Што ќе правиме ? Економски армагедон доаѓа ...

Прва основна најбитна и УРГЕНТНА антикризна мерка: ЗЛАТО! МНГОУ ЗЛАТО!. Во секоја рецесија досега златото имало драматичен пораст на куповната моќ Нема врска дали е инфлација или дефлација... СЕКОГАШ е дефлација во однос на златото!
1. Големата Депресија 7х зголемување на куповната сила на златото
2. Стагфлација - 10х зголемување на купвоната сила на златото ...
3. Наголемата Депресија 2001-20хх ... (6х досега..., најмалце 10х т.е 2500$ за унца)

Втора антикризна мерка: НЕ ЧУВАЈТЕ ЕВРА и ДЕНАРИ! Швајцарски франци ако веќе не можите злато. Секако Јуан нуди сигурна добивка ако можете да дојдете до него.

Она што рековте дека печатат денари.. Не е баш така.. Се печатат денари ама за разлика од другите штампачи ние сме во поконзервативните...Сепак тоа не значи дека девалвација не е можна под оправудвање дека девалвациите на другите држави ни го продлабочиле дефицитот итн.

Целиот свет е на фиат а има валутна војна! Златото може да победи секаква војна а најмногу валутна!!!!
Ако некој рече дека е балон имам мала калкулација за него:
цело злато во светот е 165.000 тони. По тековни цени од 45 мил $ за тон тоа вреди бедни 7 трилиони долари.. 7 трилони долари е само половина 50% од федералниот долг на САД кој бадвеј е "безризичен" односно според многу misguided аналитичари најбезбедниот финансиски инструмент во светот.. Еве нешто за дискусија: Што е побезбедно и повредно? Федерален долг на САД деноминиран во долари( чијашто количина се дуплира за еден месец), на влада задолжена 100% од БДП, финансиран од даноци кои од ден на ден се помали, ФЕД кој монетизира скоро цел нов долг... Додај на ова дека кога имаш злато вредноста е внатре во златото а не поседување парче хартија кое има вредност изведена од даночната/печатарската моќ на држава во пропаѓање...



Најголемото злодело од страна на НБРМ и Владата се рестрикциите за увоз на благородни метали! Македонските заштеди се моментално во евра, валута за која облогот е дали ќе пропадни пред или по доларот...Треба да протестираме со парола ДАЈТЕ НИ ЗЛАТО!. Во Кина владата ги советува граѓаните да купат злато!

Во 1950 година барел нафта беше 2 грама злато.. Денес барел нафта е 90 долари или... два грама злато...
Штедење.. Штедње... Штедење... ВО ЗЛАТО!


Е сега Америка уште нема ништо видено од кризата т.е е напочеток оти во изминативе 30 години АМерика работеше на случајот да извезува долари и да ги коцка заштедите/капиталот на своите граѓани.. Америка нема да биде добро место во наредниве 10 години... Секако наредниот чекор во кризата може да дојде од мноогуте должничи балони меѓу кои:
- 1.25 квадрилионскиот (1250 трилони) кредитно-деривативен пазар...( казино Вол Стрит такаречи)
-Комерицјалната недвижнина (.. со помош на кензијанската доктрина оваа нација успеа да го прокоцка капиталот на бескорисни, непродуктивни, и МНОГУ трговски центри кои постојат само поради масовинот извоз на долари и лесните пари/долг)
- Општинскиот/државен долг (ова е веќе почнато, многу држави се де факто банкрториани, многу општини се банкротирани..... тука останува да се види дали ФЕД ќе го монетизира и овај долг со што кризата нема да биди во обврзниците ами во доларот) ФЕД највероватно веќе има монетизирано долг на Калифорнија али уште нема офицјална потврда
- Во контектст на претходното, половина од доларите се во странство, односно еден ден кога ќе претече чашата на довербата сите тие долари за многу кратко време ќе се вратат назад и ќе ги дуплираат цените уриваќи ја довербата во парите и доведуваќи од хиперинфлација.
-
Балонот на федерален долг... америка има 112 трилиони во нефинансирани обврски и долг http://www.usdebtclock.org/
- Тука секако е и ЕВРО-кризата со банркотираните држави: Ирска, Грција, Шпанија, Португалија и Италија.


Што да се прави? Се знае нели, злато рековме... Но има една интересна работа.. Поради целиот тој ливериџ што постои во системот кризата може да почне со масовна дефлација или масовно движење кон ликвидност нешто како флеш-креш 2008. Прашањето е дали како и во 2008 цените на благородните метали ќе паднат?.. Секако дека во такви услови кога капиталот сака да стани пари и да размисли кај ќе оди има шанси златото да падни на цена иако на кратко...Прашање е дали ова ќе се случи.. Можно е сосема спротивно, дефлација на сите средства финансиски/реални/деривативни со истовремен пораст на благородните метали... Јас лично се пазам и од двете варијатни...
Ако се деси да балонот пукни во федералниот долг тогаш златото нема да падни поради тоа што златото ќе биди наредното најбезбедно средство после пропаднатите обврзници(safe-heaven)
Ако пукни кредитно-деривативниот балон тогаш добри се шансите пак да порасне физичкото злато поради нормално откривањето на разликата меѓу фјучерси и злато. и сваќањето дека злато не се тргува на ливереџ.... т.е невозможно е оти има ограничена и конечна количина... моментално со фјучерси се тргува 1 годишно производство за неколку дена
Ако пукант некои од другите балони тогаш добри се шансите златото да падни и тогаш му е мајката одење во Истанбул за да добиеш фер цени со фер премиии.

Можни ризици за Македонија:
1. Не би сакал да поседувам резидентална недвижнина(станови, куќи) - не викам дека нема шанси да пораснат, чисто ме плаши фактот што е многу популарна форма на штедње за средниот македонец.
2. Евентоален пропаст на банките низ европа може да доведе до одредени ризици по македонските банки, кои инаку за разлика од светските норми се доста конзервативни и стабилни. Прашање е колку ќе бидат безбедни депозитите после една масовна европска банкарска паника...(инаку во тек е паниката на депозити во Ирска, португалија итн)
Предност во Македонија:
1. Земјоделско земјиште
2. Злато и останти бл. метали
3. Стока

Не знам за берзата, ама не верувам дека има многу надолен потенцијал (веќе е премногу падната) -посебно незадолжени претпријатија..
 
Има еден проблем фми нашава влада исто така принта пари :) Џабе ќе штедиш кога нема да ти вредат освен ако не ги инвестираш во храна, семиња , скапоцени метали и некаква опрема
Грешка си...не се принтаат нови пари.
А за другото...далеку сме од банкрот, и уште подалеку од Армагедон.
Не само ние...и оние набројаните во првиот пост.
 
Најдобра антикризна мерка (индивидуална) според мене е штедење. Ќе се ограничите малку и тоа е тоа. Па има и побитни работи од нов компјутер, мобилен или не мора па да ја носите најновата мода.
А ова за Кина... како мислите она ќе пукне, како ќе влезе во криза? Па нели цело време читаме Кина економија +100%, секоја година се подобра и подобра, Кина извезувала многу, Кина ефтина работна рака, Кина ова, Кина она... Како сеа одеднаш читам од вас, ќе западнела во криза? А земјите со многу ресурси и природни богатсва нема да влезат во криза (Русија и нафташите од Блиски Исток).
Инаку кинеската приказна останува да видиме како ќе заврши... Неколку варијанти
1. Хиперинфлација -малу веројатно многу ризично моментално
2. Јуан ревалваицја, следствена дефлација, кризичка ама и масновно подобрување на страндардот на живот - раѓање на нова империја и нова имепријална превара Кинески Јуан наместо Американски Долар.
3. Предимензиониран капацитет и по светски размери (ова е пеколно секако... значи болна дефлација и години во стагнација)
4. Сосема е јасно дека како и Австралија, Америка, ВБ и сл. и Кина има ОГРОМЕН балон во недвижнини.
 
Кризите и нивните дејства метафорично се поврзуваат со земјотресите. Првиот удар е најсилен а потоа има уште неколку послаби удари. Така било во минатото така мислам дека ќе биде и со оваа криза на која сметам и дојде крајот. Можни се турбуленции со валутите и мислам дека тоа и се случува, но најлошото помина. Иначе и во добри услови како од 2002 до 2008 имаше растови и падови и на валути и на берзански индекси тоа е нормално за развиен капиталистички свет. Монетарниот системот е таков каков што е но сепак финкционира не би сакал во оваа дискусија да објаснуваме дали има или нема подобар систем. За да има понатамошен пад на валутите треба да се "штампаат пари" ноа навистина се случи со пакетите на буш доларот падна па пак се крена малку итн. За еврото мислам дека ќе му падне вредноста во периодот што доаѓа но нема ништо драматаично да се случи и онака и увозот и извозот на мкд 95% е со земји од ЕУ или ЕЕА(ЕУ+ЕФТА) или земји што сакаат да бидат дел од ЕУ па се врзани за еврото како земјите од Југоисточна европа ЦЕФТА-2006 така да и да падне и да не падне еврото цените ќе ни бидат горе долу исти. Е сеа се се врти околу нафтата или е од Русија или од Американските нафтени компании на Блискиот исток ако има пораст на цената на нафтата ќе има и пораст на сите производи а тоа е инфлација. Можна е умерена инфлација која ако е над 7/8% ѓи обезвреднува валутите, очекувам и пораст на цената храната која исто така може да создаде немири во најсиромашните земји од Африка. Инфлацијата е тенденција на општ пораст на цените, тоа значи дека ѓи подлажнува прозиводителите да произведат повеќе сметајќи дека ќе продадат по повисока цена, итн итн... Инфлацијата е ниска моментално секаде е сега факт е дека колку сака нека има притисок од побарувачката на храна и нафта доколку нема печатење на пари порастот на нивната цена ќе биде минимален.
 
Буџет не се полни само од даноци и казни врз населението. Секако дека претставува битен дел од приходот во буџетот, ама ако остане само на тоа, свршивме работа...
 
Грешка си...не се принтаат нови пари.
А за другото...далеку сме од банкрот, и уште подалеку од Армагедон.
Не само ние...и оние набројаните во првиот пост.

http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_ST_4_Paricna_masa_2010_mak.xls

:pos2::pos2:

Не само што се штанцаат на големо него има бајаги и од другите финансиски категории “превара со потпис“...и акробациите од типот “повлечи пари од отпег“ или “пушти пари во оптег“...

Паричната маса е зголемена три пати од 1997 до денес...но тоа не е инфлација, тоа е монетарна икономија а најважно од се е...

Да си ја сакаме државата...
 
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_ST_4_Paricna_masa_2010_mak.xls

:pos2::pos2:

Не само што се штанцаат на големо него има бајаги и од другите финансиски категории “превара со потпис“...и акробациите од типот “повлечи пари од отпег“ или “пушти пари во оптег“...

Паричната маса е зголемена три пати од 1997 до денес...но тоа не е инфлација, тоа е монетарна икономија а најважно од се е...

Да си ја сакаме државата...
m2.JPG
Рака на срце и не сме баш големи штампачи кога ќе го видиш графикот...

За споредба еве ра речиме САД :vozbud::vozbud::vozbud: Или
ЕУ На пример
Euro_money_supply_Sept_1998_-_Oct_2007.jpg

Не дека не сакаат да штампаат ама во мала економија тешко е да се печати без да се јави одма инфлацијата...



Update:А да баш кога ги видов графициве ми текна: подобро денари од евра!
 
Факти :Земјите со кои имаме најголема трговска размена се во еврозоната. Факт е дека еврото иде во тоалет и дека земјите страдаат поради тоа. Исто така цела европа иде во се подлабока рецесија поради долговите кои ги имаат државите кои се огромни.

Факт е дека кина, канада и австралија се следните “да пукнат“ и влезат во рецесија.

Македонија :
Факт е дека повеќе од 10 посто од кредитите се деликвенти
Факт е дека владата е банкрот и крати каде може ( социјална помош, субвенции итн)

Што ќе правиме? Индивидуално но и колективно?

Како да се изолираме од овој Армагедон кој доаѓа ?
Србија (како најголем трговски партнер), Русија, Турција, Хрватска не се дел од еврозоната. А за Кина сум сигурен дека нема да влезе во рецесија. За социјалната помош веќе го кажав своето мислење на друга тема (едно е банкрот друго е спроведување на правдата-што според сите твои мислења (од Велија, луѓето на бит пазар кои продавале петарди, па се до кинењето на социјалната помош од лица кои имале други приходи) можам да заклучам дека ти смета истото и уживаш во безредие) и факт е дека најлошото за Македонија помина.
Што да правиме? Индивидуално но и колективно сите да си бараме фискална дури и за мастики, да се штеди во денари и да се пријавуваат лица кои работат на црно и не се осигурани...а за другото, има луѓе кои се платени да мислат:smir:



 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom