Електронска цигара

  • Креатор на темата Креатор на темата DonRistovski
  • Време на започнување Време на започнување

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.583
Поени од реакции
4.609
Има ли некој искуство во врска со ваков вид на цигара?
Јас си купив ваква пред 2 дена и имам еден проблем: кога влечам и се загрева многу...Чаре некое?

П.С. Ако има ваква тема, оваа или споете ја или фрлете ја во канта
 
Има ли некој искуство во врска со ваков вид на цигара?
Јас си купив ваква пред 2 дена и имам еден проблем: кога влечам и се загрева многу...Чаре некое?

П.С. Ако има ваква тема, оваа или споете ја или фрлете ја во канта

Од каде ја купи? Јас барав ама тука по аптеките во Струмица или ја нема или е многу скапа. На едно место ми кажаа 4 илјади и нешто...
 
Купив од поголемите маркети (скоро кај сите ги има) 1000 денари се
 
Имам пробано таква цигара, планирам да купам, пушам просечно по кутијаипол на ден, се надевам дека ке има некаков ефект....

--- надополнето ---

Купив од поголемите маркети (скоро кај сите ги има) 1000 денари се

Кеде поточно тука во Кавадарци?
 
e-cigarette-mechanics-copy-1024x627.jpg Еве како изгледа една е-цигара. Е-цигара е всушност „цигара“ која помага да се одвикнете од вистинските цигари. Димот од оваа цигара не содржи ништо штетно. Вие само вдишувате и издишувате ПАРЕА. Кога ќе ја купите е-цигарата, со неа доаѓа и УСБ полнач. Првото полнење на е-цигарата мора да трае 8 часа, а потоа можете да ја полнење по 1 или 2 часа. Еден кетриџ заменува 20 цигари (1 кутија) или 200 повлекувања на дим. Еден кетриџ да го купиш е мислам 30 или 40 денари. Најважно за е-цигарата е тоа што е секаде дозволена да се пуши (понекогаш и на час ја пушам...зависи од часот оти некои професори погрешно ќе те разберат и проблеми ќе си направиш)
 
Користев две недели пред да ги откажам цигарите од кој првата недела со никотинско полнење. Во врска со несаканите ефекти читав дека банирана е употребата во авиони,исто така ФЕД не ја одобри да се продава под етикета како здрав производ.
Искрено ми помогна да ги откажам цигарите
 
Пред недела дена имаше купено пријател од аптека некоја ми кажуваше. Интересна направа, само да видиме како ќе делува. Некаде слушнал дека со ваква е-цигара ќе ги остави цигарите. Баш да видиме. :)
 
Користев две недели пред да ги откажам цигарите од кој првата недела со никотинско полнење. Во врска со несаканите ефекти читав дека банирана е употребата во авиони,исто така ФЕД не ја одобри да се продава под етикета како здрав производ.
Искрено ми помогна да ги откажам цигарите

Aj овака кажи ми ..кога ја пушиш, какво е чувството..исто како и обичните..? Или имаш чувство како да влечеш воздух :) И како на кој начин ти помогнала да ги оставиш цигарите.. ако има ист ефект како и обичните..има ли никотин во неа..ај малце по детално ако сакаш, ија морам да го оставам ѓубрето
 
Баш во средата прашував за ваква цигара. Ја има во Реплек аптеките и е 1 100 денари. Само не знам колку е ефикасна.
Кога со сигурност би знаела дека ќе ми помогне да се откажам од цигарите, одма би ја купила.
 
со извинење маде во чибук или со други зборви врска нема со она вистинското.нити има вкус на цигара па ни на некој бренд на цигари нити чувството е такво.ако веќе сте решиле да ги оставате цигарите пробајте со семки и сончоглед оти ова ке ви биди џабе фрлени пари а 1000 не е баш малце да ги дадеш за глупости.
 
другар ја има цигарава и тапа е. прво додека да повлеќеш за да осетиш нешто од цигарата треба заушки да фатиш да не праам муабет за тоа колку многу е слаба !!! трето коа пушам вистинска цигара знам до кај гори и доста е со оваа цел ден ке се забораам мтегнејки и па нема нишо да осетам !!!
 
Воопшто не е точно ова што го зборуваат колегиве пред мене :)
Земав E-cigarette од Пазар3 за 1800 денари. Во пакувањето имаше 2 цигари, две пакетчиња рефили, полнач за во кола, за штекер и УСБ полнач.
Ја користам веќе 4-5 ден и сум презадоволен. Од две кутии намалив на 5-6 цигари дневно. Содржат никотин и глукол или нешто слично. значи нема катран, јаглерод двооксид и се што има во обичната цигара.
Сега обичната цигара ми е некако сува, без вкус, бидејќи навикнав на вкусот на електронскава цигара.
Мене ми помогна и за неа имам само добри зборови.

П.С Има вкус скоро на иста цигара. Осеќаш гребење во грлото, чуството е скоро исто
треба да ја пушиш барем еден ден за да стекнеш мислење. Со еден два дима не правиш ништо
 
Мој совет до вас...не се заебавајте со вакви глупости .... или пуши или не пуши....електронски цигари пфф шо ке измислат следно електронски хероин?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom