Животните приказни многу често се инспирација за креирање на филмови според таа приказна. Се работи за многу тешка категорија, каде што секогаш ќе се најде некој филм кој ќе биде изоставен, иако можеби заслужува и тој да биде споменат.
A Beautiful Mind (2001)
Приказна за еден брилијантен математичар, кој ќе прифати работи како декриптичар за државата, нешто што ќе го направи неговиот живот вистински кошмар. Филмот е работен за еден брилијантен математичар со име Џон Неш, кој иако покрај личните здравствени проблем, со 84 години, сè уште помага на студентите во универзитетот во кој го поминал целиот својт живот.
City of God (2002)
Две момчиња кои растат во насилно предградие на Рио Де Жанеиро, со текот на времето бираат различни патишта во нивниот живот. Едниот станува фотограф, а другиот дилер на дрога. Се работи за вистинска приказна за еден млад фотограф, кој ќе ги „улови“ со својата камера битките помеѓу бандите во Рио.
Goodfellas (1990)
Животна приказна за едно момче како се искачува на скалилата на мафијашката хиерархија од неговиот град, сè додека не дојде до сериозни проблеми. Приказната е по животот на познатиот млад мафијаш од Њујорк, Хенри Хил и неговите соработници во мафијата, од 60те па до 80те години од минатиот век.
Into the Wild (2007)
Приказна за еден млад човек кој ќе се откаже од сета материјална сопственост која ја има и од животот кој го имал пред тоа, за да започне пат низ Северна Америка до Аљаска, каде што сака да живее во дивиот свет, подалеку од големите градови. Се работи за вистинска животна приказна на Кристофер Мекандлес, кој овој пат го правел во раните 80-ти години.
The Pianist (2002)
Филм за еден полски евреин, пијанист, кој се обидува да преживее за време на Втората светска војна, и окупацијата на неговота земја од страна на нацистичка Германија. Вистинска приказна за композиторот Владислав Шпилман од Варшава.