Топ 5 книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Ако баш и морам да изберам само 5 книги кои сметам дека му се потребни на секој човек во животот, од досега прочитаните би ги издвоила:

1. Моќта на потсвеста - Марфи
Ја сместувам на првото место бидејќи сметам дека има периоди во човечкиот живот кога тој паѓа психички поради разни причини, оправдани или неоправдани. Па во тие периоди му треба "нешто" кое ќе ја поткрене неговата психа на повиско ниво, а кој го може тоа подобро од Марфи ?

2. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
Честопати сме се нашле покорени пред прашањето за што всушност живеам? А, одговорот го нема, всушност го има, онаму долу, во душата, само ни треба патоказ за да стигнеме до крајната дестинација. Кога сметаш дека веќе ништо нема смисла,дека единствено останале само црната и белата боја од палетата, е токму тогаш се спушташ на најниското ниво на бедата и токму таму го пронаоѓаш решението и изворот на сето она што те довело да таму.
И, Коелјо е тука за преку ликот на Вероника да ти го објасни најдобро тоа чувство, да те разбере и да те насочи кон вистинските вредности во животот.

3. Гол Човек - Игор Џамбазов
Ништо во животот не е загарантирано, ниту парите, ниту уживањето, а најмалку бракот. Во оваа книга е сместено патешествието на толку надарено битие, што едноставно е неверојатно како тркалото на животот сурово го фрла на ладниот бетон. Сето таа мизерија, страдање,завист се само показател на тоа дека животот е само како кормило, или ти управуваш со него, или тоа со тебе.

4.Демијан - Херман Хесе
Зарем има доволно зборови да се опише ова маестрално дело на Хесе? Е, ова дело има да направи да ви се сврти во главата. Сета таа мистерија на непознатото, впуштањето кон незапирливото ќе ве крене над облаци.На "тој" Абраксас има да се сеќавате премногу често, кога правите добро, кој ве натера на тоа; кога правите лошо кој владее со вас? Кој е тој кој ги држи уздите на коњот?

5. Мојот господин совршен - Александра Потер
Немој да мислите дека е нешто налик на Никола Спраркс, Боже секако дека не, не сум обожувател негов.
Оваа книга упатува на тоа, или барем јас така ја разбрав, колку совршениот маж е најнесовршен. Едоставно се заљубуваш, и нема пред тоа ваков, таков, онаков. Кога ќе го погледнеш во очите и се гледаш себеси, тогаш маните стануваат неважни секојдневија.

Се разбира, овој избор не мора да ви се допадне, ова е само мое мислење, за кое не тврдам дека после одреден период нема да ми се смени,едноставно, сега за сега, ова се моите топ 5.
 
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд
Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
Дамари - Антони Де Мело
Владетелот - Николо Макијавели
Вештица - Венко Андоновски
 
1. 1984 - Џорџ Орвел
2. Тепачки клуб - Чак Паленик
3. Сидарта - Херман Хесе
4. Метаморфоза - Кафка
5. Странецот - Алберт Ками

Од оние кои исто би ги препорачал, се: Парфем - Патрик Зискинд и Скафандерот и пеперутката - Жан Доминик Боби
 
1. Демијан - Херман Хесе
2. Шагринска Кожа - Балзак
3. Идиот - Достоевски
4. Клетници - Виктор Иго
5. Степски Волк - Херман Хесе
 
1. Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
2. Царицата на Давид- Индија Еџхил
3. Илјада неверојатни сонца-Халед Хосеини
4. 11 Минути - Пауло Коелјо(не толку омилен писател, ама книгава е уау)
5. Пијанистка - Елфриде Јелинек

И би ги спомнала Норвешка Шума на Харуки и Порака во шише- Спаркс
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom