Истражувачи од Британија ја отфрлија теоријата дека неандерталците немале убаво лице само заради адаптација за живот во услови на студ, со што се покренаа нови прашања за тоа во каква животната средина живееле и зошто воопшто изумреле.
Карактеристичните широки чела и големи носови на неандерталците не им помагале да живеат во услови на студенило, кое што ја зафатило Европа за време на ледено доба, тврдат сега научниците од Универзитетот Роехамптон во Лондон.
150 години истражувачите објаснуваа дека разликите во изгледот на лицето меѓу неандерталците и човекот се должат и на адаптацијата, при што кај првите биле развиени поголеми синуси што им помагале да го загреваат воздухот што го вдишуваат.
Со помош на 3Д скенери и рентген снимки британските експерти откриваат дека неандерталците воопшто немале поголеми синуси од човекот, што значи дека тие воопшто не еволуирале за живот во ладни предели, туку биле поподготвени за живот во места со потопла клима.
“Неандерталците се развиле во многу потопли предели пред да се преселат во Европа а потоа се преместиле во јужните делови за да ги избегнат глечерите,“ изјавил д-р. Тод Раи, раководител на англискиот истражувачки тим.
Извор
Колку повеќе истражуваме толку повеќе отркиваме дека до сега ништо не сме знаеле