Сакам да вида чл. 23 от договорот от Берлинскиот конгрес!
Членот 23 од Берлинскиот договор:
"Високата порта се обврзува на островот Крит грижливо да го применува Органскиот статут од 1868 година, внесувајќи промени што би биле оценети како оправдани. Аналогни статути приспособени кон месните потреби, освен што се однесува до ослободувањето од даноци што му е одобрено на Крит, ќе бидат еднакво воведени во другите делови на Европска Турција, за што во овој Договор, не е предвидено посебно уредување. Високата порта ќе задолжи специјални комисии, во кои месниот елемент ќе биде широко застапен, за да ги разработат деталите на новите статути за секоја провинција. Проектите за организација што ќе произлезат од работата на комисиите ќе се дадат на разгледување на Високата Порта, која, пред да ги донесе актите, ќе го побара мислењето на Европската комисија формирана за Источна Румелија".
Источна Румелија- МАКЕДОНИЈА- така наречена од Отоманите.
Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период - вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.
Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција.
Клучниот член предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската.
Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на императорската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками.
Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.
Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својотнационален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.
--- надополнето ---
По Берлинскиот конгрес, поради зголемениот терор и постојаните апсења, емигрирањето од Македонија станало зачестена појава. Својата политичка и револуционерна активност некои од емигрантите ја продолжиле во странство, главно во Бугарија, Србија и Грција. Така, група Македонци во Белград, уште за време на Берлинскиот конгрес, на чело со Коста Шуменковиќ, барале од Одборот на Стара Србија и Македонија, што го раководел архимандритот Сава, да интервенира кај големите сили Македонија да добие автономија со гувернер - христијанин, тврдејќи дека Македонците се посебен словенски народ на Балканот. Во молбата на групата Македонци, покрај другото, стоело: "Во овој час, кога се решава судбината на народите на Балканскиот Полуостров, слушаме како Грците работат против соединувањето, на браќата Срби со Македонците, кои се најстари на Балканскиот Полуостров.
Македонците долго живееле заедно со Србите во државна заедница, а под цар Самоил биле самостојни - ги претставуваат за Грци".
Во молбата тие предлагаат: "Ако, пак, денешните околности не дозволуваат нашата татковина да се соедини во една држава со другите наши браќа, те молиме на Конгресот да ја претставиш нашата желба и топла молба на нашата земја да с се даде автономна управа со христијанин - губернатор, за да нема неправда над народностите".
На 23 ноември 1878 година Кузман Баџовиќ му пишувал на Натанаил Охридски: жКакво чух да сте приели Богом благословено и народно избавително дело ја у тој мах оставих службата ми и пријах народното свето претпријатие. На брзо распратих посланија по све ослободени краеви српских и внезапно добих с брзојавом известија: у ком варошу да се скупљамо и новац приложимо. Али какво чух втори горко отровни гласови у пола мртвих се. Ја па и цело мое друштво и тогава кроз слзи рекох: 0 судбино Божја зар оште не се раскидају ланци петсто годишни, које тиште нашег народа! Зар оште клетва Адамова на македонском народу!... А Македонци окусише дух слободе зато е сваки решен умрети за чест златну слободу него живети у ропству азијатско тиранство!ж...
На 8 јуни идната година (1879) Ѓорѓи Пулевски му пишуваше на братот на Кузман Баџовиќ, Деспот Баџовиќ: "Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дојде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не само азет, тук всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода, или смрт - трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот... Неколку дена напред дјаду владиката Натанаил ми даде едну твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, ка искаш доброволци и ветиш 1.000-2.000 доброволци. То јет убао и преубао. Ама аз ќе ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо.
Тук Булгарите се подиграваат сос нас и вртат вода на своја воденица заедно со црнокапецот Натанаил, којшто е Македонец, ама поќе тегни на блгарско..". Уште предавства
--- надополнето ---
И македонската емиграција во Грција, уште за времето на Босанскохерцеговското востание, се определила за општобалканско востание. Во почетокот на 1876 година во Атина е формиран Воен комитет за ослободување на христијаните во Турската империја. Негов раководител станал Леонид Вулгарис, Македонец од источна Македонија. Тој со своите истомисленици, главно членови на македонската печалбарска емиграција во Атина, организирал повеќе акции во Македонија. Нешто подоцна, Вулгарис го формирал Грчко-словенскиот комитет, чија цел била преку востание да се избори за автономија на Македонија.
Во април 1880 година, кај местото Гремен (Острово), се сретнале четите на поп Костадин Бувски и на Леонид Вулгарис. Разгледувајќи ја ситуацијата во Македонија, двајцата војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско иго најголема вина носат Грците, Бугарија и Србија. Според нивното мислење, "иднината на Македонија лежи во создавањето на самостојна македонска држава"
Војводите заклучиле дека разнородноста на населението во Македонија е главна причина што не може да се постигне единствено мислење за кревање востание. Самообединувањето на народностите во Македонија може да доведе до општа и успешна борба против Османлиите.
На нивна иницијатива, од 1 мај до 2 јуни 1880 година, пак во Гремен, се собрале 32 делегата, претставници на македонскиот, влашкиот, српскиот и албанскиот народ (не биле повикани претставници на Турците). Ова Национално собрание, разгледувајќи ја платформата на Вулгарис и Бувски, донело заклучоци за мерките како да се постигне "националната цел на Македонците". Тие, меѓу другото, најпрвин констатирале дека Македонија, која со векови страда од турскиот систем, нема начин по мирен пат да се ослободи од ропството, дека соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонија со своите верско-национални пропаганди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење, дека покренувањето на актуелните причини е единствен начин Македонија да се ослободи од турското ропство.
Согледувајќи ја ситуацијата, Националното собрание констатирало дека турската власт не ги спроведува програмите на големите сили на Берлинскиот конгрес. Затоа, Националното собрание решило да с се стави на знаење на Високата порта дека македонскиот народ бара побрза примена на членот 23 од Договорот во Берлин Собранието да се обрати до сите претставници на големите сили во Македонија, потписнички на Договорот, со молба да се заземат кај Портата за примена на членот 23 од Берлинскиот договор. Ако се случи се да остане по старо, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје под паролата "Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!". Националното собрание притоа во своите редови избрало Привремена влада на Македонија наречена "Единство".
На 21 мај 1880 година, Привремената влада на Македонија - "Единство" до генералниот серуски конзул во Солун, Н. Улјанов, испратила Протоколарно решение, во кое, покрај другите констатации, му го пренесува и мислењето дека на "меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставана сирак", дека "единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош", како и тоа дека, доколку Високата порта не стори ништо, "Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата:
Македонија на Македонците, за Македонија, за воспоставување на древна Македонија!".