Вооружена група упадна во Хемиско

  • Креатор на темата Креатор на темата DJVoio
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

DJVoio

Deejay
Член од
9 ноември 2010
Мислења
177
Поени од реакции
42
Четири ученици и еден професор се повредени во средното хемиско во Скопје откако група вооружена со шипки и ножеви упаднала во училиштето. Напаѓачите,од кои дел имале качулки на главите, влегле на крајот на шестиот час во една од училниците и почнале да тепаат. Епилогот е убод од нож за еден од учениците и професорот кој се обидел да ги раздвои. Хаосот продолжил низ ходниците, но алфите стигнале на време да фатат неколкумина од групата. Уапсените се однесени во станица, повредените со брза помош во ургентниот центар.

„Еден од учениците е со убодна рана во грбот, исто и професорот... сите се во стабилна состојба, а тројца ќе бидат задржани на опсервација“ изјави директорот на Ургентниот центар, Селмани-Ургентен,

„На терен веднаш излегла екипа на МВР при што се приведени неколку лица на возраст од 17 до 19 години сите од с. Орланци.“- ијзави Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје

Според неофицијални информации мотив за тепачката била девојка. Независно од тоа, учениците од втората смена кои не биле директни сведоци на настанот беа вознемирени. Досега никој не ги тепал во училиштето, но надвор од оградата приказната била поинаква.

„Не е убаво ова тепање со ножеви. Да бидам искрен страв ми е. Не сакаме да доаѓаат ученици од други училишта тука и да има проблеми“- изјавија дел од учениците кои сака да останат анонимни.

Единствената безбедносна мерка во “Марија Кири Склодовска“ се камерите. Откако МВР заврши со увидот, во училиштето прво дојде и си замина градоначалникот Трајановски, пол час по него истот го направи министерот Тодоров. И двајцата сепак освен жалење не дадоа цврсти гаранции како ќе спречат вакви настани по училиштата во иднина.

Тепачките во средните училишта веќе оддамна не се новост во земјава. Сепак, не се памети маскирана група вооружена со ножеви да упадне во училница и да тепа ученици. Како се случил инцидентот и поради кои причини, од МВР најавуваат скора разрешница. Нема најава дали некој ќе понесе одговорност.

Извор: http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=33240

--- надополнето ---

Мислам дека треба камери освен на СИТЕ крстосници, сега да се стават камери и во СИТЕ училишта :)
 
чисто сумњам оти било за девојка, но ајде да поверуваме
 
[/COLOR]Мислам дека треба камери освен на СИТЕ крстосници, сега да се стават камери и во СИТЕ училишта :)

На запад има на секој чекор камера не го решило проблемот ниту ќе го реши тоа е справување со последиците а не изворот на проблемот
 
На запад има на секој чекор камера не го решило проблемот ниту ќе го реши тоа е справување со последиците а не изворот на проблемот

Џабе камери, кога улетале маскирани шарпланинците, и кој учкур камери кога со нож боделе ученици па и професор, сега у гз можат да си ги стават камерите
 
шо не останале мангупите да се пробаат со алфите? :)
 
Ни на училиште неможеш да се опуштиш повеќе...таква нација сме ние, проста, неизживеана и маргинализирана па се појавуваат такви девијации во општеството. Тие насилници треба под итно да се најдат и да се преземат соодветни мерки за нивно опаметување! (ако воопшто имаат тие памет)
 
Џабе камери, кога улетале маскирани шарпланинците, и кој учкур камери кога со нож боделе ученици па и професор, сега у гз можат да си ги стават камерите

Тоа да но причините за насилство се најчесто фрустрации, нееднаквоста, немање проактивни мерки за справување со проблематични ученици.

Еве едно мислење

Секојдневно се соочуваме со информации за тепачка меѓу ученици во основни училишта, за инциденти што тие ги предизвикуваат во автобуси и за недолично однесување кон наставници. Во време на, се чини, целосна ерозија на моралните карактеристики, кога на цена се материјалните, пред кои било други вредности, најмладите се препуштени сами на себе. Кој било директор или педагог на училиште да прашате ќе ви каже дека децата знаат милион вулгарности и дека пофалните зборови се далеку помалку.

Како да се постапи со немирните деца е прашање на кое многумина ќе ви кажат различни одговори. За едни, за учењето на детето на правила треба ќотек, оти тој велат излегол од рајот. За други, празнењето на родителскиот бес и нанесувањето болка е потполно неприфатливо и спаѓа во злоупотреба на детето и е опасно по физичкото и менталното здравје на детето. Сигурни се дека сé се решава со арно и само со разговор на децата треба да им се укаже на грешките. Нивните мозочиња „впиваат“ како сунѓери и не можете да ги исплашите со: сукалото е зад вратата.

Според социолозите, училиштето е институција во која агресивното однесување на детето станува видливо во пошироки рамки. Ова, според нив, е проблем во многу училишта, поради што најитно треба да се реагира во сите сегменти, но најмногу во семејството, од страна на родителите оти, велат, детето е како празна тетратка, што ќе му запишеш, тоа ќе си има. Можеби ќе го избришеш напишаното, но трагата од пенкалото ќе остане. За социолозите, единственото решение е децата да не се препуштат на уличното воспитување, туку на вистински начин со нив да се работи дома.
- Ние ги почитуваме конвенцијата и правата на децата во кои се забранува секаков вид психичко и физичко малтретирање на ученикот. Немаме право да ги удриме. Сите негативни работи можеме, а и ги решаваме со разговор меѓу стручната служба на училиштето, од една, и ученикот и родителите, од друга страна. Во исклучителни случаи изрекуваме дисциплинска мерка. Домашното воспитание е столб на воспитувањето на детето. Тука во училиштето ние можеме само да надградуваме - вели Фоника Станоева, директорка во основното училиште „Блаже Коневски“.
- Агресивното однесување на децата родителите го сфаќаат како проблем дури откако тоа ќе ја премине црвената линија на нивната толерантност и во принцип тие секогаш прво што прават е да ја ублажат работата и не ја прифаќаат сугестијата. Дури откако со факти ќе им се укаже на однесувањето на детето, ветуваат дека дома ќе работат со него на надминување на проблемот - додава Станоева.

На агресивноста на децата денес влијае и телевизијата и тука треба да се обрне исклучително големо внимание. Околностите во кои живееме направија насилството да го прифатиме како дел од животот. На насилните содржини децата реагираат така што и самите стануваат агресивни и веруваат дека до доброто може да се стигне и со тепачки. Сите ги заборавија Мечето Ушко и Том и Џери, а малку деца денес може да видите во училиште за време на слободните активности или по часовите на улица да играат миженка или народна. Сега секое второ дете е или Полат, или Мемати, или Абдулхеј, или закачено на компјутер игра „Кантер“. За нив интересни се ликовите од сериите или компјутерските игри, кои се полни со борбеност и со агресивност. Децата не стигнуваат да препознаат дека доброто на крајот победува, важно им е дека некој некого убива.

Последните години, пак, кога сé поочигледно е раслојувањето на луѓето и кога во исти училишта одат и децата на посиромашните и децата на поимотните, според педагошките работници, се поизразен е проблемот за тоа дека уште од најрана возраст тие почнуваат да се споредуваат.

Најчесто преку облеката, кој каква марка носи, па и според мобилните телефони. Некои имаат мобилки од 200-300 евра, а некои стогодишна „нокиа“ или, пак, воопшто немаат телефон. Во вакво тензично време, ова некому само дополнително му го зголемува адреналинот, поради што често и се пресметуваат меѓу себе, што на некои само дополнително „им ја влошува состојбата“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1311173746&id=12&prilog=0&setIzdanie=22194
 
Што е со глупиве филозофии, мечиња Ушко, кантер и слични срања. Очигледно е зошто се случуваат вакви работи, а тоа се насилните диви планинци така наречени Албанци кои треба да се вратат таму од каде што дошле, на некоја планина во Албанија. Зошто нема вакви работи во Струмица, Битола, Гевгели или па Штип?
 
во ова училиште има камери, барем од тоа што видов на тв, беше снимено натпис на кој стоеше: објектот е под видео надзор
 
Што е со глупиве филозофии, мечиња Ушко, кантер и слични срања. Очигледно е зошто се случуваат вакви работи, а тоа се насилните диви планинци така наречени Албанци кои треба да се вратат таму од каде што дошле, на некоја планина во Албанија. Зошто нема вакви работи во Струмица, Битола, Гевгели или па Штип?

Потпишувам со двете раце... да се вратат неможат,но да се опаметат некако... крајно време е...

п.с. сега принц или пикасо коа ке те прочита... :pos2:
 
Што е со глупиве филозофии, мечиња Ушко, кантер и слични срања. Очигледно е зошто се случуваат вакви работи, а тоа се насилните диви планинци така наречени Албанци кои треба да се вратат таму од каде што дошле, на некоја планина во Албанија. Зошто нема вакви работи во Струмица, Битола, Гевгели или па Штип?


апсолутно точно!
 
И ја играм Кантер од 5то одд,гледам акциони филмови секојдневно... па зашто неодам по училишта и не колам професори и соученици??? :-) :nenene: :pos2::pos2:
 
Што е со глупиве филозофии, мечиња Ушко, кантер и слични срања. Очигледно е зошто се случуваат вакви работи, а тоа се насилните диви планинци така наречени Албанци кои треба да се вратат таму од каде што дошле, на некоја планина во Албанија. Зошто нема вакви работи во Струмица, Битола, Гевгели или па Штип?

:nesum:
Малце да не заборави дека пред две декади ги имавме истите тие “планинци“ па на улица се спиеше без страв од криминалци или било што.
Феноменов не е поради планинците туку поради поделеност, фрустрации убаво објаснето итн
Ова не е од вчера проблем и не сме само ние насекаде во светот е .
 
Абе Лупос прочитај го Прличев да видиш дали ги немало и во минатото, само тие разбираат сила, а сега охрабрени од поддршката на либералниот ти еуропејски сојуз си даваат за дозвола шерифи да се прават.
 
Абе Лупос прочитај го Прличев да видиш дали ги немало и во минатото, само тие разбираат сила, а сега охрабрени од поддршката на либералниот еуропејски сојуз си даваат за дозвола шерифи да се прават.

Еј кај отиде ти во турско, таму нит се знаело кој пие кој јаде, да почнам со див запад компарации . Збориме во скоро време пред две декади народецов бил на раат сега крши лом, банди се формираат( ради безизлезноста) и проблеми ќе има нормално. Не е само овде. Насекаде е .
Очекувај уште повеќе криминал и вакви случаи како што станува се полоша и полоша економијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom