1. „Браќата Карамазови“- Ф.М. Достоевски
Сите дела на Достоевски се полифонични во кои се преплетуваат повеќе семантички слоеви, но ова е врвот на генијалноста на Достоевски.
2. „Идиот“-Ф.М. Достоевски
Ликот на кнезот Мишкин е еден од моите најомилени книжевни ликови иако на почетокот не знаев дали самиот автор го слави неговиот добар карактер или прави гротеска од него.
3. „Книга за патот и врлината“-Лао Це
Од оваа книга научив нешто повеќе за таоизмот и неговите учења. За разлика од Конфучие, Лао Це повеќе ми се допадна.
4. „Микеланџело Буонароти“- Мирослав Крлежа
Крлежа како Крлежа, ме измачи со хрватскиот јазик. Како и да е- вреди да се прочита кратката драма на еден тројцата сигурно најголеми писатели воедно и интелектуалци од Балканот.
5. „Тесла- портрет меѓу маските“- Владимир Пиштало
Конечно да прочитам некоја книга за Никола Тесла во која акцент ќе биде ставен на неговите емоции, на неговата личност и генијалност, а не да биде хроника на неговите изуми.