EFT Прва машка ракометна лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Сезонава Струга и Радовиш отскокнуваат од почеток, Охрид зеде залет пролетва и која било од овие екипи да влезе Супер Лига нема да е незаслужено.Ние бевме одлични првата полусезона, ама од февруари наваму играме со младински состав и средина на табела е сосема доволно.Богданци и Работнички се исто така млади екипи и нема што да бараат Супер лига оваа сезона.
Штета е само што Струга има многу лоши услови во салата во споредба со Радовишани и Охриѓани.Соблекувалните се многу многу лоши, без струја и без вода.Се надевам дека со влез во Супер Лига тоа ќе се реши.
 
Струга сепак нема да игра во супер лигата бидејќи немале намера да преминат во АД. И Куманово барале одложување, можно е да се случи и они да не играат во супе рлигата. Ако Куманово преминат во АД, тогаш местото на Струга ќе им било понудено на РК Охрид.
 
Кој парадокс значи... Во Струга турнир интернационален се организира во ракомет , се фрлат пари а се нема пари за Рк Струга , која дала премногу за македонскиот ракомет.
Па добро бе да му се невиди , Јоновски , Мојсовски и уште еден куп ракометари се од Струга , па нека извадат сите по 1000 евра и нека му помогнат на клубот.
Ама тое , ко ќе се прославиш после не ти е гајле за ништо .
Да се засрамат сите ракометари и ракометни лица од Струга ако дозволат клубот да не се трансформира во АД.
 
Да не сфатиш погрешно, ама ситуацијава ме потсети уште на некој друг клуб извор на таленти и репрезентативци, само со доста титули :unsure:
 
Абе не е само некој да извај сега 1000 евра од џеп...
Ами шо прајме догодина?пак ќе вадат од џеп...
Струшките играчи се најмалку криви за ова....криви се тие локални моќници шо дозволија да пропаднат ракометните центри на Македонија,како Струга,Битола,Прилеп,Велес...:mad:
Од милостина не се живеј,треба спонзори,треба тој Зијадин Сеља(или како и да беше)да помогни во спортот...
Зошто сега со трансформацијата ќе мора да се осигураат играчите,да им се плаќаат придонеси,не е толку евтино како шо беше до лани....
Само за плати,патувања,котизација и слично не стигнуваат камоли за нормално функционирање на еден клуб...
И РФМ треба да се заложи за Струга,не само РФМ туку и АМС,локална самоуправа, и сите засегнати,зошто факт е дека Струга во последните 10 ина години го дава најдоброто од Македонскиот ракомет...
Навистина не ми е јасно зошто вака испадна,штом најдоа пари овие две сезони за турнирот во Струга,па срамота е да не играат супер лига кога веќе обезбедија пласман во бараж...
Па една Преспа успеа да се снајди...:D
Ете вака ни пропаѓа ракометот,најголемите центри од каде излегуваа/т играчите се затвораат зошто се нема ниту најминимални средства барем за нормално функцинирање на тие школи...:facepalm:
 
Струга сепак нема да игра во супер лигата бидејќи немале намера да преминат во АД. И Куманово барале одложување, можно е да се случи и они да не играат во супе рлигата. Ако Куманово преминат во АД, тогаш местото на Струга ќе им било понудено на РК Охрид.
Штета ако е вака, Струга заслужено доби место, традицијата им е поголема, играчите излезени ги познаваме, а и во вакви услови вадат нови деца (додуша одат во Металург Јуниор после, ама...)..Охрид за разлика од нив, би играл година или две во некоја еуфорија (како пред 6-7 години кога имаше неколку фирми да потфрлат пари) и после стара приказна, менување име Охрид 09,10,11...(n)
 
И официјално РК.Охрид 2011 е нов суперлигаш .

На седницата која се одржа во просториите на Општината Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и бизнис заедницата од градот одлучија да го подржат ракометниот клуб Охрид 2011 за учество во Супер лигата.

Pozadina3-625x390_1.jpg

Општината и градоначалникот Бакрачески одлуката за поддршка на ракометниот клуб Охрид 2011 ја донеле претходно, а на седницата со бизнис заедницата биле дефинирани средствата со кои клубот ќе биде помогнат во учеството во ракометниот крем информираат од Р.К. „Охрид 2011“.

Од формирањето на охридскиот клуб поминаа две години, во тие станаа заштитен знак на охриѓани и миленици на охридската публика. Натпреварите на домашен терен будеа голем интерес кај охриѓани кои ги проследуваа во голема бројка и бодреа до последен здив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom