има по подножјата на планините и од него се прават супер бонсаи. Инаку по расадниците/ хортикултурните центри. Мислам дека нема потреба да купиш посебен вид на растение за бонсаи (можеш да купиш веќе оформено бонсаи кое само ке го одржуваш), а доколку си за своерачна изработка може да ти послужи речиси било кое дрвце кое ланската година ти никнало во двор од некое паднато семе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom